Mock Documentaries = Mockumentaries. Пародија на документарни серии. Популарноста на овој жарн расте се повеќе и повеќе во последно време. Гледа некој такви?
Мојот омилен жарн, бидејќи:
Има уште многу причини да се набројат, верувам дека и вие ќе напишете нешто за овој божествен жарн.
Инаку, mockumentar-ите можат и да не бидат комедии. Повеќе инфo. на wiki.
Предложете ми добри серии од овој вид. Еве јас кои ги имам гледано со нивна оцена (можеби рецензии ќе напишам подоцна)
The Office (US) - 9.5/10 пола поен одземав бидејќи Мајкл си отиде. Оваа серија ме зарази со жарнов.
Party Down - 7/10 многу потценета серија е, ајде хипстери, палете!
Modern Family - 8/10 пола од оцената ја добива Фил, да не беше тој, серијата немаше да ми биде смешна толку колку што ми е сега.
Curb Your Enthusiasm - 8.5/10
Arrested Development - 7/10
Flight of The Conchords (мислам дека не спаѓа во mockumentary, но не сум сигурен, anyway...) - 9/10
Teмава ја сместив во подфорумот серии бидејќи има многу повеќе серии од овој жарн отколку филмови.
Мојот омилен жарн, бидејќи:
- Најчесто случките ги прикажуваат на реален начин. Нема вештачки хумор и наместени шеги.
Целата атмосфера на сериите е супер со тоа што те тераат да мислиш дека ова е вистинска документарна серија и ова навистина се случило. (не е скриптирано)
- „Играњето“ со камерата. (посебно ако е со една камера)
- Интервјуата со ликовите. (ова го нема во сите серии, но во повеќето го има.)
- Делумно или целосно се импровизирани. (затоа и случките најчесто се прикажани на реален начин)
- Нема laugh track. (скоро кај сите серии) Ова е нешто највеќе што ме нервира кај комедиите. Колку и да е лоша серијата, ќе ми се допаѓа само ако нема lauhgh track. Да, вистина е, толку многу мразам laugh track.
- Ликовите. За ова има повеќе причини. Нема големи ненадејни промени во ликовите. Во повеќето серии треба прво да го запознаеш добро ликот за да ги сфатиш шегите - затоа и повеќето серии не се смешни ако не ги гледаш од почеток или не си запознаен со ликовите. Голема грешка им беше на канал5 што ја даваа The Office, кога некој рандом човек ќе се приклучеше на сред епизода, ништо немаше да му биде смешно.
Подобро се поврзуваш или се пронаоѓаш во ликот. Ликовите се реални и нема промени во нив, а најдобро можеш да се пронајдеш во лик кога е реално изглумен.
- Кога ликот ќе погледне во камерата. Ова го немам забележано во многу серии (само во T.O., Parks and Rec и Modern Family). Не знам зошто, но ова ми е многу смешно и кул.
Можеби бидејќи веќе си запознаен со ликот, и само со поглед може да ти „каже“ што мисли. Пример: http://www.youtube.com/watch?v=Ly84CagzobU. Друг пример што ми текнува моментално, на кој многу се смее, а нема клип на YT од тоа е на Modern Family, кога Фил ја прескокна скршената скала и само погледна во камерата. За тие што не ја гледаат серијата, во куќата на фамилијата има една скрешна скала и повеќето ликови кога одат по скалите се спрепињаат на неа, најчесто Фил. Кога Фил ќе се спрепне, вика: I got to fix that step. Тоа им е ongoing joke (така ли се викаше?). Eдна сцена имаше кога ја прескокна скалата (обично секогаш гази на неа) и само погледна во камерата. На оваа сцена се смеев повеќе отколку на скечевите од Монти Пајтон. Затоа и погледите во камерата е една од причините зошто сакам мокјументарис.
- Потребен е голем талент за да се глуми во ваква серија. Ова мене не ми значи ништо, ако актерот не е ни малку талентиран, а може да ме насмее, не гледам проблем во тоа. Или пак само затоа што е потребен талент за да се направи нешто, не значи дека е добро и дека треба да ти се свиѓа. НО... Повеќето го ценат талентот па да напишам нешто за тоа. Потребен е талент бидејќи треба актерот да ја задржи хемијата на ликот цело време. Многу е тешко да се насмее публиката со лик во кој нема промени. Глупо е кога некој во акција би рекол: Морам да се чувствувам како навистина да сум [ликот што го глуми], јас додека глумам не сум [aктерот], јас сум [ликот]. E ова го оправдувам кај актерите во mockumentaries
- Повеќето серии имаат интелигентен хумор. Ова не ми е многу битна причина, НО... На повеќето им е.
Има уште многу причини да се набројат, верувам дека и вие ќе напишете нешто за овој божествен жарн.

Предложете ми добри серии од овој вид. Еве јас кои ги имам гледано со нивна оцена (можеби рецензии ќе напишам подоцна)
The Office (US) - 9.5/10 пола поен одземав бидејќи Мајкл си отиде. Оваа серија ме зарази со жарнов.
Party Down - 7/10 многу потценета серија е, ајде хипстери, палете!

Modern Family - 8/10 пола од оцената ја добива Фил, да не беше тој, серијата немаше да ми биде смешна толку колку што ми е сега.
Curb Your Enthusiasm - 8.5/10
Arrested Development - 7/10
Flight of The Conchords (мислам дека не спаѓа во mockumentary, но не сум сигурен, anyway...) - 9/10
Teмава ја сместив во подфорумот серии бидејќи има многу повеќе серии од овој жарн отколку филмови.