[Serie A] Јувентус - Милан 2:0

Кој мислите дека ке биде победник во големото дерби?

  • Јувентус

    Гласови: 60 52,6%
  • Милан

    Гласови: 48 42,1%
  • Нерешено

    Гласови: 6 5,3%

  • Вкупно гласачи
    114
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
С

сашенко

Гостин
VS
Serie A: Juventus - Milan (2-10-2011; 20:45h) Juventus Stadium, Turin, Italy​


Можни формации​

JUVENTUS

Buffon
Lichtsteiner, Barzagli, Chiellini, De Ceglie
Marchisio, Pirlo
Krasic, Vucinic, Matri, Pepe

МИЛАН

Abbiati
Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini
Nocerino, van Bommel, Seedorf,
Aquilani
Ibrahimovic, Cassano

Последни меѓусебни дуели:

Juventus vs AC Milan 0-1
AC Milan vs Juventus 1-2
AC Milan vs Juventus 3-0
Juventus vs AC Milan 0-3
AC Milan vs Juventus 1-1

Моментална позиција на табела
Juventus - 1
АC MILAN - 11

Сезона 2010/11
Јuventus - 7
AC MILAN - 1

Дербито на ова коло, можеби не според состојбите на табелата но според историјата и имињата што ги носат двата тима.Милан, бранителот на титулата не ја почна сезоната како што посакуваше, но нивните цели оваа година се јасни.Одат на одбрана на титулата и ке се обидат што побрзо да го заборават лошиот старт и со победа воТорино да се вратат на победничките патеки.Летниов период се засилија со неколку нови имиња и годинава немаат ништо помали амбиции од претходната сезона и целат на титуалта повторно.Од другата страна пак тимот на Јувентус кој изминативе неколку години прави големи промени во летните трансфер периоди конечно успеа да состави тим по мерка на тренерот.Упеаа да ги пополнат оние дупки во кои минатите сезони им претставуваа голем проблем.Донесеа доста промени во составот, нови играчи, нова формација (ако може така да се каже) и како по традиција и нов тренер.Оваа година на тренеското столче седна нивната клубска легенда Антонио Конте кој ужива голема доверба кај фановите.​

Дербито ке се одигра на новиот стадион на Јувентус кој го носи името ЈУВЕНТУС СТАДИОН.Собира 42,000 гледачи што е доста поголем во однос на олимпискиот стадион во Торино каде што Јувентус играше изминативе неколку години.Фановите очекуваат на новиот стадион да се направи одлична атмосфера и да се бодри нивиот тим на вистинскиот начин.Со новиот стадион јувентус започнува и нова ера во својата историја (се надеваме успешна) и ова е првиот голем меч кој ке се одигра на овој стадион.И двата тима имаат големи очекувања, јасно изјавија дека ке одат на победа играчите и од двата тима.Ке има голема борба, и се надеваме дека ке гледаме одличен фудбал.Нека победи подобриот..​

Во нeдела во New York Caffe на кеј (екс картел), собир за гледање на утакмицата.Мислам дека сега за сега се Јувентус фанови само, доколку се јави интерес незнам зошто и не би гледале заедно.Доколку има заинтересирани ке се договориме и за локациајта дали да остане таа, бидејки мора сите да бидат информарани дека ке гледаме заедно да не испадне после работата на лошо:D
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Се си мислам дека Јуве ќе тепа , не знам зошто немам никакви симпатии кон двата тима ама сепак мислам дека Јувентус ќе тепа, добро почнаја годинава со резултативе па зошто и да не ги победат Милан?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.188
Поени од реакции
18.265
Мислам дека се Милан повоиграна екипа ,поголем број од лани им останаа играчи и заедно се веќе втора сезона.Најдобар поединец според лично мислење им е ниту Ибра ниту Касано ,туку Сидорф / Зедорф :D.
Кај нас играчите се поголем процент нови ,ама квалитетни.Чекаме доказ на терен ,добро би било да победиме со еден од најголемите ривали.Утре ќе е прв сериозен тест за силината на оваа екипа и колку е Конте способен за креирање тим за титула.
Моја желба е слатка победа со барем еден гол на Пирло и се надевам дека утре че ги потепаме :D
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Изгледа поради заморот нема да настапат дел од играчите на Милан во овој меч, но се надевам дека росонерите ќе ги освојат трите бода..
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Навивачки ќе гласам за победа на Милан но мала предност на мечов има Јувентус поради домашниот терен и ако не се лажам тимот им е комплетен за разлика од Милан кој што неможе глава да крене од повредите.
Abbiati
Zambrota, Nesta, Thiago Silva, Taiwo
Nocerino, van Bommel, Seedorf,
Aquilani
Ibrahimovic, Cassano​
Ова би требало да биде стартниот состав на Милан ако не се повреди уште некој :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Ќе биде интересен натпревар. Јувентус добро го склопи тимот за оваа сезона, според мене тие се благи фаворити за овој меч. Иако очекувам голема борба и од Милан.

Мој тип: 2 - 1.(y)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.735
Поени од реакции
60.093
Ставете уште две опции во анкетата, нерешено и не ми е гајле :)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.582
Поени од реакции
15.084
Навивачки ќе гласам за победа на Милан но мала предност на мечов има Јувентус поради домашниот терен и ако не се лажам тимот им е комплетен за разлика од Милан кој што неможе глава да крене од повредите.
Abbiati​
Zambrota, Nesta, Thiago Silva, Taiwo​
Nocerino, van Bommel, Seedorf,​
Aquilani​
Ibrahimovic, Cassano​
Ова би требало да биде стартниот состав на Милан ако не се повреди уште некој :)
Немој да се изненадиш ако ги видиш Бонера и Антонини во тимот утре... не мора двајцата, барем еден од нив. :) На местото на Аквилани најверојатно ќе игра Боатенг.

И добро, мораше ли да го почнете воведот со тоа дека ова е дерби иако тоа не го покажува табелата? :))) Па, чекајте бе луѓе, уште не почнала сезоната како што треба, а вие табела гледате за тоа што е дерби. Како да е декември, а Милан е на средина, а Јувентус да е прв. :)

Не ги гледајте толку резултатите од претходните натпревари на Милан и Јувантус, посебно на Јувентус. Тие играа со шкљ екипи, а освен на првиот натпревар на другите не им одеше многу со голови, постигнуваа само по еден гол, а не создаваа ни шанси. Има нешто што се покажа како фалинка за двете екипи, слабо реагираат на контри. Доста шанси правеа противничките екипи преку контри, кај нас тоа посебно се виде против Наполи, затоа што тие се способна екипа да казнат, Јувентус за нивна среќа до сега не играа со таков противник. Тие сигурно ќе тргнат офанзивно и на победа, а не сум сигурен дека се спремни за таква игра. Пирло се повеќе е склон да губи топка кога ќе му се изврши пресинг, а тука е и Красиќ со непотребни дриблинзи, оставаат многу простор позади себе, нема да ме чуди Јувентус да прими гол токму по нивна грешка. Искрено со ова што го игра Конте и не може да има добра трансформација од напад во одбрана (со овие играчи).

Ќе видиме како ќе тргне натпреварот, но освен првите дваесет минути, не очекувам повеќе Јувентус да доминира на средината. Гледајте утре ќе видите дека средината ќе ја добие Милан, а Јувентус поголемиот дел на натпреварот ќе ја скока со долги топки на Пирло. (добро се зависи и од резултатат, брз гол може се да промени)

Јувентус 45% - Милан 55%
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Немој да се изненадиш ако ги видиш Бонера и Антонини во тимот утре... не мора двајцата, барем еден од нив. :) На местото на Аквилани најверојатно ќе игра Боатенг.
Може Антонини да го стави лево да игра но чисто сумљам.За Бонера шансите во 1 тим се 0,01%.
Боатенг го заборавив јас што е и нормално после толку повреди.Утре дефинитивно треба тој ќе стартува пред Аквилани.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Нормално дека ќе си гласам Јуве да победит......
И немојт никој да ме убедит дека милан е подобра екипа од Јуве, ама моментално заради повредите не им оди..........
Ќе видите на крај сезона кај ќе биде милан а каде Јуве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom