Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој искуство со инсталирање на котле на веќе постоечка инсталација. Како се движат цените?

Делува како исплатлива инвестиција со оглед на фактот дека ќе се грееш само по потреба односно во грејна сезона (4-5 месеци), а не преку топлификација 12 месеци по цена од 4000 ден.
 
Мислам дека кано од форумов инсталира некакви системи на веќе постоечката инсталација кои се поекономични од електричен котел и заштедуваат на сметката, побарај назад на темава има објаснато.
Од искуство со електрично парно можам да кажам дека е релативно скапичко, за три радијатори во стан од 45 кв. просек излегуваше по 7000 денари без поскапувањето. Притоа се обидував да редуцирам и да го користам парното само во периодот на ефтина струја.
 
Тука се спомнува итонг блокот, јас со него ќе градам, 30цм, и бела итонг таваница за плоча. Кај нас многу малку се застапени поради цената, а кога ќе пресметаш колку те чини со обичен блок + понатамошно ставање 8-10цм стиропор, внатрешно малтерисување, кошулица, излегува поефтино..
 
Посекако ке треба да трошиш за стиропор.Единствена добивка е побрзата градба и отпорноста на земјотрес.Кај мене е два спрата од нив а последниот третиот е блок 2*10 плус тервол на средина.Исто беше во поглед на трошоци за загреванје.И кај двете варианти имавме термо мостови и појава на кондензација.Завршив на крај со стиропор 5цм на фасада.

Мој предлог е да си ги решите таванските загуби бидеки голем дел од загубите се преку нив а воедно и жештинана на лето .
 
Се согласувам со nenadbt секако ќе треба да поставиш дополнителна изолација, иако производителите на Ytong блокови велат дека самиот блок е доволен. Искуствата на корисниците (пред се во Хрватска) велат дека во приморскиот дел овој блок е сосема доволен без дополнителна изолација, додека во континенталниот дел е поинаку.
 
Посекако ке треба да трошиш за стиропор.Единствена добивка е побрзата градба и отпорноста на земјотрес.Кај мене е два спрата од нив а последниот третиот е блок 2*10 плус тервол на средина.Исто беше во поглед на трошоци за загреванје.И кај двете варианти имавме термо мостови и појава на кондензација.Завршив на крај со стиропор 5цм на фасада.

Мој предлог е да си ги решите таванските загуби бидеки голем дел од загубите се преку нив а воедно и жештинана на лето .
Веројатно мислиш на итонг кај тебе, па ќе ти кажам а и сигурно си видел дека имаат разни блокови како решенија за термо мостовите( надвратници, надпрозорници, U elementi, L elementi) со сите тие го изолираш бетонот од надворешни влијанија. А за 30цм термоблок итонг ми кажаа дека е лошо ако ставам стиропор подоцна. Јас сакав 37,5цм да ставам, но претставникот за Македонија ми кажа дека е доволно 30цм. Сам со брат ми и татко ми го изѕидавме подрумот, а планираме и понатака да ѕидаме и со итонг, нема филозофија.
 
ako pocnis da koristis specijalni dodatoci ke ti ja tovarat cenata i pak naj ednostavno resenie e najgolem blok i 7 ca izolacija .
 
Друже, 30цм термоблок, 20цм и 12/15цм преграден блок + надвратници, надпрозорници = 4200евра за куќа од негде 15*13м со пресметан тенкослоен малтер. ~7500евра излегуваат 2 бели таваници за 2 плочи од по 180м2, во ова не е пресметан бетонот кој ќе оди на хоризонталните серклажи и меѓу ферт гредиците и тоа е тоа, нема каде другде бетон. Над итонг монтите не оди бетон нити понатамошна кошулица за израмнување на под, само се залие со тенкослоен лепак/малтер/млеко и после 2-3дена ставаш филц и ламинат. Ќе се распрашам деновиве колку коштаат обичните фертгредици + монти + колку м3 бетон ќе ставам преку нив + ќе додадам на оваа цена кошулица на таа квадратура од 180м2 * 6евра. Па како ќе ми се исплати, така ќе правам. Ако не се мислењава за оваа тема, нека ги префрлат во мојата тема http://forum.kajgana.com/threads/ytong-искуства-има-ли-некој.57312/.
 
На сите Ви е познато, дека најповолно е топлотна енергија да се искористи ако од неа се добива и струја и топлина.
Ние овде се занимаваме со Топлификација која не пљачка и Регулаторна која и помага. Да сакаше Топлификација да произведува струја и топлина од гасот, ќе изградеше агрегат со турбина, со против притисок, од 30 MW и за мали пари ќе се греевме.
Наместо тоа таа изгради кондензациона централа од 230 MW ( ТЕТО, со две одземања на пареа ) и ако ТЕТО почне да работи речиси илјада MW ќе завршат во кондензаторите и ладилните кули на ТЕТО. И не само што нема да имаме ефтино греење, туку и струјата ќе поскапи.
Кога ќе помислам што ни прават Топлификација и Регулаторна ми доаѓа да заплачам.
Па уште кога ќе почнат да зборуваат за некакви „ модели “ ( словенечки, германски, бугарски )
Утринава прелистував по интернет и најдов дека во Данска планираат исклучиво на тој начин да се загреваат. Дури има агрегати од 500 W Нивна среќа е што немаат Топлификација и Регулаторна.
Погледнете, има и интересни ликови:
 
Attachments

Не се отвараат линковите.... не се разбирам многу, но ми изгледа фантастично добра идеја...
 
На подстаницата на која е поврзана зградата во која живемам поврзани се околу 80 стана. И јас почнав да барам дизел агрегат од 50 KW со котел утилизатор. Идејата ми беше, да инвестираме во таква опрема, струјата да ја продаваме на дистрибуција и со тоа да го платиме горивото, а греењето на ни дојде без пари. Така налетав на ова.
Погледни на Wikipedia
http://en.wikipedia.org/wiki/Micro_combined_heat_and_power
Погледни што има на US Department of energy
http://www.gulfcoastcleanenergy.org/CleanEnergy/CombinedHeatandPower/tabid/1698/Default.aspx
или само на пребарувачот стави combined heat and power, има многу работи
само ние „ по идиотски модел “ имаме Топлификација
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom