Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Кејблтел (Blizoo)

    Гласови: 61 13,9%
  • Телекабел

    Гласови: 53 12,1%
  • ОНЕ

    Гласови: 63 14,4%
  • Телеком

    Гласови: 178 40,5%
  • ВИП

    Гласови: 111 25,3%
  • Неотел

    Гласови: 22 5,0%

  • Вкупно гласачи
    439
  • Гласањето е завршено на .

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.319
Поени од реакции
34.736
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
(за да гласате, мора да се најавите на форумот)

Речиси сите од нас имале искуство со најмалку 2 од македонските телефонски или интернет оператори. И затоа што не постои совршена услуга, сите ние сме имале потреба од поддршка и помош од нивната служба за грижа за корисници.

Со кој оператор сте го имале најпозитивното, а со кој најнегативното искуство? Бидејќи корисничката поддршка е доста битен фактор при изборот на оператор, добро е да знаеме со кои оператори е најдобро да започнеме „врска“, а со кои не.

Споделете го вашето искуство на оваа тема. Можеби токму со вашата објава ќе придонесете за подобрување на корисничките служби во операторите во Македонија. И бидејќи во анкетата може да се наведе само едно прашање, ајде да го изгласаме операторот со најдобра корисничка служба (иако во темата може да се пишува и за најлошите кориснички служби).

Преку анкетата ќе дознаеме и кој оператор има „нај тапа“ грижа за корисници во Македонија, а кои оператори навистина ги ценат своите корисници.

Епа, ајде да гласаме :)
 
Јас искрено не знам за кој да гласам, прво имав интернет од onnet, потоа имав од телеком, сеа користам моментално и од телеком а од вчера и од cabletel, кој 20 дена ги чекав за приклучок и се јавив во центарот за подршка не знам ни јас колку пати, до сеа од нив и од onnet не сум задоволен, си имаат свој мани, сеа телеком користам 2 години, сум немал ама баш никаков проблем со интерент, така да не сум ги барал за помош, едино кога ме приклучуваа имаше проблем со линијата, со откачено кабелче од бандера, и дојдоа за еден ден, е сеа бидејќи преку познаник, а преку нормален пат, преку барање поднесено во центарот за подршка кој знае како би било, па ете ќе го гласам Телеком, бидејќи не сум го искусил а другиве сум ги искусил и тапа се :)

Во врска со мобилната мрежа, дефинитивно ВИП, веќе една година скоро ќе помине како сум префрлен и супер е, предходно што се вика ме силуваа телеком, да ставам месечно минимум кредит за да бидеш достапен иако ти и 10 000 денари имаш кредит на него, си фатив промоцијата на вип, 1 000 денари гага за 300 денари претплата, мераци
 
од Т мобиле сум крајно незадоволен, затоа направив трансфер во ВИП, тоа што беше очекувано процедурата потраја, процедурата беше да се префрлам прво на вип припеј а ден потоа на постпејд, што се случи: откако поминаа номиналните 24 часа јас веќе немав кредит на припејд, па се јавив во центар за поддршка каде ми рекоа дека во секој момент ќе ме префрлат. По 2 часами се јави „тетката“ и ми кажа дека ќе ме префрлат утредента ама како знак на извинување ми поклонуваат 200 денари кредит за разговор
покрај тоа низа други случки ме убедија дека ВИП имаат најдобра грижа за корисници во Македонија, не само во телекомуникацијата
 
ВИП и каблетел ако живееш во град, е сеа има селанци кој живеат во приградски населби и селаи овие оператори се слаби таму, но во градот се супер интернет ретко да ми снема тоа може седешава еднаш во 5-6 месеци, и од вип сум задоволен увек има сигнал и само титкам пошто сум на при пејд и ми се јавуваат овие од пост пејд...
 
Најнегативно искуство имав со бугарите Кејблтел. Откако ќе го потпишеш договорот на година дена, си го јадел стапот. Првиот месец е се супер, ама после тоа:ги немаш сите канали за кои си потпишал договор, тапа ти е интернетот а те дупат дека не ти чини компјутерот, ти даваат расипан ресивер и те убедуваат дека ти работи, ама ти си глуп и не знаеш како да раководиш со него. Не го пипкаш телефонот а ти стига ненормална сметка. Имаш бесплатни минути за разговор на телефон, ама само на реклама. Немаш интернет 3-4 дена и никој не ти кажува зошто, пошо ко ќе отидеш у наплатен пункт вработените се стаени да викаат НЕ ЗНАМ:tapp:
Си заглеал филм на некој канал и одеднаш го снемува. Се јавуваш да прашаш шо е работа, а црепот ти вика:Извини сум задремал и сум стиснал некое копче :confused:
Ги откажуваш услугите, не си корисник веќе месец дена и замисли пак ти стига сметка со 0 денари:pos:
После тоа се префрлив на Телекабел и можам да кажам дека се супер. Се што ветија во договорот исполнија. Ги имам сите ТВ канали, интернетот ми е супер, се убивам од зборење на телефон а сметката ми е нормална. Не викам дека не ми се десило да снемам интернет, тв...ама за брзо време го решиле проблемот.

Од телефонските оператори најнезадоволна бев од Т-мобиле. Бев при пејд корисник и само шо ќе стаев кредит, леташе ко луд. Се префрлив на ONE постпејд и сум задоволна. Конечно зборам како чоек на телефон, без високи сметки и покачен притисок :icon_lol:

А Teлеком се апаши невидени. Зборел/не зборел на телефон сметката иста. Затоа најарно ако имате број на телеком откажете го.
 
Т мобиле исто крајно незадоволен, за мобилна од ONE а за сите останати услуги ( фиксна телефонија, телевизија и нет) KABLETEL веќе од денес BLIZOO, задоволен петка :)
--- надополнето: Nov 11, 2011 11:34 AM ---
.. тапа ти е интернетот а те дупат дека не ти чини компјутерот, ти даваат расипан ресивер и те убедуваат дека ти работи, ама ти си глуп и не знаеш како да раководиш со него. Не го пипкаш телефонот а ти стига ненормална сметка. Имаш бесплатни минути за разговор на телефон, ама само на реклама. Немаш интернет 3-4 дена и никој не ти кажува зошто, пошо ко ќе отидеш у наплатен пункт вработените се стаени да викаат НЕ ЗНАМ:tapp:
Си заглеал филм на некој канал и одеднаш го снемува. Се јавуваш да прашаш шо е работа, а црепот ти вика:Извини сум задремал и сум стиснал некое копче :confused:
Ги откажуваш услугите, не си корисник веќе месец дена и замисли пак ти стига сметка со 0 денари:pos:
После тоа се префрлив на Телекабел и можам да кажам дека се супер. Се што ветија во договорот исполнија. Ги имам сите ТВ канали, интернетот ми е супер, се убивам од зборење на телефон а сметката ми е нормална. Не викам дека не ми се десило да снемам интернет, тв...ама за брзо време го решиле проблемот.

Од телефонските оператори најнезадоволна бев од Т-мобиле. Бев при пејд корисник и само шо ќе стаев кредит, леташе ко луд. Се префрлив на ONE постпејд и сум задоволна. Конечно зборам како чоек на телефон, без високи сметки и покачен притисок :icon_lol:

А Teлеком се апаши невидени. Зборел/не зборел на телефон сметката иста. Затоа најарно ако имате број на телеком откажете го.
извини, ама ова за Кејблтел погоре едноставно не е вистина..ниту за нетот, ниту за телефонот, барем мене (а и на сите мои пријатели и познаници) ми се нема случено, а за тоа подоле за т-мобиле и за оне, е, тука си во право.
 
Според мене, исто така ВИП.... а сум ги користел и Т-Мобиле и Уан и моментално користам Телекабел, ама ВИП е најзакаон, а Телекабел се збир на идиоти кој ништо незнат. Кога вртам на грижа за корисници кај Уан, чекам по 5-6-7 минути дури да ме поврзат, шо е мноооооооогу, и во меѓувреме реклата со волку бесплатни разговори и то многу ме иритира.

во ВИП ми се десе некоја грешка, повиците кон ВИП кој ми се бесплатни ми ги наплаќаа, и сметката дојде околу 300 денари повисока. Поднесов приговор, ми рекоја дека тековната сметка мора да ја платам толку колку шо е, наместо800 (за 2 броја), платив 1100. Кога дојде наредната сметка, вкупно, за 2та броја изнесуваше само 250 денари. Значи, со еден збор се среди..
Т-Мобиле ги откажав, и мислам дека никогаш нема да се покајам за то.
 
До сега од тоа што сум користел, CableTel имаат солидна услуга. Кога потпишував нов договор, по 2 дена (од максимална недела дена) дојдоа да монтираат. Кога имало технички проблеми со интернет, ако кажат до 5 саат ќе се сервисира и ќе се среди, во 5 и 15 сум имал интернет. Последнава година дена (па и повеќе) не ми текнува да ми паднал интернет/кабелска, едино ако немаат технички проблеми на ниво на населба/блок што и да е, што многу многу ретко се случувало.
 
Само да не дојде до забуна, збориме за корисничка и техничка поддршка (грижа за корисници) кај операторите, а не услугата во целост :)
 
Само да не дојде до забуна, збориме за корисничка и техничка поддршка (грижа за корисници) кај операторите, а не услугата во целост :)

Па кога ќе видиш, тоа што го набројав погоре е резултат на добра корисничка и техничка поддршка. :)
 
Па кога ќе видиш, тоа што го набројав погоре е резултат на добра корисничка и техничка поддршка. :)
Па не баш, техничката поддршка и грижата за корисници доаѓаат до израз кога ќе се појави проблемот. Тие се тука да го решат проблемот на корисникот. Тие ова што го збориш е сосема друго, затоа што ти велиш дека воопшто и си немал проблеми. Односно, дека се било најдобро.

Значи, темата е „Кој има најдобра поддршка“, а не „Кој е најдобар“ :)
 
Мислам дека подобро ќе беше анкетава да е со мулти гласање, пошто сепак има луѓе што се задоволни на пример од Кејблтел за интернет, а од ВИП за мобилни.

Он топик, корисник сум на Кејблтел 4 години и сум немал никакви проблеми со операторите. Потребни ми се околу 5-10 секунди за да стапам во контакт со нив. Кога ќе ми се јавам за да им кажам дека немам интернет ми кажуваат тоа што е, на пример ако е до нив проблемот ќе речат се свесни за тоа, дека сервисираат нешто и дека во текот на денот ќе добијам интернет (и стварно е така). Ако на пример е нешто до мене, само ќе ми кажат дека кај нив све е во ред, ќе ми препорачаат да го рестартирам рутерот и готово.
Неколку пати им се имам јавувано за да ме стават под друга МАС адреса во системот и одма реагирале.
 
ако ги напнеш 5-6 пати па почнеш и да се закануваш дека ке раскинеш договор, тужби за неисполнување на договор пријава во АЕК сите се срциња и ке ти завршат работа асап :)
а без ништо да превземеш од погоре наведените незнам дали има таков :P
 
Ова е најголемата заблуда кај корисниците: Дека со „лошо“ наводно ќе ти се исплашат и ќе добиеш подобар однос.
Нц, ќе го добиеш баш спротивното. Исто како и тебе, и они се луѓе кои не трпат разни срања и закани :)

Што подобар однос имате вие, толку подобар однос со вас ќе имаат и луѓето од корисничка поддршка :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom