Slowcore(Sadcore)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Slowcore е вид на музика која се слуша обично кога човек подлегнува да дремни малку, кога се излежува в кревет, кога патува во оние препознатливи магливи утра , кога надвор времето е за никаде, замрсено, а ти дремиш пред компјутер без некоја посебна цел за тој ден, или најмногу кога те има фатено мрзата Лесно кулирчка музика која паѓа во сенка во тие 90-ти години кога гранџот растура и најавува една поинаква музичка еволуција.

Slowcore претставува поджанр на алтернативниот рок.

Карактеристични за овој вид се флегматските мелодии, спорото темпо, елементите на минимализам.
Гитарите се обично чисти, без некоја потешка дисторзија.
Се појавува во почетокот на 90-тите години. Low се сметаат за едни од основоположниците на ваквиот вид музика. Претходно се појавуваат Galaxie 500 и American Music Club како бендови со огромно влијание во дефинирањето на овој правец. Што се однесува до самиот термин Slowcore се јавува мала контрадикторност, бидејќи знаеме обично core со што се поврзува. Па така не ретко се случува од фановите и членовите на бендови кои се занимаваат со овој вид музицирање, да се употреби терминот Sadcore.

Но како што претходно кажав, фокусот во 90ти е поставен во едно друго движење, па така правецов е слабо популарен.

Темава ја отворив чисто за да го обележиме и ваквиот вид на музика која понекогаш знае да биде интересна.


Или преку слика вака некако.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
@Andrew

Често пати слоукор бендовите знаат да користат и вметнат пост рок елементи, пошто нели во 90ти се јавуваат и двете чуда некако. Но и обратно пост рок бендовите користат и слоукор елементи. Инаку има разлика. Овде обично го немаш тој препознатлив дилеј кој како низ ехо да одекнува преку седум планини и мориња. Овде е поедноставно, споро гитарче кое вади мрзелив звук.

Темава не дека ќе има некој развој или слично, но како што реков, да го обележиме и овој момент во подфорумот :D

 
W

Werther

Гостин

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Еве уште еден бенд, тесно поврзан со Songs:Оhia.

Сега пред скоро почина фронтменот(т.е заедничкиот вокал за двата бенда), на 38 годишна возраст мислам, или така некако, али ептен млад замина.

Песнава кога ја открив, на рипит ми беше сигурно 2 дена.
 
G

garthok

Гостин
@Andrew

Често пати слоукор бендовите знаат да користат и вметнат пост рок елементи, пошто нели во 90ти се јавуваат и двете чуда некако. Но и обратно пост рок бендовите користат и слоукор елементи. Инаку има разлика. Овде обично го немаш тој препознатлив дилеј кој како низ ехо да одекнува преку седум планини и мориња. Овде е поедноставно, споро гитарче кое вади мрзелив звук.

Темава не дека ќе има некој развој или слично, но како што реков, да го обележиме и овој момент во подфорумот :D

Супер звучат, си го пуштив моментално оушн бич...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Еве едно бате, вчера шо го најдов на last.fm.
Звучи доста искулирано. Последниот негов албум го симнав во FLAC, убавини тивки.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Почнувам ептен да спамирам со фациве, редно е една тема да им отворам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom