S
Sagan
Гостин
Кога после завршено средно обрзование, ќе се свртите назад и ќе забележите на кој начин секој наставен предмет дејствувал во изградувањето на одредени елементи и ставови од вашата личност, дали сте зажалиле што некој предмет воопшто сте го имале, сте одвојувале време за да ја заработите оценката, и после тоа сте заклучиле дека тој само вградил негативни погледи кон светот и неговите делови или бил толку непрактичен, што не наоѓа никаква примена во вашиот натамошен живот?
На пример, мене предметот историја ми делуваше толку негативно, што во тинејџерските години имав развиено толку силни националистички чуства, што некои наши соседи ги мразев толку многу... човек страв да го фати. Та ние сме ти биле мирен народ, нас сите не окупирале, поробувале...
Значи, ваквото перење мозок кај децата во основно и средно е многу лесно. Детскиот мозок впива како сунѓер, а стекнатите ставови подоцна тешко се менуваат, толку тешко што го поматуваат умот и те претвораат во машина-робот спремна да служи на државата, која претходно те одраснала за тоа.
Е сега, некој е способен со подоцнежно занимавање со проблематиката, своите ставови да ги смени и да се оттргне од пропагандната машинерија на државата, но повеќете луѓе продолжуваат да живеат со таква состојба на умот, која е штетна и за нив и за добробитта на општеството. Па имаме беспредметна национална и верска омраза, философско-религиозно слепило, генерации произведени според шаблонот зацртан од власта, во име на власта и во нејзина корист.
Друг случај е предметот латински јазик. Еден средношколец на свои 15 години едноставно нема претстава што се тоа деклинации, па учењето на наставки е апсурдно губење драгоцено време и учење на памет, кое не само што не е продуктивно, туку напротив.
Наместо предметот да се реформира и да се изучуваат зборовите од латинско потекло кои се употребуваат во нашиот јазик и интернационално, со учење на соодветниот превод на македонски, учениците се заглавени во некаков круг на преведување текстови посветени на Римска Империја, барање наставки од падежи и обидид за склопување на глупавите реченици. И 5 години потоа, ќе се сеќаваат само на -а, -ае, -а, -а... а нема да знаат што е еманација, дедукција, CV...
Ваши ставови?