Водопадите во Македонија

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сипковски водопади - Пехчево
Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Жолтачка Река и Сипковски Андак.


Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.


Сите водопади изобилуваат со „швајцарска“ планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Жолтачка река.

Водопад Длабока Река - Кораб



Долината на Длабока Река претставува типичен пример за глацијална ерозија. Кон крајот на последното ледено време, корапските глечери почнале да се топат. Потоа истекле надолу, формирајќи ја оваа долина всечена длабоко помеѓу корапските карпи. Оттука всушност потекнува и името на Длабока Река. Кањонот на оваа река влегува во составот на Национален парк „Маврово“. Во 1952 година прогласен е за строго заштитено подрачје.

Изворите на Длабока Река се наоѓаат на околу 2500 метри надморска висина, веднаш под врвот Мал Кораб. Она што ја прави посебна и привлечна за љубителите на исконската природна убавина, секако е водопадот кој се формира во горниот тек на реката. Овој водопад со висина од околу 130 метри, е највисок во Македонија. Најдобриот период за посета е во текот на месеците јуни и јули, тогаш снегот не претставува голема пречка, а поради неговото топење, водопадот има најмногу вода.





Најблиско населено место е с. Нистрово, од таму обично се започнува пешачењето кон водопадот. По околу еден час се стигнува до с. Жужње. Тоа веќе одамна е раселено, а единствен доказ за тукашниот живот, се црквата и разурнатите куќи. Од тука се бира патеката по која ќе се оди кон водопадот. Десната патека оди по течението на реката, претежно низ шумски предел. Тука единствена потешкотија може да претставува преминувањето на реката (два пати) преку импровизирани премини. Додека левата патека започнува откако ќе се помине реката преку мовчето кај црквата. Оваа патека можеби е пократка, меѓутоа е пострмна и помалку безбедна.Независно од тоа која патека ќе ја изберете за овој подвиг потребни се малку повеќе храброст и авантуристички дух.


Водопади на Ѓеневица

Од извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 km, низ ливади, шума и карпи, правејќи водопади и каскади. Највеличествен дел претставува најзиниот кањон, кој не е целосно пристапен, заради тешкиот терен.




Картсната област Езериште e поле со група на мали езерца во северозападниот дел на планината Бистра, неколку километри северно од Галичник. Иако се наоѓаат на релативно голема надморска височина (на околу 1900 метри), овие езерца според настанокот не се глацијални туку карстни, што ги прави единствени и ретки, поради фактот што карстните предели се водопропустливи. Но овие езерца константно се полнат со вода од блиските извори, иако неколку од нив преку лето пресушуваат.



Дуфски водопади
Дуфските водопади, заедно со целата територија на Реканскиот регион (Горна Река, Долна Река, Голема Река, Мијачија и Малорекански крај) припаѓаат на Националниот парк Маврово со површина првин од 11 750, а од 1952 со проширување на неговите граници – 73 088 хектари, што претставува најголемо заштитено подрачје во Република Македонија.
Вообичаена слика за Дуфските водопади е блескавата вода што наврапито паѓа од недогледните карпи во височините, директно врз чистинка со клупа и дрвени столчиња и камења, камења,.. секаде наоколу. Пејзажниот колорит му е целосно потчинет на сивото, некаква природна сепија на нештата околу нас, каде што сè е влажно, остро, стрмо, а водата е светла и темна во исто време: светла, дури, недогледно бела, кога се струполува низ кањонот и темна – модра, речиси црна, кога ги заобиколува или целосно ги обзема камењата испречени пред нејзиниот умислен тек.
Колешински Водопади - Струмица
Како неизбежна туристична атракција во струмичкиот регион се вбројува и еден од највисоките водопади во Македонија, лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, во пазувите на планината Беласица помеѓу јаворова шума и камени гребени на надморска височина од 610 метри. Со својот максимален пад на водата во висина од 19 метри досега не оставиле рамнодушен ниту еден од нивните посетители.
Колешинскиот водопад има просечна височина од 15 м, а широчина на падот околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.
Смоларски Водопади-с.Смолари-Струмица
Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Браво за трудот. Искрено Македонија има прекрасни природни убавини и вопопади кои за жал можат да станат туристичка атракција но никако да започнеме да привлекуваме туристи.
За мене најубави се Смоларските водопади кои ако не се лажам имаат и најголем височински пад.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Водопад на Бабуна-Солунска глава


Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км. се влева во Вардар на 5-6 км. јужно од Велес. На Јакупица има две глечерски високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина во циркус североиточно под врв Убава.



Разделени се од мал праг на морени.На територијата на Јакупица има неколку цркви и манстири кои можат да го привлечат вниманието на љубопитните. Можат да се споменат - Марков Манастир кај селото Маркова Сушица, на северното подножје на Китка, манастирот Зрзе над истоименото село на јужниот крај на даутица, црквата Света Богородица над селото Согле на делницата Јакупица.


Водопади на Беловишка Река - Шар Планина




Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади - Горна Скала, Долна Скала и Петочко Водиче. Третиот и најнискиот водопад локалното население го нарекува уште и Враживир. Водите стрмоглаво се спуштаат по речиси непроодниот кањон до тетовското село Беловиште. Оваа ретка природна убавина може да се види на простор од два километра, во вкупна должина од 150 метри.


Овие дивини во кои погледот кон небото завршува во испреплетените гранки на огромните дрва, стрмнината по која двата километра до најдалечниот водопад се совладуваат дури со три часа напорен од, љубоморно ги криеле жителите на Беловиште, но и на соседните Вратница, Рогачево, Старо Село и Одри. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река.

Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч - мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемични растенија, на кои намерникот наидува напролет, кога природата почнува да се буди. Во сите периоди од годината, студената Беловишка Река е обилна со вода, но во исто време и чиста за пиење, иако ни тврдеа дека најголема е во период кога се топат снеговите на Пирибег и околината. Тогаш и трите водопади, чија должина досега никој не ја измерил, се најдолги и најубави, а кршењето на водата прави вистински спектар на бои. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.




Долна и Горна Скала се доживуваат со поглед оддалеку, дури на стотина метри. Петочко Водиче е на дофат на Беловиште, на само еден километар над селото и до него води оформен поплочен пат. Враживир не е само водопад, каде што по карпестиот дел водата прави скок од приближно петнаесет метри, туку локалитет кој се повеќе личи на туристичка месност.

Патот води покрај селската црква „Св. Богородица“ и за возила завршува на пристапот, каде што посетителот го пречекува оформен простор со уреден базен, црковна трпезарија. Беловишка Река се преминува преку пешачко железно мовче кое води до две цркви „Св. Петка“ и „Св. Јован Крстител“. Сиот овој дел кој зафаќа простор од околу пет хектари го нарекуваат Петочко Водиче. Овде од корените на дрвјата излегуваат многу извори, но еден е не толку голем и насочен кон црквата „Св. Петка“, а велат дека бил лековит, особено за очи. Со децении доаѓале луѓе од многу места што имале проблеми со видот, а жители на Беловиште ќе речат дека „многумина се излекувале“. За овој извор се поврзува и градбата на црквичето.




 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Значи, од балканскиве земји, дефинитивно имаме најубава држава со многу природни убавини, на пример овие водопадиве, кога ги видов одма се заљубив во нив:wub:

Би сакал да ги посетам некој од нив... :nesum:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Габровски водопади​


Во непосредна близина на Колешинскиот и на Смоларскиот Водопад, во пазувите на планината Беласица, скриени од очите на јавноста се наоѓаат Габровските Водопади. Сместени се веднаш над селото Габрово, по кое и го одбиле името. На оддалеченост од еден километар има три помали водопади, високи од 4 до 8 метри, а нивната чиста ледено студена вода истекува меѓу дебелите и разгранети буки.
Слапот од највисокиот водопад се прекршува во средниот, а тој во најмалиот и заедно истекуваат покрај последната куќа од селото Габрово. Самото прекршувањето и паѓање на водата од еден во друг водопад е тоа што ги прави интересни и различни од двата веќе добропознати водопади во овој крај.



Овде доаѓаат ретки посетители што слушнале за оваа природна убавина, но оние највештите и најхрабрите можат да се искачат по тесни и стрмни козји патеки, кои ја испреплетуваат таинствената планина Беласица. Во оваа недопрената идила се слушаат само жуборот на водата и песната на птиците. Водопадите се толку величествени и таинствени, што се добива впечаток дека тие го диктираат животот во планината.
Габрово е село со традиционални македонски куќи типични за подбеласичкиот крај. Природата е дива и непокорна, како времето да застанало во ова село.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
За водопадиве на бабуна што се..на Јакупица тој е најголем водопад да..но на истата река има уште 4-5 така поголеми и тие се убави..кога ќе одам нареден пат ќе сликнам!
 
Член од
10 април 2011
Мислења
39
Поени од реакции
88
Hello,
I plan to visit two waterfalls (Koleshino and Smolare) during my trip through Macedonia.
And I found (I hope right) the GPS coordinates of those waterfalls.
Koleshino 41.368737, 22.807424 or 41° 22' 7.45"N 22° 48' 26.73"E
Smolare 41.365601, 22.899585 or 41° 21' 56.92" N 22° 53' 57.73" E
But I can’t search Водопад на Бабуна-Солунска глава.
Could anybody help me?
I found GPS coordinates at the website
http://www.topglobus.ru/karta-mira-online-besplatno-gps#lat=41.45508&lon=21.78040&zoom=8
Or maybe anybody tell me where I must search this waterfall?
Thanks in advance.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Станечки водопади - Крива Паланка​
Станечки водопад или Станечки водопади на Козја Река (десна притока на Дурачка Река, која во градот Крива Паланка се влева во Крива Река), се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, 8 км јужно од Крива Паланка. До самото село Станци во долината на Дурачка Река, води асфалтен пат долг 5 км. Потоа се тргнува по патека која води покрај Козја Река и по околу 3 км или 30-тина минути пешачење се доаѓа до големиот Станечки водопад. Водопадот е на надморска височина од 1160 м и функционира во текот на целата година.

Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини (нешто помал е водопадот на Злетовска Река кај с. Јамиште). Во подножјето на овој ерозивен водопад, со вртложното движење на водата е создаден голем природен базен или џиновски лонец. Од џиновскиот лонец речната вода слаповидно истекува кон помирниот дел на Козја Река, паѓајќи уште 3 м на релативно кратко растојание, така што водата вкупно се спушта 14 м. Инаку водопадот е релативно пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со бистрата речна вода која се прелева кон околината му дава посебна убавина. Спротиводно по реката, кон повисоките делови има уште неколку мали водопади кои го надополнуваат амбиентот. Освен водопадите, на овој простор има интересна појава на огромни карпести блокови, настанати со механичко распаѓање. Самата долина на Козја Река е тесна и на одредени места скоро вертикална со изглед на мал кањон, па искачувањето по неа е доста тешко. Кон исток, долината стрмно се издига кон билото на Калин Камен на околу 1800 м и понатаму кон Царев Врв, што може да биде интересна рута за планинарење. Сето наведено надополнето со свежата и пријатна клима, чистиот воздух, зеленилото, архаичните објекти на с. Станци и с. Дурачка Река, како и блискиот етно ресторан и рибник прават посетата на овој простор да биде извонредно доживување.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Штета што водопадите на Длабока река, поточно самата река (водопадот е при самиот врв) се уништува со изградбата на колекторските канали за акумулацијата Луково факинг поле, која не знам кој К ни е пошо и така ќе произведува струја за не повеќе од две полунапуштени села, а на сметка на тоа ќе се уништи еден уникатен природен амбиент што паметни држави и народи скапо би го продавале (туристички мислам)....целото опкружување е нереално, фантастично и ако не сте биле, ви препорачувам да го посетите иако е доста тешка тура, па најпаметно е со организирана посета со кампување - најчесто во периодот мај, јуни, јули кога е водопадот е најбогат со вода....а и сите други наведени во темава - имаме фантастична природа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom