С
сашенко
Гостин


Serie A: Juventus - Milan (2-10-2011; 20:45h) Juventus Stadium, Turin, Italy

Можни формации
JUVENTUS
Buffon
Lichtsteiner, Barzagli, Chiellini, De Ceglie
Marchisio, Pirlo
Krasic, Vucinic, Matri, Pepe
МИЛАН
Abbiati
Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini
Nocerino, van Bommel, Seedorf,
Aquilani
Ibrahimovic, Cassano
Последни меѓусебни дуели:
Juventus vs AC Milan 0-1
AC Milan vs Juventus 1-2
AC Milan vs Juventus 3-0
Juventus vs AC Milan 0-3
AC Milan vs Juventus 1-1
Моментална позиција на табела
Juventus - 1
АC MILAN - 11
Сезона 2010/11
Јuventus - 7
AC MILAN - 1
Дербито на ова коло, можеби не според состојбите на табелата но според историјата и имињата што ги носат двата тима.Милан, бранителот на титулата не ја почна сезоната како што посакуваше, но нивните цели оваа година се јасни.Одат на одбрана на титулата и ке се обидат што побрзо да го заборават лошиот старт и со победа воТорино да се вратат на победничките патеки.Летниов период се засилија со неколку нови имиња и годинава немаат ништо помали амбиции од претходната сезона и целат на титуалта повторно.Од другата страна пак тимот на Јувентус кој изминативе неколку години прави големи промени во летните трансфер периоди конечно успеа да состави тим по мерка на тренерот.Упеаа да ги пополнат оние дупки во кои минатите сезони им претставуваа голем проблем.Донесеа доста промени во составот, нови играчи, нова формација (ако може така да се каже) и како по традиција и нов тренер.Оваа година на тренеското столче седна нивната клубска легенда Антонио Конте кој ужива голема доверба кај фановите.
Дербито ке се одигра на новиот стадион на Јувентус кој го носи името ЈУВЕНТУС СТАДИОН.Собира 42,000 гледачи што е доста поголем во однос на олимпискиот стадион во Торино каде што Јувентус играше изминативе неколку години.Фановите очекуваат на новиот стадион да се направи одлична атмосфера и да се бодри нивиот тим на вистинскиот начин.Со новиот стадион јувентус започнува и нова ера во својата историја (се надеваме успешна) и ова е првиот голем меч кој ке се одигра на овој стадион.И двата тима имаат големи очекувања, јасно изјавија дека ке одат на победа играчите и од двата тима.Ке има голема борба, и се надеваме дека ке гледаме одличен фудбал.Нека победи подобриот..
Во нeдела во New York Caffe на кеј (екс картел), собир за гледање на утакмицата.Мислам дека сега за сега се Јувентус фанови само, доколку се јави интерес незнам зошто и не би гледале заедно.Доколку има заинтересирани ке се договориме и за локациајта дали да остане таа, бидејки мора сите да бидат информарани дека ке гледаме заедно да не испадне после работата на лошо
