Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Времево во последно не е сигурно така да сега нема возење со велосипед,предмалку се истури за една минута :D Иначе едвај чекам да се распуштиме и потоа секој ден после пладне една вожња од 2-3 сати. :)
 
Забележлив е подемот на велосипедизмот, се повеќе и повеќе заинтересирани за професионално бавење со велосипедизам. Штета е што велосипедистите во Македонија се многу слабо медиумски поткрепени, има многу заинтересирани, а недоволни информирани луѓе. Како и да е, велосипедските клубови кај нас се повеќе и повеќе се зголемуваат. За сите заинтересирани ви го претставувам (според мене) најпрофесионалниот клуб од Скопје:

http://www.energi-cycling.com/
 
ај да организираме заедничка вожња деновиве ... кој е ЗА, бујрум
 
Дечки колку е бандаж за точак?На мојот точак му се случи незгода :(
 
Од пред некое време гледам по вести доста велосипедисти се одлучуваат на тура околу Охридско Езеро. 90км се во прашање, али доживување било. Значи Охрид - Пештани - Љубаништа - Св. Наум - Поградец - Лини - Радожда - Струга - Охрид :D
Само не знам што кондиција ќе треба за ова со оглед на тоа што патот има доста угорници! :)
 
Мене ми се гледа интересна рутата на стариот пат преку Галичица, малку е напорен нагоре ама видикот и опкружувањето е одлично.
 
Воопшто не се разбирам околу велосипеди, ама сакам да купам некој квалитетен за кој нема да се плашам дека машинката може да откаже после некое време возење или дека задната кочница нема во секој момент да се олабави... и да можам да го возам по нерамни патишта со поголема брзина.
Предлози, цени? Благодарам (:
 
Забележлив е подемот на велосипедизмот, се повеќе и повеќе заинтересирани за професионално бавење со велосипедизам. Штета е што велосипедистите во Македонија се многу слабо медиумски поткрепени, има многу заинтересирани, а недоволни информирани луѓе. Како и да е, велосипедските клубови кај нас се повеќе и повеќе се зголемуваат. За сите заинтересирани ви го претставувам (според мене) најпрофесионалниот клуб од Скопје:

http://www.energi-cycling.com/
После Вело М :D
 
Еве една фотка од мојот велосипед,сликана кај базенот младост ,,.каков е вашиот велосипед /?Pic1533.jpg
 
Воопшто не се разбирам околу велосипеди, ама сакам да купам некој квалитетен за кој нема да се плашам дека машинката може да откаже после некое време возење или дека задната кочница нема во секој момент да се олабави... и да можам да го возам по нерамни патишта со поголема брзина.
Предлози, цени? Благодарам :)

Баш таков може да се најде во продавниците во скопје, ама цената е минимум 20 000денари
 
Еве го мојот сликан во кујна :D пред едно 6 месеци, сега имам сменето нешто подобри делови,во главно тоа е.

--- надополнето: Jun 16, 2011 11:00 PM ---
Баш таков може да се најде во продавниците во скопје, ама цената е минимум 20 000денари

Па добро сега, има и поевтини, за 15-16.000 денари сигурно се наоѓа, како што читам според потребите на девојката .
 
Значи ова не е можно секој ден мора да се најди нешто да ме изнервира :@:@
Замислете го проверувам секој ден велосипедот пред да го возам,пошо јас ко што возам лудо никој не вози,иии денес ајде не го проверувам арен е...
кај една бабичка од 70 години со пони се закачи во мене спуштена од угорница ко луда вози некоја на дрога беше,а башка тоа скокам шахта и колцето излетува сум се мавајне и 5 минути незнаев кај одам сио крв бев и раце и нозе....значи незнам како е можно шрафот да се отшрафил :@:@
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom