Вака дечки, пазете сега. Направив мал research и ги дознав следниве работи (можеби некој ги знае, но сепак за секој случај ке ги пишам).
Значи ова важи за секој што планира да купува наслов на овој sale. Подоле ќе има FAQ.
1. Купете ја играта САМО ако се наоѓа во "Daily Deal" или "Flash Sales". Обично во овие 2 категории игрите добиваат најголем попуст.
2. НЕ ја купувајте играта ако се наоѓа во обичниот store sale. Зашто? Затоа што овој "обичен store sale" трае до 30ти Јуни (датата кога завршува summer sale-от). Е сега, до тогаш, шансите тој наслов да е во Daily или Flash sale се многу големи. Да не биде после сте ја купиле играта за -50% од обичен sale, а после неколку дена истата дошла на Flash sale.
3. Доколку пропуштите наслов на daily или flash sale, не го купувајте одма. На претпоследниот и последниот ден од summer sale-от сите најпродавани deals од претходните денови ќе се вратат за последен пат како daily и flash sale. Со еден збор, чекајте до 30ти Јуни и тогаш изнакупувајте се (освен ако не го видите насловот што го сакате во Daily или Flash sale. Мала е веројатноста насловот да добие помал попуст).
4. Доколку играта е во community choice, купете ја. Истото важи и со bundle-овите на компаниите, најчесто нудат многу добри попусти.
FAQ
-Што е обичен store sale?
- Обичен store sale е распродажба која не е featured на главната страна туку “скриена“ распродажба која се наоѓа низ Стим-от. Не купувајте игри од овој sale, барем до 30ти Јуни.
Што е flash sale?
- Flash sale е брз попуст на кој има 4-5 игри и кој се менува на секои 8 саати. Попустите се движат од 50%-90%.
Што е daily sale?
- Самото име кажува, на секои 24-48 саати се менуваат насловите, најчесто со 25%-75% попуст.
Што е community choice?
- Community choice е 1 наслов изгласан од страна на корисниците, и тој следен ќе биде на sale.
Сликовито:
P.S.
@Max Legend Контактирај ме по пп.