Touch

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се сеќавам добро на внатрешноста на вратата на човекот којшто го спаси од ограбувачот.
Кога Кифер влезе во продавницата, таа каде се вршеше грабежот... Е тука над вратата има еден кадар 1-2 секунди е, бројката 318 се покажува. :)

Аха, видов сега. Не приметив кога ја гледав. А и во третата не приметив ништо :D
 
Коа ја глеав првата епизода, на расплетот се ежев 4,5 минути. Дел од можноста за таков расплет, дел од самата конкретна ситуација. Одлична серија.
 
Со третата епизода ми се врати надежта за серијава. Конечно мрднаа со дејствијата подалеку од градот, ми беше малце глупо по првата епизода од цел свет, да следи епизода онака у 1 град само. Во оваа се подобрија и пак го имам чувството како по пилотот. Се надевам дека ќе задржат некои од ликовиве и понатаму, освен Азијатките, за да се продлабочи поврзаноста. До сега имаше од секој континент личности и се надевам дека ќе се спојат сите во една голема приказна.

Што е со соба 6? Кој има таму? Не оставам шанса да биде нешто надприродно, зашто не е нешто што мислам дека серијава го нуди.
 
Уффф доста јака сцена со врискањето :) Мада не ми заврши со којзнае каков wow moment.
 
Втората епизода ништо посебно , третата сега ја изгледав доста интересна беше , добро кажа Дарк Кинг кога дејството се одвива низ целиот свет е поинтересно ...

шо беше со количката финтата? демек има некој у 6ка затворено?
И јас така сватив дека има некој внатре во 6ка.
 
Добра беше третата епизода, многу подобра од претходната. Особено сцената со вриштењето. Можеби има некоја надеж за во иднина, пример, собата бр.6 и јапонките со мобилниот кој никогаш не се празни.
 
Освен првите 30 секунди каде Џејк зборува за огнените мравки - све останато ми беше тапа и без поента. Делот со девојката што ја откачија, денсерот и африканците - тотално непотребни и ставени само за да попунат време. Џејк веќе апла ми иде на нерви така да сите сцени со него ми се одбивни. Едино тој делот со "невидливиот принц" беа мала промена.

Не знам за вас али јас на серијава не и' гледам некаква иднина. Нема поента. Еве веќе 3 епизоди не направија некој заплет кој би се вртел понатаму. Мартин е просечен човек, така да нема непријатели од кој би бегал во иднина. Никој не е скаран со никого, никој никого не мрази...
Не знам, со ваков концепт серијава би тапкала во место. Можат на пример да направат Џејк и овој новиов некако да ги спојат силите и да му помогнат на светот, али веќе тоа ќе биде апла претеризам.
 
Ах.. зошто ја отворив темава.. -.- Уште една серија на листата... ама мора да ја гледам по сите овие коментари.. :)
torrent downloading... xD
 
шо беше со количката финтата? демек има некој у 6ка затворено?
На што ти изгледам јас? Од кај би знаел? :) Не сум Џејк, заеби аватарот :D
Како и сите, и мене ме интересира.
Делот со девојката што ја откачија, денсерот и африканците - тотално непотребни и ставени само за да попунат време.
Како бе тотално непотребни? Многу животи се променија на арно поради сите тие дешавки... 1-та африканка и помогна на другата да се отараси од дечкото што ја малтретираше, и ја натера да го земе курсот/тестот со што ќе имаат поубав живот. Девојката што ја откачија си најде друг типац кој го имаше најтажниот ден и рече дека нема шанса да се насмее, но она го насмеа(мал но многу јак момент во епизодата за мене). Малиот тепаше на денс натпреварот и ја промовираше својата држава... + ќе има нешто со мобилниот и таа пејачката...
 
Третава беше добра. Моментот со девојката и тој што изгуби на натпреварот ми беше најдобар од епизодава.
 
На што ти изгледам јас? Од кај би знаел? :) Не сум Џејк, заеби аватарот :D
Како и сите, и мене ме интересира.

Глеам ја пратиш, па мислев да не не сум скапшал ја ко шо треба. Неврмајнд.
 
Еве само што ги изгледав 3-те епизоди и можам да кажам онака 9/10 :) :)
океј е si-fi ама немој само да претераат....Паа...чекаме сега 5 Април за нова епизода :)
 
Како бе тотално непотребни? Многу животи се променија на арно поради сите тие дешавки... 1-та африканка и помогна на другата да се отараси од дечкото што ја малтретираше, и ја натера да го земе курсот/тестот со што ќе имаат поубав живот. Девојката што ја откачија си најде друг типац кој го имаше најтажниот ден и рече дека нема шанса да се насмее, но она го насмеа(мал но многу јак момент во епизодата за мене). Малиот тепаше на денс натпреварот и ја промовираше својата држава... + ќе има нешто со мобилниот и таа пејачката...
И каква врска имаа тие 3 дешавки со серијата? Да не ќе отидат црнкине у Америка и по некоја рандом случајност да се сретнат со Џејк/Мартин? Или Џејк да не ќе биде новиот предизвикувач на натпреварот во денсање?
За Јапонките и мобилниот - да, и јас мислам дека ќе има некоја поврзаност (мада сеа пошто Јапонките го оставија мобилниот на таа девојката можно е нив да ги кикнат од серијава).

Али у принцип сега-засега во серијава НИШТО не се дешава.
 
Па добро де, не мора да имаат импакт на главното дејствие во серијата... уште на почетокот се гледаше дека ќе има такви ствари. Плус, да не заборавиме дека Џејк чувствува болка за секоја "неправилност" на планетава :)
Како и да е, те разбирам, ама не се согласувам со твоето мислење односно не ми смета што е така во серијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom