М
Мартин`
Гостин
Еве и тема за првиот натпревар во втората фаза на нашата репрезентација, овојпат Македонија групата ја започнува групата со 4 пренесени бодови од првата (исто како и Русија) и ни е потребна минимум 1 победа за пласман во 1/4 финалето. Првиот противник во оваа група ни е репрезентацијата на Грузија која во првата фаза заврши на 3-тото место со 2 победи и 3 порази и во втората фаза пренесе 2 поени.
- Предходни 5 натпревари на Македонија
Пораз од Црна Гора со резултат 70-65
Победа против Хрватска со резултат 78-76
Победа против Грција со резултат 72-58
Победа против Финска со резултат 72-70
Победа против Босна со резултат 75-63
скор 4-1 (362-337 кош разлика)
- Предходни 5 натпревари на Грузија
Победа против Белгија со резултат 81-59
Пораз од Русија со резултат 65-58
Пораз од Словенија со резултат 87-75
Победа против Украина со резултат 69-53
Пораз од Бугарија со резултат 69-79
скор 2-3 (352-343 кош разлика)
Најдобар играч/и барем засега во тимот на Грузија е нивниот капитен Пачулија кој игра во НБА и е играч на Атланта, а исто така еден од подобрите во тимот е и Саникиџе кој е четврт на првенствово според бројот на скокови со 46 вкупно (или пак 8.6 по натпревар).
Според мене нашите треба да го дадат максимумот во овој натпревар зошто реално Грузија е послаба за разлика од нашите идни противници Словенија и Русија и мислам дека треба веднаш да ја завршиме работата што ни преостана за пласман во 1/4 финалето. Грузија не е некоја јака репрезентација но никако не смееме да се опуштиме и да дозволиме да случајно не победат и после да решаваме со Словенија или Русија ..
Што мислите дали ќе оствариме уште една победа и ќе се пласираме понатаму ?
+ бонус некои статистики за Македонија и Грузија ..