Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Исто и мене ми се дешава, на одредено време ми паѓат интернетот и по 30-60 секунди немам. Можно е нешто да подесат од кај нив да му звонам или џабе?
 
Имам Магента 2 пакет, на бакар, и осетив дека сецка интернетот (одредени периоди нема, пример на секој саат, отприлика по пола минута). Мислам дека е некоја заебанција на ППоЕ конекцијата, дали ви се случило и вас и дали има чаре?

Мене ме интересира ако земам Магента и искомбинирам да речеме 3 различни услуги од сите разни пакети дали на крајната сума на претплатата што ќе ја имам добивам -20% или?
 
Исто и мене ми се дешава, на одредено време ми паѓат интернетот и по 30-60 секунди немам. Можно е нешто да подесат од кај нив да му звонам или џабе?
Windows 8.1 имаш?
 
Мене ме интересира ако земам Магента и искомбинирам да речеме 3 различни услуги од сите разни пакети дали на крајната сума на претплатата што ќе ја имам добивам -20% или?
Да, на договор на 2 години, а МаксТВ би требало да е 200 денари. Мада ми нема стигнато првата сметка а уште немаат дојдено да наместат МаксТВ, тој шо ми го праеше договорот нешто зезна и сега си ја фрлаат топката еден на друг, а месец дена никој не иди да ми постави ресивер.
 
Исто и мене ми се дешава, на одредено време ми паѓат интернетот и по 30-60 секунди немам. Можно е нешто да подесат од кај нив да му звонам или џабе?
Тоа и јас прашав, мислам дека има врска со рутерот и подесувањата за ППоЕ конекцијата. Пробав и да сменам ДНС на бесплатните од гугл, да видам да не е и до ДНСот. Иначе некои сајтови само не работат 30тина секунди до минута, други работат, а некогаш и само текст вади, а цсс, јаваскритпи и слики не.
 
Windows 10 Enterprise
Ја имав ваков проблем на секое снемвев интернет на Windows 8.1 Enterprise ставив Pro и после upgrade на Win 10 и се реши проблемот.
Овај error ми го даваше the connection between your access point router or cable modem and the internet is broken, дома беше еден од телеком неколку рутери смена ништо не се седи и ме праша кој оперативен систем имам ко му кажав се прекрсти. Овие ZTE Speedport биле најпроблематични со Huawei се решавал проблемот ама не за долго, направи downrage од Enterprise на Pro дека security протоколите од Enterprise ја кршеле конекцијата меѓу рутерот и network адаптерот од компјутерот/лаптопот.
Ако чекаш тие од Скопје да го решат овај проблем ќе се изначекаш дека јас еден месец губев нерви со нив.
 
Како, како...Enterprise верзија на windows правела проблем, а Pro не? Јас не знам само зошто сѐ уште има корисници на Телеком. Такви глупаци во технички служби нема во ниеден друг оператор. Не може windows да биде проблемот (верзијата), туку нивната неписменост да спроведат мрежа по сите стандарди. Ах колку ми е мило што немам диплома од "информатички" факултет!
 
Да, на договор на 2 години, а МаксТВ би требало да е 200 денари. Мада ми нема стигнато првата сметка а уште немаат дојдено да наместат МаксТВ, тој шо ми го праеше договорот нешто зезна и сега си ја фрлаат топката еден на друг, а месец дена никој не иди да ми постави ресивер.

А пример во Магента 1 М што е делот со 2та броја кои имаат неограничени разговор и интернет дали можам да земам + 1 број да бидат три или неможе?Ме интересира колку би ме коштало тоа..
 
А пример во Магента 1 М што е делот со 2та броја кои имаат неограничени разговор и интернет дали можам да земам + 1 број да бидат три или неможе?Ме интересира колку би ме коштало тоа..
Тоа не знам точно, ама мислам дека мора да имаш минимум 2 броја. Јас имам 4 сим картички кои ги селектирав соодветно на Л, М и 2 на С, интернет на М, и МаксТВ која уште чекам да се решат да ми ја наместат (веќе еден месец)
 
Можеби не е за оваа тема ама толку да се чека за приклучок и преземање на фиксен број од друг оператор тоа го има само во Т-home.Мислиш се најдобри и најскапи ама услугата на шалтерите и тие редици од чекања во нивните салони те прави на уште несклучен договор истиот да го раскинеш. За жал кога сум се фатил во орото ке чекам и ке трпам нема каде човек да се пожали на нивната неажурност. Чекам за приклучок на интернет и ИПТВ од 23.01.2016 година, што е за право броевите ми ги дадоа уште истиот ден а како што ми рекоа ке ми стигне и првата сметка за плакање за тоа се тата мата,
 
А што мислеше, плукни - залепи работава? :D
 
А што мислеше, плукни - залепи работава? :D
Види во денешни услови со секојдневна надградба на својата мрежа и на опремата со која располагаат треба да биде плукни залепи, ама нив тоа многу не ги засега си влегол со нив во оро и ке го играш за жал по нивни ноти.
 
некој случајно да не има проблеми со програм за стримање - acestream и проблеми со рутер. Кога ќе ја уклучам апликацијата после одреден период заглавува рутерот, паѓа конекцијата ( нема ни тв ни интернет ) се реконектира и повторно после одреден период (2-3 минути) паѓа. Без уклучен acestream нема никаков проблем
 
Кој е најдобар рутер/модем што го дават т-хоме? бакар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom