Грција попишала половина милион Македонци
Прилепчанецот Драган Митрески поседува стар австриски атлас во кој се наведува дека
во 1921 година во Грција 500.000 жители се декларариле како Македонци
Според австрискиот атлас што го поседува Драган Митрески, во 1921 година во Југославија и во Грција живееле ист број Македонци
Во Грција во 1921 година се декларирале 500 илјади Македонци, што претставувало 8,8 отсто од севкупното население на државата. Ова стои во атлас отпечатен во Австрија што го поседува прилепчанецот Драган Митрески. Ова е уште еден документ кој потврдува дека Македонците не се дрво без корен, односно ги побива тврдењата дека Македонија и Македонците се коминтерновска творба.
- Релевантноста на документот е голема поради тоа што со години соседите негираат дека нема македонско малцинство кај нив. Документот го „откопав“ од правта случајно собирајќи стари книги. Тој „тежи“ оти е подготвуван од независна држава и од еминентен автор - вели Митрески.
Во Универзалниот атлас стои дека во Југославија, тогашна Србија, имало 600 илјади Македонци од вкупното југословенско население или пет отсто. Ексклузивитетот е и во тоа што Австријците препознале Македонци во Бугарија, но не ги одвојувале. Пишува дека се евидентирани четири милиони Македонци и Бугари заедно. Интересно е и знамето на албанската држава, во кое нема двоглав орел, туку е црвено-црно со бела петокрака - вели Митрески.
Тој се обидувал да најде луѓе да ги искористат податоците од атласот. Не го продавам, само сакам да знае јавноста што податоци има во него, а на државата ќе и' го дадам и бакшиш ако знам дека податоците ќе бидат корисни во докажувањето на името и нацијата - вели Митрески. Пред 15 години Митрески случајно го пронашол кога некој човек горел стари книги во центарот на Прилеп. Имало и црковни книги. Секогаш сум бил собирач на стари предмети, особено книги. Собрав нешто од тоа за горење, меѓу кои беше и атласот, додава Митрески.
Нејасно е на кои извори се повикува авторот на атласот. Но, историски се совпаѓа времето на неговото објавување и пописот спроведен во Грција на 19 декември 1920 година. Резултатите од тој попис Грција никогаш официјално не ги објави, а станува збор за многу важен попис, оти првпат ги опфаќа и таканаречените „нови територии“. Во пописните документи имало прашања „Кој е вашиот мајчин јазик“, „Кој јазик го зборувате дома“ и „Ако вашиот мајчин јазик не е грчки, дали разбирате грчки“. За жал, грчката држава ги објави резултатите од пописот само од старите територии, но не и од окупираните територии, меѓу кои и Македонија, каде што има податоци и за верата и за јазикот.
Љупчо Мургоски
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Stumpf, Маp of Europe, 1548
http://www.helmink.com/Antique_Map_Stumpf_Europe/Scans/