Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Ако се сомневавте за чии интереси работат СОРОСОИДИТЕ во Македонија, ако ја потценувавте важноста на Грција за западот...и ако наивно верувавте во демократијата еднаквоста и вистината....
СОРОС НУДИ СПАС ЗА ГРЦИЈА
Во интервју за Ројтерс, милијардерот Џорџ Сорос признава оти размислувал да го откупи грчкиот долг. Тој е уверен дека Грција ќе закрепне од кризата и ја исклучува можноста од нејзино исфрлање од евро зоната.
Сорос им порачува на грчките власти дека е рано да трошат милијарди евра на стимулативни пакети, предупредувајќи ги оти на тој начин ризикуваат да паднат во двојно подлабок долг.
Загриженоста на Европејците за способноста на Грција да го намали буџетскиот дефицит ги засили сомнежите во можностите на земјата да се справи со економската криза. Дури и се покренало прашање за можноста од исклучување на Грција од евро зоната.
"Всушност, јас размислував за тоа да го купам долгот на Грција. Мислам дека тие ќе направат сè што е потребно, бидејќи не смeaт да си дозволат да пропаднат. Поради тоа што има многу привилегии за користење на кредити од европската Централна банка, Грција ќе го прави тоа што треба да го прави," изјавил Сорос.
Грчкиот план за стабилност предвидува буџетскиот дефицит оваа година да се намали на 8,7 проценти од бруто домашниот производ. Минатата година тој изнесуваше 12,7%.
До 2012-та Грците планираат дефицитот да го симнат на 2,8 проценти, што е во границите на правилата пропишани од ЕУ. Експертите сметаат дека планот не е реален, бидејќи протестите во Грција се честа форма на негодување со реформите.
"Мислам дека Грција ќе ги исполни условите на Централната банка за да остане во евро зоната. Уверен сум оти Грците ќе се извлечат и покрај сигурните притисоци од Унијата во иднина. Условите се такви што тие немаат некоја алтернатива во моментов," заклучува Сорос.