Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.999
- Поени од реакции
- 61.817
Џабе си го гледал. Ништо не си сфатил и сега Io, VLJ и Iceboy ти се криви 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Нов филм на тапет, за да се спојлериса некој во генерална.
Филм на тапет: Gravity (2013)
Gravity
http://www.imdb.com/title/tt1454468/
Ремек дело.
Вистинско ремек дело.
Филмов означува нова ера на филмови, филм кој за првпат ја покажува човечката беспомошност и ‘инфантилност‘ во суровата вселена. За филм од 1967 година е навистина иновативен и оригинален.
Освен што филмов искочи во 2013-та.
Малку посериозно мислење - филм од 1968-ма година на преалистичен и подобар начин го прикажа истото што и овој филм сакаше да го прикаже.
Ако се изземат визуелните ефекти и добриот саундтрек, добиваме просечен филм со тапа глумци, срање скрипта и поента стара 45 години.
Филмов ја продолжува ерата на означување просеци како ремек дела.
Како ги спореди Одисеја 2001 и овој филм не ми е јасно. Заеднички точки им се само што двата се одвиваат во вселената. И толку. Постојат стотици филмови со дејство во вселена, со сосем различен жанр и смисла.
Одисеја во својата срж е приказна за еволуција и прикажува период од милјарди години.
Gravity е авантура/приказна за преживување. Филм од час и половина, за дејство кое исто така се случува час и половина.
Настрана од то, те немам прочитано да дадеш позитивна критика на филм ако не е постар од 30 години и од странска продукција.
Како тоа Гравити бил лош зошто имал тапа глумци. Во одисеја кои беа јаки глумци, мајмуните?Одисеја не е филм за преживување? Грешка си.
Gravity буквално ја копира идејата за човекот како фетус во вселената, како беспомошен инфант кој се обидува да искочи од утробата на вселената, за да биде прероден. Буквално иста поента имаа и Одисејата и Гравитација. Буквално исти аналогии и исти идеји. Освен што Гравитацијата освен таа идеја немаше ама ништо друго во својата содржина.
Не знам како е релевантно, но јас давам критики на филмови кои се а) фантастични и вреди да се препорачаат на други или б) филмови на кои популарноста им го надвишува квалитетот.
Како тоа Гравити бил лош зошто имал тапа глумци. Во одисеја кои беа јаки глумци, мајмуните?
Ми се надига кога ќе видам некој да кења за Гравити или му дава оценка под 8 . Камерата ВЛАДЕЕ , ќе се помни оваа режија ! 90 минути кои те носат во кожата на главните актери . Споредба со Одисејата праватАрно барем ви објаснија одма ( мада тврда глава инатлива тешко да прифати објаснување дека не е во право , џабе и да му нацрташ)