Еден убиен и еден тешко повреден на „Џон Кенеди“ во Чаир

  • Креатор на темата Креатор на темата ВМРО
  • Време на започнување Време на започнување

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
50-годишен скопјанец пукаше во двајца браќа за да ги заштити својата ќерка и сопруга. Изутринава во скопската населба Чаир тој со пиштол го убил 26-годишниот Џелил Сулејмани, а неговиот 49-годишен брат Реџеп Сулејмани тешко ранет е пренесен во Градската болница.

„Повреден од огнострелно оружје во пределот на стомакот и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, пациентот во моментов е контактибилен, направени се потребните клинички и лабораториски иследувања, итно е внесен во операциона сала, врз него е извршен оперативен зафат”, изјави Божин Ефтимов, директор на Градска болница - Скопје.

Според извори на А1, браќата Сулејмани подолго време ги следеле и им досадувале на ќерката и сопругата на напаѓачот. Браќата Сулејмани изутрината повторно биле паркирани со „Ауди” пред зградата каде што живеел тој, на „Џон Кенеди”.

Не сакале да се тргнат кога со автомобил „Југо” пристигнал тој што подоцна и пукал во нив. По кратката расправија меѓу тројцата, 50-годишниот жител на Чаир заминал.

Набргу, повторно се вратил кога Реџеп и Џелил Сулејмани ги нападнале неговата сопруга и ќерката.

Расправијата продолжила, а кога еден од браќата Сулејмани се фатил за појасот, го извадил пиштолот што го поседува со дозвола и пукал во Реџеп и Џелил.

Напаѓачот е приведен веднаш по инцидентот и одреден му е притвор.


I sto bi rekla baba mi ...bog da ja prosti..."eden da ne ostani"
 
Човекот што пукал е Македонец и го оправдувам. Само така со насилници. Уште два три вакви случаи па да видам дали ќе малтретираат мирни луѓе...
 
Od kaj znaes deka bil makedonec...po toa sto vika deka dosol so Jugo? :)
 
Го има името во весник...а башка ЗНАМ -) Човекот бил сопственик на продавница за оружје... баш го погодиле браќава на кого чалам да му дигаат.
 
ФАБРИКА прикажува:
"Над мирниот соживот и релаксираните меѓуетнички односи помеѓу двете најголеми етнички групи во БЈР Македонија претечки надвиснала опасноста олицетворена во налудничавиот потег на еден поединец од македонско потекло, кој заради слепата патријахалност посегна по оружјето и одзеде еден млад тукушто расцветан и пред се невин живот на еден мирољубив албанец. Навистина мора МВР да превземе ригорозни мерки и да го одземе сето оружје кое се наоѓа кај македонците па макар и тоа за кое имаат дозвола ...."

А нашиот народ нормално ке вика ДА ТАКА Е
 
кумановски напиша:
"Над мирниот соживот и релаксираните меѓуетнички односи помеѓу двете најголеми етнички групи во БЈР Македонија

шо е фабрика?

и, так е сега работата? нема поќе Македонски Народ, туку етничка група?
значи, во нашата држава ние сме етнилка група... аха...

иначе, нека проба некој да ја малтретира жена ми и ќерка ми, јас ќе им ги уништам фамилииите цели, не само насилниците да ги убијам. без разлика на вера и нација...

иначе, ај објаснете она за фабрика и етнички групи
 
Море куршум! 9-ка. За сите насилници. Без оглед на вера, нација, раса.
 
На истата улица секој ден минував по два пати во период од 2-2,5 години оти таму работев. Џон Кенеди е стварно „Тексас” но мене баш и не ми се случувале некои инциденти освен еднаш со едни џанаци кои лесно ги решив прво сам, па после на помош одкако речиси беше готово дојдоа дечките од обезбедување во фирмата кајшто работев:)
Сакам да кажам дека во тој крај насилството и криминалот се вообичаена појава и дефинитивно не бираат нацинална припадност, ги има во сите еднички заедници кои се таму присутни, а ако е конфликт меѓу двајза од различна етничка припадност немора да значи воопшто дека е на етничка основа.
 
Секој човек за да си заштити семејството би го направил истото,а башка,мислам дека човекот бил во афект и затоа пукал.Овде нема врска етничката припадност.Јас би пукал во секој.
 
точно. мислам дека би ги стуткал и ако беа од тунгузија или марс...

и правилно. така ќе се напрај ред во државата. само, ќе го пуштат типот на робија, то е лошото... ем да си браниш фамилијата, ем на самиот себеси да си објасниш дека некого си убил, ем на робија, односно далеку од истите тие шо ги сакаш и си сакал да ги заштитиш...
 
Малце офтопик:
Мислам дека има повеке олеснителни околности поради кои човекот верувам ке биде поблаго казнет:
1.Бил во афект(се ослободува од кривична одговорност)
2.Силно го раздразнила сликата која ја видел дека му малтретираат жената и ќерката(ова го докажува тврдењето под 1)
3.Легално го поседувал оружјето.
4.Најверојатно не е казнуван досега(моја претпоставка)

Доколку се докаже афектот сметам дека ке биде ослободен од казна,а доколку не,би одлежал 1-2 години поради олеснителните околности.
 
Pa vo pravo bil covekot koj se oni da mu go maltretiraat semejstvoto, krsat kolata i ne mi dozvoluvaat da si se parkira pred zgrada ,i coekot si nasol nacin da si go zastiti semejstvoto, ako prijavel u policija ili slicno 100% nemalo nisto da prevzemat.
inace ova se slucuvalo na 100-200 metri od kukava moja :):):):):):)
 
На некој од вас тоа да му се случи нема ли да реагирате исто? Да видете како на жената ја малтретира некој?Нема врска никаква за соживит со Албанци во случајот но тоа е само обичен проблем за паркирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom