СДСМ агент на Соросовата, британско-грчка агенда

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Македонија на распетие

Република Македонија и македонскиот народ по седумнаесет години постоење во своја независна држава е на распетие, што и` се заканува по нејзиниот идентитет, име и натамошно опстојување. Логично е да се запрашаме зошто, што тргна толку наопаку во овие години на независност?

Пишува: Емилија ГЕЛЕВА



Всушност, тргна добро, но откако по првите парламентарни избори во 1990 г. со помош на трикови “државотворната” СДСМ ì ја грабна власта на ВМРО-ДПМНЕ, ни се случи “преумната” СДСМ-овска политика на кукавичко, дефанзивно и неспособно водење на државата до работ на амбис.
Најголем политички успех на Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ во сенка, е што си стана претседател на државата, со мотото “по мене потоп”. Поточно, сè зад него е прав и пепел: уништена партија, речиси исчезната Македонија. И добро е што самиот си е единствен наследник за лидер на СДСМ зашто само така може да бидеме сигурни дека конечно и засекогаш Македонците ќе се спасат од една партија на празноглавци кои со оскудни знаења, дилетантизам, фолиранство и улично мангупство ја доведоа земјата во најголема можна опасност за нејзиното опстојување. Одлично е што Црвенковски се враќа за лидер на СДСМ зашто само тоа е гаранција дека на наредните избори СДСМ ќе се сведе на партија слична на ЛДП.

ФУЕРЕ ГИ ОБЛИКУВА ИЗЈАВИТЕ НА ЦРВЕНКОВСКИ

Црвенковски и СДСМ прават сè својот кукавичлак да им го наметнат како возвишен параметар на однесување на Македонците. Каква политика водеа и што, всушност, правеа нашите државотворци во изминатите осумнаесет години? Сега се гледа дека тоа биле “ситни душички” кои немале поим како да ја водат државата. И што е најинтересно, тој сојуз на домашни кукавици и надворешни агенти настојува и натаму да опстојува.
Во оваа смисла и европретставникот Ерван Фуере по илјадити пат ни дели лекции да не сме барале оправдување надвор за недобивање датум за ЕУ, а всушност не сме ги исполниле зададените домашни задачи, оти нивните бриселски принципи биле свети.
Па добро, навистина ли нè сметате за ретардирани г. Фуере? За какви принципи, какви си “бенчмаркери” говорите кога во ЕУ имате најмалку една земја која не почитува никакви малцински права и други земји кои станаа членки на ЕУ без никакви критериуми! И вие сакате да нè убедите дека Владата не работела добро оти изборите не биле демократски и брзо се донесувале закони? Барем еднаш бидете прецизен г. Фуере и кажете точно кој во државата правеше нереди на изборите или го блокираше во недоглед парламентот. И до кога мислите дека сите во Македонија треба да бидат заложници на албанските политички партии или на СДСМ?
Ерван Фуере (не му е првпат), всушност само ì даде обланда на изјавата на Црвенковски дека премиерот Никола Груевски однапред создавал клима дека нема да добиеме датум за ЕУ и за тоа ја обвинувал Грција, наместо да се сврти кон дома.

ЗА 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГО СМЕНИЈА УСТАВОТ

Но, еве, да го послушаме г. Фуере дека проблемот е внатре и да видиме зошто во изминатите осумнаесет години Македонија, и покрај успешниот Црвенковски, не само што е неуспешна приказна туку е на добар пат да биде дефинитивно разнебитена!
Познато е дека на почетокот на јануари 1992 г. арбитражната комисија на Бадентер оцени дека само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за признавање од страна на ЕУ. Но, на 15 јануари во Луксембург, ЕУ ги призна Словенија и Хрватска, наместо заслужната Македонија поради ветото на Грција. Што, всушност, се случи за да дојде до таква драстична промена на ставот во ЕУ за само неколку дена и дали Грција имаше толкава моќ врз сите членки? Се разбира, не.
По референдумот за независност од 8 септември 1991г. на сцената во Македонија се појави Џорџ Сорос, а тогашниот СДСМ и претседателот Киро Глигоров широко му ги отворија вратите. Во јануари 1992 г., наместо европско признавање, “спасителот” на Македонија, Џорџ Сорос, типично цинички во Скопје ì нудеше цели 25 милиони долари кредит како помош. Опозицијата со Љубчо Георгиевски се противеше на таквата помош, но државотворниот СДСМ за 25 милиони долари и на барање и јавна препорака на Сорос го променија знамето, се откажаа од македонското малцинство, го сменија Уставот и во 1995 г. се согласија да почнат преговори со Грција за името. Сорос, кој секогаш беше во земјава во важните моменти, уште тогаш предлагаше да си го смениме името во “Славо-Македонија”. За Сорос, Македонија отсекогаш била вештачки создадена, без историја и вистинска култура. Да не заборавиме дека во 1995 г. Сорос се залагаше за сосема идентична агенда за Албанците како онаа на ОНА од 2001 г. Црвенковски, всушност, и влезе во коалиционата влада на Георгиевски за да ја исполни агендата на Сорос за “отворено општество” со што Македонците се откажаа од својата држава. Инаку, сеприсутниот Сорос на крајот на 1991 г. незаконски, само со амин на власта на СДСМ, го создаде т.н. Институт отворено општество, што стана идеолошки нервен центар на власта на Глигоров и на СДСМ.
ПОЛИТИЧКАТА УЛОГА НА ЏОРЏ СОРОС

Јавна тајна во светот е дека Џорџ Сорос како агент на британската империјална политика е насекаде каде што треба да дојде до наметнување на нивниот нов светски поредок. Неговите пипци ќе ги најдете во нарко-картелите во Јужна Америка, источноевропските земји, на Азискиот континент, во сите кадифени, портокалови, розови и така натака револуции во банана-државичките околу Русија, како што е случај и со последниот напад на Грузија врз Јужна Осетија. Со почетокот на југословенските војни, Сорос пумпаше милиони долари во регионот, па така и во Хрватска беа дадени 15 милиони долари. Но, хрватскиот претседател Туѓман во декември 1996 г. се одважи изјавувајќи: “Сорос организациите целосно се имаат инфилтрирано во структурите на општеството. Преку финансиска поддршка тие заробуваат во членство од сите возрасти и категории, од средношколци до новинари, универзитетски професори и академици, од сите сфери на културата, економијата, науката, здравството, правосудството и литературата. Тие отворено велат дека нивна цел е да ја сменат структурата преку донации, да создадат поволни услови за субверзија на ситуацијата во Хрватска, да се здобијат со контрола во сите сфери од животот, имаат намера да ја фокусираат својата енергија и влијание врз медиумите и културата”.
Уште пострашно дејствуваше Сорос во Македонија, но нашите СДСМ-овски политичари, замислувајќи се за големи дипломати, молчеа и ја исполнуваа неговата агенда. Дури кога Сорос побара да си го смениме името во “Славо-Македонија”, во септември 1995 г. провладиниот весник Нова Македонија напиша за антимакедонските ставови на Џорџ Сорос. И не е ни чудо што Нова Македонија мораше да исчезне, по истиот рецепт треба да исчезне и Македонската радио-телевизија, зашто според концептот на Сорос треба да биде уништено сè што значи постоење на македонски идентитет и континуитет.
Тоа, всушност, го правеше Сорос сиве овие години со поддршка на СДСМ кој ја одработува британско-грчката агенда за бришење на Македонија. Ни остана уште името и идентитетот, а пропаднатите СДСМ-овски политичари и нивните квазиинтелектуални и медиумски извршители и натаму нè убедуваат дека треба да си го смениме личниот опис. Оти, според овие преумни глави, само така можело да опстоиме. Божем може да постоиш, а да те нема?! Ним им пречи што премиерот Груевски се одважил, имал смелост и македонски концепт, да ги запознае релевантните светски лидери со неправдата што историски им е направена на Македонците и што тоа дава резултат!?
Со оглед на тоа што Џорџ Сорос, поточно британската империјална фракција е политички и финансиски кум на Барак Обама како американски претседателски кандидат, станува јасна поддршката на Обама за Грција. Иако победата на републиканците е поопиплива, Македонија всушност нема на што многу да се надева. Затоа, под итно Владата треба да ги напушти бесмислените преговори за името и да се излезе од стапицата во која нè втурна СДСМ. Преговори за име и идентитет на еден народ се будалеста работа на која треба да ì се стави крај. А имајќи предвид дека станува збор за нас, ние треба да кажеме - стоп, за нашето име и идентитет не преговараме со никого. Тоа сме што сме. Едновремено, добро е Владата да продолжи со активностите за интернационализирање на прашањето за правата на Македонците во соседните земји и за имотните права на Македонците кои беа сурово изгонети од своите огништа во Егејска Македонија. Патем, ЕУ и НАТО се минлив миг, а нашето македонско име и идентитет се отсекогаш и засекогаш.

http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=5431&Itemid=139
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хмм, да додадам дека најголемиот поборник и протеже за формулацијата “Славо-Македонија“ во тоа време беше СТОЈАН АНДОВ.
 
Член од
4 мај 2008
Мислења
255
Поени од реакции
11
Политичката улога на Сорос врз Р. Македонија е минато, како и споменатата партија.
Потполно се согласувам, особено со последната реченица.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Секој ден за социјал-демократите читам по некоја нова политичка бајка.
За Сорос ова првпат читам, имав подчуено дека има политичка инволвираност кај нас, но никогаш не можев точно да ја одредам улогата.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Вауууу, дирекно во центарот.
Се повеќе страв ме фаќа за Никола Груевски да не заврши како српскиот премиер.
Не смее Македонија да има политичар кој ќе ги брани македонските национални интереси.
Не смее.
Тоа место му е резервирано на Бранко Црвенковски.
 
Член од
4 мај 2008
Мислења
255
Поени од реакции
11
Вауууу, дирекно во центарот.
Се повеќе страв ме фаќа за Никола Груевски да не заврши како српскиот премиер.
.
Да си ја поткасаш тастатурата.:wink:
Никола нема да ја подцени мафијата и нема да ја уништува, туку со паметни потези ќе направи таа одвнатре да се распадне.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Гриц гриц, тастатурата.
Женоооо дај нова тастатура.
:)

Уффф, голема е играта околу Македонија.
На Американците им треба коридорот Бургас - Скопје - Драч.
Стануваат нервозни околу ова инатење со името.
Бранко е идеален за оваков случај, сигурно си велат до сега со ова битанга ќе се договоревме.
И на нив не им чука многу околу колатералната штета.
Ќе ти рокне 500кгр ТНТ у сред населба, ќе изразат сочуство и ќе продолжи по негово.
Војната во Босна почна со исцениран напад, војната на Косово исто така.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Додека им оди по ќефот нема ама ако удри контра е тогаш е многу реално.
Mislis dodeka imgo trti gazot koj mu e namackan so zejtin,na BC polesno mu vleguva vo gazot odkolku vo glavata :tapp:.Zaboraviv da kazam deka i lesno mu vleguvaat evrinjata vo dzebot...
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Вауууу, дирекно во центарот.
Се повеќе страв ме фаќа за Никола Груевски да не заврши како српскиот премиер.
Не смее Македонија да има политичар кој ќе ги брани македонските национални интереси.
Не смее.
Тоа место му е резервирано на Бранко Црвенковски.
BC bese gotov ionaka,ama na NG ne mu bese sigurno stolceto pa go ozivea.
Kako bilo Soros e intelekt koj gleda na golemo,poslednata Trilion mu e super,dobro sto pomogna na cela Ist.EU,a to sto nekoj Milcin se ufrlil da go vodi to,to e dokaz kolku i vmro i antikomunisti voopsto bea zeleni.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Секој ден за социјал-демократите читам по некоја нова политичка бајка.
За Сорос ова првпат читам, имав подчуено дека има политичка инволвираност кај нас, но никогаш не можев точно да ја одредам улогата.
Се гледа дека слабо си посетувал Кајгана од каде е сублимирана оваа информација за Сорос но не се опфатени неговите газди Ротшилдови.
Прелистај малку па ќе ти се разјасни улогата на Хазарите во спроведувањето на еден план кој се нарекува уште и Мојсеј-2.:toe:
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Се гледа дека слабо си посетувал Кајгана од каде е сублимирана оваа информација за Сорос но не се опфатени неговите газди Ротшилдови.
Прелистај малку па ќе ти се разјасни улогата на Хазарите во спроведувањето на еден план кој се нарекува уште и Мојсеј-2.:toe:
Абе на кого збориш??Евреите они си се мирни бубачки....а ти си запнал Мојсеј 2....Ротшилд...тоа ти е една мирна хуманитарна
фамилија исто како Сорос...душа луѓе,да можат и бубрезите ќе ти ги шитнат за некое евро.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
359
Поени од реакции
4
Абе на кого збориш??Евреите они си се мирни бубачки....а ти си запнал Мојсеј 2....Ротшилд...тоа ти е една мирна хуманитарна
фамилија исто како Сорос...душа луѓе,да можат и бубрезите ќе ти ги шитнат за некое евро.
Место да идеш во кревето да си легнеш ти тука ми бистреш политики ''евреи, мојсеј'' ај мрш тамо да спиеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom