DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.912
Не мораше да ме цитираш за волку безначаен хејт.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Не мораше да ме цитираш за волку безначаен хејт.
Мислев само да ти реплицирам на маабетот за сцената со танцот, но потоа се вклучи хејт mode и мораше да се доискажам :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Си владее филмов, кежуал и сладок. Апсолутно ништо не ми беше исфорсирано, заслужен хајп и номинација.


\m/
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мислев што филм да ставам за дискусија, а да е хејтан и да има доза мистерија и мислам дека последниов што го гледав The Words е супер прилика за да го ставиме овде. Башка не е ни нешто посебно споменуван на подфорумов, па мислам го немаат многумина гледано и еве прилика да си симнат филм.



Филм со три приказни во себе. Приказната во себе има испреплетено доза мистерија, романса и треба да одлучите според она што го гледате што е фикција, а што е реалност.

Има солидна актерска екипа составена од Бредли Купер, Џереми Ајронс, Зои Салдана и Бен Барнс. Критиката го растури филмов со лоши критики. Велат дека е претенциозно парче што не ја остварило поентата и триста мити други лоши критики, па на вас останува да го споделите вашето мислење дали се согласувате со нив или сметате дека е океј филм.

Крајот е оној што ги нервира повеќето што ги гледале. Луѓево околу мене викаат не ми се допаѓа, затоа што нема крај. Е сега дали е така или не, ќе продискутираме. Па бујрум кој го гледал нека се произнесе, кој не, нека го погледне па да продискутираме.

 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Која поента сакале критичарите да ја оствари филмов?

Мене крајот супер ми беше. Секогаш ги сакам филмовите што немаат крај. Многу ми се добри сцените со стариот човек, посебно кога прв пат зборуваат на клупите


Стариот човек убаво го советуваше дека зборовите се само зборови и дека сите правиме избори и треба да живееме со нив. Тоа што Даниела на крајот го претпостави за Рори беше и реалноста за Клеј, па затоа со неговата нова „фиктивна“ книга сака да се ослободи од лагата без да сјебува репутација. Сигурно Клеј си ги сакал зборовите повеќе отколку својата жена, како и стариот човек.
Објаснувањево ко шпанска серија :D

Overall, супер филм што не го заслужува хејтот од критичарите
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Која поента сакале критичарите да ја оствари филмов?

Мене крајот супер ми беше. Секогаш ги сакам филмовите што немаат крај. Многу ми се добри сцените со стариот човек, посебно кога прв пат зборуваат на клупите


Стариот човек убаво го советуваше дека зборовите се само зборови и дека сите правиме избори и треба да живееме со нив. Тоа што Даниела на крајот го претпостави за Рори беше и реалноста за Клеј, па затоа со неговата нова „фиктивна“ книга сака да се ослободи од лагата без да сјебува репутација. Сигурно Клеј си ги сакал зборовите повеќе отколку својата жена, како и стариот човек.
Објаснувањево ко шпанска серија :D

Overall, супер филм што не го заслужува хејтот од критичарите
Ти како го тумачиш крајот, фикција беше приказната или реалност?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас го мислам истото, затоа не знам како толку луѓе филмот го протолкуваа како збунувачки. Разделен со жена му, неа никаде не ја даваат, поочигледно од тоа не може. Само не знам на кој мудрец му текна да ја спои Оливија Вајлд и Денис Квејд, како дедо и внука. Тапа работа.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Филмов го глеав пред некое време, и ми е плагијат.

Уште на пола филм ми текна дека веќе го иам глеано истото со мали разлики. Не ми текнува дали на некоја серија, или филм..
Разликата од серијата (филмот?!) е што таму се работеше за убиства напишани до ситен детал...
Ако некој го има глеано ова што зборам и му текнува како се викаше нека ми прати ПП :)

Да не ми беше филмов, веч виџено, сигурно на друг начин ќе го доживеев.
Не е ова филм што би го гледал повеќе од еднаш.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Леле дај сменете го насловов на темава.
Пример, sugar-free значи нешто што не содржи шеќер.
Значи, spoiler-free би значело дека тука нема спојлери.
Многу појасен наслов би бил Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Одамна ми стоеше симнат во компјутер, и еве сега само што го догледав и баш супер филмче излезе.
Незнам зошто толку голем хејт добил од критичарите, незнам што сакале со крајот они, мене баш ми се свиѓаше како беше претствано сето тоа. Е сега да како шо кажа и Рокенрола комбинацијава на Оливија Вајлд и Денис Квејд им беше една голема утка, дедо може комотно да и биде, ама ајде.
И јас мислам дека сето ова беше реалност, приказната што ја раскажа е само начин на којшто Клеј ќе ја раскаже приказната на целиот свет, нема да постои таа тајна повеќе, а во исто време ќе си остане познат автор, нема да му се заебе репутацијата.
Е сега во сето тоа може да се вметне и народната "Не се кити со туѓи перја", оти ако продолжиме со мислата дека сето ова што беше раскажано му се случило на Клеј, тогаш поради тоа негово китење со туѓи перја он си го заебал бракот, ја испуштил жена му што ја сакал (нели сеуште го носи прстенот на раката), ја испуштил шансата да основа фамилија (нешто што одсекогаш го сакал) и ред други работи во животот.
За актерската екипа не ни треба многу, многу зборови да се кажуваат. Бредли Купер, Џереми Ајронс, Зои Салдана и Денис Квејд, сите одлично си ја завршија работата, посебно Џереми, кога ја раскажуваше приказната беше феноменален.
Overall, интересно филмче, ме задржа пред екран без да се замислам на нешто трето.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Сметам дека можеме повеќе да извадиме за дискусија неголи на тоа што остана од општи.
Многу недокршени копја останаа. :)

Дали мислите филмот беше уметнички, со приказна, глума и све најнајнајнај.
Или беше претенциозен обид на продавање магла, без конкретна поента и траеше цел ден.
Што конкретно ви се допадна, што не?

The Place Beyond the Pines

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.912
Прво да почнам со тоа дека сум од "Бел Бумбар" тимот, за оние што не прочитаа до сега. Филмот ми се допадна и покрај недостатоците мислам дека е еден од подобрите оваа година и своевидно освежување. Под тоа мислам дека - барем се обидоа. Претенциозно или не, повеќе би гледал филм кој е претенциозен и потфрлив во намерите отколку филм кој не се обидува да направи ништо. А повеќето филмови се токму тоа - ништо. Сат и триесет минути кои нема да си ги вратите повеќе, приказна која може да ја смисли просечен осмооделенец и актери кои не даваат а сингл фак за филмот и за тоа дека утре некој ќе ги гледа. Не дај боже некој да промени нешто, крупен кадар, шејки камера, поинаков саундтрак... ќе го утепаат критичарите одма.

Енивеј, прво, не мислам дека филмот е уметнички туку само дека режисерот на филмот е оригинален и станува еден од оние режисери кои оставаат печат на филмот. Истиот човек е и сценарист а колку што разбрав, идејата е на Рајан Гослинг. Имено, додека го снимале Blue Valentine Гослинг му раскажал дека има фантазија како ограбува банка и како би го направил тоа. Дерек подоцна напишал сценарио и му го пратил на Рајан, по што овој реши повеќе да не открива крими-фантазии за да не мора да ги глуми :)

Како и да е, централна појава во филмот е Гослинг и се околу него беше обвиткано со мистерија се додека MyloXyloto не му раскажа на пола форум што ќе се случи :) Во суштина, ликот на Гослинг, Лук, е човек со илјадници грешки во животот кои го довеле на самото дно. Оди од град до град со нешто како патувачки циркус за да заработи некоја пара и да преживее. На враќањето во еден град неговиот живот ќе се промени кога ќе разбере дека има син. Овде морам да кажам дека сцената во црквата е предобра, тоа е момент во кој Лук ќе се скрши, момент во кој ја разбира разликата помеѓу животот што го живее и животот кој можел да го има. Патем, тоа што нешто пука во Лук и тој почнува да плаче, го нема во сценариото, тоа е само момент кога емоции го надвладуваат Гослинг. И затоа го почитувам дечкото, сум пишал и порано, топ-професионалец кој се подготвува во детали за секоја улога. Саундтракот во таа сцена исто така одличен, а целата атмосфера ме потсети на сцената со крштевката во Кум.

Понатаму, Лук одлучува да се промени и наместо улогата на скитник ја одбира улогата на родител и сопруг, но бидејќи е на самото дно и без никаква вистинска работа, не може да обезбеди услови за нормален живот на синот и девојката. Некое време работи како механичар но заработува премалку. Решен е да направи се да го оствари својот сон за подобар живот и ризикува се. Низ неколку сцени режисерот не доведе до таа одлука и ја направи лесно разбирлива за секој.

Мислам дека повеќето ќе се согласат дека рандом режисер од овој момент би направил super-villain филм, за човек кој несфатливо од возач на мотор се трансформира во супер трениран ограбувач на банки, прави многу пари, си игра мачка и глушец со полицијата и филмот заработува брдо пари на кино благајните. Сепак, назад во реалноста, Гослинг е професионален моторџија но аматер во ограбување банки. Неговиот план е добар и иако тој изгледа како да е тазе излезен од робија, тој ја поседува онаа улична снаодливост. Но сепак има огромна трема и цело време додека ограбува е присутно она "What the fuck am I doing?". На крај го издава техниката но јасно е дека еден од овие грабежи ќе му биде последен, кај и да е.

Кога сум тука да напоменам дека сцените во банката се снимани не со статисти и актери туку со персоналот од банката. Или како што рече Гослинг: „Јас ги ограбувам, тие се смеат и ме сликаат со мобилен“ :pos:

Лук завршува како фамилија Старкови но се што прави, го прави несебично за неговиот син да живее подобар живот од него, да има образование и да се спаси од улицата. Лук иако пред самата смрт се срами од себе си и не сака неговиот син да знае за него, сепак умира како нов човек со сосема поинакви морални вредности од оние со кои живеел. Со тоа завршува приказната за промената на еден човек.

И тука почнува приказната за еден друг човек, но пред да почнам со тоа, да кажам уште и дека многу ми се допаднаа сцените на Гослинг и Мендез, имаше хемија меѓу нив и луѓето навистина се потрудија.

Другиот човек е Ејвори, полицаецот кој го убива Лук. Го игра Бредли Купер кој за жал не се издигна на нивото на Гослинг. Проблемот со оваа приказна е што не знам точно што е поентата. Можеби за разлика од Лук кој од човек со никакви вредности се промени на подобро, Ејвори е спротивност - чесен полицаец кој нема храброст да ја каже вистината и почнува да живее во тајни и да гради кариера врз лажниот имиџ за себе си. Длабоко во себе него сеуште го јаде прерано посегнатиот пиштол и тоа што не може да го врати, но не успева да најде начин да ги исправи работите. Мизерувањето на овој лик е прекинато со брзо префрлање во иднината во која тој е успешен политичар кој е разведен а синот му е во најмала рака проблематичен. Бледата претстава на Бредли Купер кулминира во моментот кога треба, а не може да заплаче, па целата сцена му е снимана од зад грб. Тоа е и разликата помеѓу Гослинг и Купер - едниот може да заплаче, иако не мора, а другиот мора, ама не може.

Тука некаде е и она што ги поврзува Лук и Ејвори - љубовта кон нивните деца. И двајцата се многу различни, но би направиле се за своите деца. Лук го ризикуваше животот, и го загуби, додека Ејвори дури и во моментите кога клечеше пред пиштолот, прашуваше за својот син. Иако малиот е потврден гад со тапија, Ејвори му прогледуваше се низ прсти. Но пак, целата приказна за Ејвори некако нема посебна поента и се гледа дека Дерек бил повеќе фокусиран на ликот на Гослинг.

Она што останува на крајот се децата и грубата вистина дека секој од нас живее во поинаков свет. Дете на одметнат криминалец кое живее сиромашно обично и не може да стане ништо друго освен криминалец. Дете на богат политичар обично е наркоман кој не дава single fuck за ништо и се пробива во животот на грбот на татко му. Можеби изгледа клише, но знаеме премногу примери од вистинскиот живот - Дерек ја кажува вистината.

Ќе се согласам со wot, филмот е претенциозен, приказната е преголема за да се пикне во толку малку време и делот со Ејвори не го поврзува почетокот со крајот онака како што треба. Така, делува расфрлано и неповрзано, за вистински впечаток потребно е филмот да има кулминација при крајот, а овде кулминацијата се случува прерано. Но сепак, задоволен од приказната во целина, од Гослин и од Мендез, од децата, од режисерот кој не се плаши да експериментира. Мислам дека им дава шанса на ликовите да се развијат и со добри актери може да направи одлични филмови. Blue Valentine беше премногу за мене и не го догледав. Ова ми се допадна.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Јас топло препорачувам Ио да го прочитате место да го гледате филмот.

1. Ио има поента барем за разлика.
2. Карактерите се повеќе дефинирани одошто се.
3. Го нема никаде Реј Лиота.

Филмот го имаше можеби најпрекрасниот билд ап за тоа само по себе си наштети.
Можеби беше предобар за во однос со кулминацијата и распакувањето на, да, преголемата приказна без одредено константа, затоа остава вкус на незавршеност во уста.
...yea, I heard it. Како и да е, да не премине ова во уште едно Another Earth сценарио, трофазниот бог знае дека јас секогаш сум делел credits where it's due.
Филм што отидува "таму" секогаш бил награден, ама овој отиде до таму летајќи, за да удри во шофершајбна и да умре настрана од патот.

Бредли Купер е можеби е актер со најзгустени флуктуации кога станува збор за квалитетна глума. Само неколку постови погоре, во филм, верував дека навистина е психички нестабилен, и без да збори, имаше крејзи ајс. Овде апсолутно не се поврзав со ликот. Можеби беше обид на режисерот, како низ целиот филм, да долови некоја сивост, ама резултатот е недефиниран лик и колку и да е квалитетен актерот, без поткрепа и good writing го добиваме ова. Да се надоврзам на метафората, овде само што удира во стаклото и сеуште прети на страна од патот. Кога стигна до децата, јас сеуште барав лик кој ќе ме држи за раче низ приказнава која навидум има некаква козмичка поврзаност. Третата етапа е веќе кадешто филмот-кој-отиде-таму умира. Ќе се навратам зошто ја преживеав, сликовито. Овде режисерот дава до знаење дека имал некоја некомплетирана скрипта, бил другар со Рајан и имало некој да го финансира. Можеме според Ио да бараме значења на што требало што да претставува, дали дека животот е суров, дали Купер сакаше да се искупи со некоја позитивна корумпираност, дали црниот коњ кој ја следеше Ката уствари беше манифестираната желба на Мр. Еко да ја плесне. Никогаш неможе да дознаеме. ОТИ НА ФИЛМОТ МУ ФАЛИ ЕБЕНА НАСОКА. Јас си ги сакам филмовите или трилер со поента, или уметнички, није ово мало виски мало кокакола.

Филмот го издржав до крај поради една причина. Една ебена секвенца која на момент ме заинтересира за ликовите, за кои се насмеав, за кои се загрижив.
Што би рекол Нед Фишер: You can't take a picture of this, it's already gone. *Lost in oblivion. Dark and silent and complete.*




Добива од мене 6/10. Ио укажа на некои работи, ама да не претеруваме.

Iceboy, RocknRolaa, VLJ џимеј ме занима ваше мислење. А повеќе ве тагирав ради Stoker. Рокенрола и ВЛЈ го исгасиле од што е лош. Јас и Ајс по 7ка му дадовме.
Ио во улога на пресвети кадија Ѓорги Колозов, ќе најде време да го изгледа и пресуди? Теман една недела овој да постои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom