Соросоидите со повеќе пари од Владата!

Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
СО БУЏЕТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, МИЛЧИН Е ГЛАВНА ЛОГИСТИКА НА СДСМ

Соросоидите со повеќе пари, и посилни и од владата!
Сорос - Институтот отворено општество Македонија, кое го води долгогодишниот член на претседателството на СДСМ Владимир Милчин, презема неколку партиско-политички акции во полза на СДСМ - како акциите Доста е, или Ти си Македонија. Истите политички активности, како по правило околу избори, се финансирани од странски пари, што е спротивно на законот. Логистиката на СДСМ, вработените во Сорос Институтот отворено општество, се исклучително добро платени за сето тоа. Просечна плата во Сорос Институтот, во 2008 година, била 1.000 евра! Во ова не се пресметани разни хонорари од постоечки, или виртуелни проекти. Тоа е најголема просечна плата во Македонија, воопшто

Според сопствено кажување, огранокот на познатиот светски финансиски шпекулант Џорџ Сорос - Фондацијата Институт отворено општество од Скопје, е основана во 1992 година како претставништво на странско лице. Фондацијата е дел од мрежа од неколку вакви фондации, инсталирани во земјите на источна, посткомунистичка Европа.
Прв човек на Сорос Институтот, и ден-денес, е Владимир Милчин, театарски режисер и долгогодишен член на претседателството на СДСМ. Од првиот ден, до ден дена, СОРОС Институтот има приходи кои одат до 5 милиони евра годишно, како и во ланската 2008 година, и тие пари ги троши на акции, проекти и донации по свое видување и заклучок. Од првиот ден, до ден-денес, како заради партиската функција на првиот човек на Институтот, Владимир Милчин, така и заради начинот каде и кој ги троши парите, Сорос Институтот бил финансиска логистика на една партија, на СДСМ. Овие пари кои Сорос Институтот отворено општество ги троши за цели и политика на СДСМ службено никаде не се книжат како пари за партиска и политичка намена. Со тоа СДСМ секогаш може да покаже дека потрошил помалку отколку што реално чини неговата партиска и политичка активност. Во тие партиско, политички активности кои, како по правило, се случуваат околу избори се паметат две поголеми како акцијата Доста е, пред изборите во 2002 година, и акцијата Ти си Македонија пред овие избори во 2009 година. Освен овие секако има и десетина други, ад-хок или постојани политички акции во полза на партијата на Милчин.
Бидејќи со 5 милиони евра (310 милиони денари) годишно Сорос Институтот е убедливо најголем извор на приходи во државава од кои можат да се добијат пари за проекти, издавачка дејност, истражувања... СДСМ го врзува и уценува најквалитетниот кадар во земјава кој, за да добие пари од Сорос за проект, книга, концерт, научно истражување, мора да се прилагоди на неговите политички критериуми.
За споредба, Министерството за култура, кое сервисира цела држава со пари за творештво: музички настапи, изложби, театарски проекти, издавачки дејности, истражувања... има државен буџет од 490 милиони денари (7,9 милиони евра). Од овие пари се финансираат целокупни дејности и во земјата, но и во странство! Плус, од овие пари, Министерството издвојува близу 10 милиони денари за поттик на невладиниот сектор. Со прост увид во обемот на поддршка (Сорос Институтот не покрива ни 20 проценти активности кои се во програмата на министерството), и износот на пари за трошење, Сорос Институтот отворено општество има дупло повеќе пари за трошење на проекти отколку државата. Освен тоа, парите ги дели по сопствен критериум, кој не е јавно познат, ниту подложен на жалба и судска постапка, каков што е случај со државните пари.
Сорос Институтот отворено општество, на полето на кое делува, е посилен и од државата. Парите ги дели за партиски потреби на СДСМ, и во своите органи на управување има исклучиво луѓе кои се дел од СДСМ, или се негова логистика во медиумите, и сестрински невладини органзиции кои примаат пари од Сорос Институтот за својата работа.
Уште по своето основање во 1992 година, Сорос Институтот отворено општество од свои пари, за што се потрошени околу 5 милиони долари, купи комплетна техника и логистика за основање и работа на А1 Телевизија. Телевизијата, со години, ја водеше Гордана Стошиќ, личен пријател на Бранко Црвенковски, и функционер во Сорос Институтот. Од самиот почеток, па понатаму, А1 телевизија е во функција на потребите на Сорос и СДСМ. Преку Стошиќ и Сорос, Велија Рамковски го доби и скандалозниот кредит од два милиони долари, кој наместо за техника го потроши за купување пилешки батаци од Турција. Дури после шест години судења Велија Рамковски беше приморан да почне да го враќа долгот кон американската фондација.
Сорос Институтот за потреби на СДСМ го формираше и дневниот весник Дневник. Четворица новинари од Нова Македонија, на чело со Бранко Геровски добија 100.000 евра грант и позајмица од 100.000 долари за хартија и слични потреби, која не се врати во пари туку, во најголем дел, со рекламен простор. Помошта за весникот продолжи и подоцна, со дополнителни акции и средства.
Отсекогаш членови на управен одбор на Сорос Институтот се новинари од медиумите блиски на СДСМ. Денес е тоа новинарката на Утрински весник, Гордана Дувњак. Корисници на пари од Сорос се новинари блиски до СДСМ или функционери на СДСМ како Сашо Орданоски со Транспарентност, Ѓунер Исмаил со Форум и т.н. вакви примери има на десетици. Нивните соопштенија, огласи и објави се емитуваат и печатат само во медиумите блиски на СДСМ. Ниту денар не смее да отиде на страна. Вон интересите на партијата.
СДСМ и Сорос институтот отворено општество имаат најмалку две историски вини, одговорност која не може да им се заборави. Прво, со партизацијата на невладиниот сектор не дозволија создавање вистински, автентичен невладин сектор кој ќе се бори за цивилно општетво и со натпревар на идеи и проекти помеѓу себе, и со институциите. И, второ, со милионски износи Сорос институтот и СДСМ задушија пазарна конкуренција помеѓу медиумите, создавајќи со странските, Соросови пари, надуени, финансиски моќни партиски медиуми кои своите компаративни предности не ги градеа на квалитет, туку на милиони долари кои Сорос ги пумпаше во нив. А тие работеа за него и СДСМ.
Од сите наведени, како и ненаведени причини кои се јавно познати, Сорос Инстититот, неговите функционери, медиумите со кои неформално управува... се доживуваат како тврд партиски експонент на СДСМ.
Минатата година Сорос Институтот имал обрт од 310.000.000 денари (5 милиони евра) и заработка од камати и курсни разлики во износ од 2.990.332 денари (близу 50.000 евра) иако невладина фондација нема основ за заработки од камати.
Во 2007 година Сорос Институтот потрошил 5,5 а во 2008 5 милиони евра. Притоа, во 2007 имале 77 вработени и фонд за плати од 40 милиони денари. Во 2008 година отпуштале од работа, и исфрлиле на улица околу 30 проценти од вработените. По ова, во 2008 година имале 51 вработен, но речиси ист фонд за плати - од 38 милиони денари. Просечна плата во Сорос Институтот Отворено општество, според нивниот извештај, е 1.000 евра! Тоа е најголема просечна плата во државава. Поголема од било која просечна плата во банки, компании или институции... Дали некој се уште верува дека СДСМ е кутра, сиромашна опозиција.
(ДПЛ)

...напис од денешен Вечер
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Соросоидите со нивните плати од 1000 евра се само “просјаци“ во однос на платите кој ги земаат одредени доктори по некои од клиниките во Македонија и кој изнесуваат до 10 000 евра,само ова нема да го најдеш во Вечер,зошто не оди во прилог на владата и нејзините газолижачи:

Сменското работење, како што неофицијално дознаваме од Министерството за здравство, се воведува за да се ограничи и да се воведе поголем ред во дополнителната дејност, на што уште во почетокот се жалеа пациентите. Некои хирурзи се правдале дека немаат време да ги оперираат во редовната програма, при што им биле покажувани списоци со закажани операции за следните два месеца, а уште следниот ден им нуделе да ги оперираат во дополнителна дејност, за која болниот мора приватно да ја плати услугата. Откако почна да работат дополнително, има лекари што заработуваа и по 10.000 евра месечно од оваа дејност.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42ABC3B3888C7E49B317B819E39FEF00
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Zarem nekoj mu dava tolkavi pari na ova plasilovo.Svetov zaminal u p m. Pa jas nemu bi mu dal samo govna da jade.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Соросоидите со нивните плати од 1000 евра се само “просјаци“ во однос на платите кој ги земаат одредени доктори по некои од клиниките во Македонија и кој изнесуваат до 10 000 евра,само ова нема да го најдеш во Вечер,зошто не оди во прилог на владата и нејзините газолижачи:

Сменското работење, како што неофицијално дознаваме од Министерството за здравство, се воведува за да се ограничи и да се воведе поголем ред во дополнителната дејност, на што уште во почетокот се жалеа пациентите. Некои хирурзи се правдале дека немаат време да ги оперираат во редовната програма, при што им биле покажувани списоци со закажани операции за следните два месеца, а уште следниот ден им нуделе да ги оперираат во дополнителна дејност, за која болниот мора приватно да ја плати услугата. Откако почна да работат дополнително, има лекари што заработуваа и по 10.000 евра месечно од оваа дејност.
Бинго!

Видиш како делуваат 5-те милиончичи? Ти текнува?

Е сега...каде е штосот?

,,Случајно,, заборавија да пишат дека по донесениот закон од страна на оваа Влада која им ја укина дополнителната дејност т.е. или државно или приватно!...Уставниот суд под диригентската палка на pontefix maximus ја укина оваа одредба со што повторно им ја врати старата можност на докториве попладне да те препраќаат кај нив на приватно...капиши? Ете како на докториве повторно им се зголемуваат контата, по чие дејание...прашање е сега?

Судијава да може попладне да биде адвокат...која мизерија?
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
5 милиона...кај можеш со овие бре?

предлог..СОРОС МИНИСТЕРСТВО
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
За темава имам измешани мисли и ставови.

Прво: Да си соросоид во Македонија за мене е синоним за најбедно однародено лигаво однесување кон својот сопствен етникум.
Во овој момент мислам дека поодвратни ми се соросоидите отколку мафиозите-мрзливци на рошавиот (иако тоа се приблишно иста групација на луѓе).

Второ: Вечер напишале напис како од времето на најтемниот комунизам - портрет за отстрел. Тоа што ми смета во написот на Вечер не се фактите за соросоидите туку целокупниот стил во написот и обидите да ми „суфлираат“ како да го градам ставот кон соросоидите. Не ми е потребен Латас за да го градам ставот кон одвратниците од Сорос.

Трето: Порака до ВМРО-ДПМНЕ и до Груевски кој ептен го ценам: За да останете со високо ценење меѓу народот, не се базирајте на чмаролизачките написи на Латас туку РАБОТЕТЕ и покажувајте резултати од вашата ребота. Базирањето на вашиот политички опстанок на написите на Латас е како на еден спортист да му давате допинг со стероиди. Наместо со негова самопрегорна работа, стероидите ќе му дадат лажен впечаток на спортистот дека е силен и постигнува резултати, ама после некое време ќе заболи од рак и ќе умре.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
5 милиона...кај можеш со овие бре?

предлог..СОРОС МИНИСТЕРСТВО

Сега се интензивирани “проектите“, за споредба буџетот на Сорос од 2001 година:

“Институтот Отворено општество Македонија е една од попознатите фондации кои делуваат во Македонија. Својата работа ја започна пред цела деценија, во 1992 година, како претставништво на странска фондација во Македонија, а од октомври 1999 година е регистрирана како домашно правно лице, согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија. За работата и најновите програми на Институтот Отворено општество Македонија разговаравме со директорот на оваа фондација, г. Владимир Милчин.
Годинава, како што не информираше тој, буџетот на Фондацијата изнесува околу седум милиони долари, а се очекува оваа сума да се зголеми.
Најголем дел од тоа е донација на г. Џорџ Сорос, но во финансирањето учествуваат и други партнери.“
http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=6E3E08993DF7944295CBF5E29F26DA22

P.S. За да нема забелешки кон Вечер како извор, ете и самиот Милчин потврдува.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Зарем уште функционираат тие? Јас мислев дека се сведени на канцеларија со еден или двајца?!?!
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Отприлика цената на соросоидната помија е колку опашката на Букефал. Тоа ви е многу за да ги победите?
Позади твојот user name се крие тешка импотенција, а богами и блага мозочна недоразвиеност.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Џабе им се парите!!!
Сега постои непречена конкурентна мисла. Каде што ќе шијат тие, таа независна мисла ќе пара.
Не е како во соц. реализмот и во раните денови од нашето осамостојување. Денес не се гонат неистомислениците, но и да ги гонат само ќе ја зголемат ефикасноста на нивните идеи.

Што тоа ќе им понудат на населението?
Ќе ги плашат со војни ли?
Ќе ги плашат со безработица и сиромаштија ли?
Ќе ги плашат со пропаѓање на државата ли?
Ќе ги провоцираат да плачат експлоатација ли?

Што и да прават, освен постоечкото одржување на дефетизмот и апатијата нема да им успее, но и ова веќе им станува се` потешко да го одржуваат.

Џабе им се парите. Ќе успеат кај оние кои и така се веќе индоктринирани и им нема спас бидејки не го бараат. Исто така, ќе прават глупости за ослабување на нашите позиции во врска со името. Секое општество има конформисти (да не ги именувам со други зборови) кои и мајка ќе продадат само ним да им е добро.
Очекувајте уште поизразена поделба (вештачка) во општеството. Поделбата е на црвената буржоазија и нивните слуги наспроти другите. Тоа лесно ќе го забележете. Тие што постојано плачат дека не им чини и тие што ги подржуваат палчковците се тие на кои треба да се обрне внимание.
Немојте да трпите критики на нашето општество без идеи или предлози како да се решат проблемите. Секое општество има проблеми. Тие што критикуваат имаат и решенија, та затоа критикуваат. Тие кои критикуваат без да имаат решенија агитираат!!!
Жално, но вистинито!!!

Поздрав:helou:
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Што е сега, немаш други аргументи па ги браниш Соросовци со лични навреди врз мене?
Не ги бранам СОРОС-мафија. Тоа е збиралиште на секакви мекотели што за 50 евра и мајката ќе си ја продадат, а камоли државата. Според мене тоа треба да се стрела, али ај тоа е друг муабет.

Онака сабајлечки, не можев да одолеам на твојот user name и да не пуштам една провокација, колку да ми тргне денот со смеење.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тие што критикуваат имаат и решенија, та затоа критикуваат. Тие кои критикуваат без да имаат решенија агитираат!!!
Жално, но вистинито!!!
Се согласувам, со напомена дека предавството неможе да биде решение.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom