Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
Европа чоколадите се топ, само жалосно е шо Европа не замараат со реклами по ТВ, затоа сите по дифолт се фаќаат за добро изрекламиран бренд.
Имаме ние и те какви квалитетни производи, само не се изрекламирани. Нашите црепови штедат на најважното - реклама и амбалажа.
Не може Европа 100 години да опстојува на пазарот со една иста амбалажа на производи. Стварно желе бонбоните им се врв, ама ко ќе ја видам амбалажата ми се плаче. Чоколадните бонбони се 100 пати боље од на Краш, ама не можеш на гости да ги однесеш од причина шо амбалажата им е крш.
Еве имале и веб страна, па чисто да видите дали ова личи на амбалажа за бонбоњера
или чоколадиве
Се додека во фирмите се вработуваат ќерки, синови, внучиња, братучетки за да не седат дома, туку да клатат врата и да зимаат плата, сеа не е важно шо не ги бива за функцијата на кои се поставени (битно фирмата е у раце на фамилијата) ќе си купуваме странски производи.