GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Me изненадува Pluh..

Io стај некој каде ќе има поделени мислења. Макар и блокбастер како Inception бил. Околу вакви, нема жар, нема дискусија.
 
Има многу добра порака филмот и нарација која те држи во неизвесност што следно ќе направи, на почетокот кога го претепува продавачот-имигрант од Кореа за лименка Кока Кола помислив дека се работи за некој нацистички лудак, но подоцна кога го убива нацистот во визба приказната добива поинаков тек.
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 09:32 ---
Море да не можи човек да исконтактира со филмскиот клан модератори :rolleyes:, опции за приватност како Албанија во времето на Енвер Оџа. Еве предлог за дискусија.

http://www.imdb.com/title/tt0117715/

Еве го комплетниот филм, и покрај тоа што наславот е на унгарски филмот нема дијалози, така што нема да претстасвува проблем гледањето.

 
Не го имам гледано филмов од многу одамна ама ми остана во глава сеќавањето на сцената кога полицаецот ја прашува сопругата на ликот на Даглас зашто се развела од него и зашто покренала судски налог за овој да не смее да се приближи до нејзе како и до керкичката и оваа нема никаков одговор и цело време е збунета, а всушност она е една од катализаторите за пламнувањето на Фостер и претварањето од обичен човек во Д-Фенс. Знам дека во тој момент си помислив....what a bitch! Најдобра улога на Даглас (секако после таа во Romancing the Stone! Wooooo!) и најдобар филм на Шумахер воедно, кој после финансискиот и критички неуспех со Бетмен и Робин ке фати да вози формула професионално.
 
Biggus Dickus , тоа е дел од „паѓањето“ - човекот е преоптоварен со работа, го молзат како крава, и на крај ефектот е оддалечување од семејството и обично распад на истото. На Шумахер ова му е ваљда единствениот саглам филм. Неверојатно, еден мастерпис и се останато тапа филмови... кузнае на што дроги бил.
 
Иосоно убаво опиша што мислам за филмот така да свака реч је сувишна.
 
Io Sono Interista Знам, го сфатив тоа со гледањето на филмот ама тоа што го пиша за неговото "паѓање" многу убаво ти е пишано. Многу добра поврзаност имаш направено. Ама пак мое мислење е дека не треба со секакво говедо фамилија да започнеш(без разлика машко, женско дали е), и затоа ја гледам неговата сопруга како еден вид негативец со тоа што му го одзема правото ќерката да си ја гледа. Ако она не сака повеќе него да го гледа тоа е во ред, нејзино право е. Но тоа не и дава право и за керката да забрани само поради тоа што кога биле во брак он малце "чудно" се однесувал. Значи, човекот се скинува од работа само за да и овозможи на сопствената жена, керка му, подобар живот. Кога правото за да си ја гледа ќерка си му е одземено се што му останува е работата која набрзо и таа ја губи и наскоро нема ништо. Затоа и тоа преправање дека секој ден иде на работа, зашто човекот е празен, неговиот живот е празен. Животот сега му се состои од пакување сендвичи во актовката, чекање на автопат за да оди во парк каде што ке ги изеде сендвичите и пак враќање дома, и тоа дом во кој што 40 годишен човек живее со мајка му. Друго во животот ништо не му преостанува, он веќе не гледа никаква перспектива и затоа на крај, на работите на кои ние гледаме со рамнодушност он пука со нервите и прави пиздарија по градот. Ама можеби многу паламудам, на крај краева ликот на Даглас е лудак и убиец ама сето тоа е толку поетично направено што лесно е да се симпатизира и да се поистоветува со него како и да се напише цел есеј на кој кога ке погледнам назад веројатно нема никаква смисла.

А Шумахер што го знам, Клиент му беше добар. Другите филмови како St. Elmo's Fire и Lost Boys кои му ја почнале кариерата не ми се допаднале иако се фалени од било кој со кој сум зборел и се допишувал. Веројатно сум требал да ги гледам во тој период кога се првпат прикажувани за да ги "сфатам" како што обично ми е кажувано, ама не верувам дека желбата да го шамарам ликот на Роб Лоу што ја имам сега не би ја ни имал во 1985 година.

Надополнето: Сега видов дека и Number 23 e oд него......

513421428_eaf46701844f4c07e2412ca0c8fdd623_answer_2_xlarge.jpeg
 
Апсолутно се согласувам, дури ме фрапира како во САД едниот родител може судски да издејствува другиот родител да не може да си го види детето, или како социјални служби можат да одземат дете од родител. Филмот одлично ја доловува првата од овие ситуации.

Инаку претерано го исхејтав, постарите филмови не му се лоши, St.Elmo и Lost Boys се добри филмчиња од тоа време, исто и Flatliners. Понатаму Phone Boot му е солиден филм ама после Falling Down, се е далеку.
 
Веројатно и затоа таа сцена по сопругата и полицаецот ми остана во глава. Се сеќавам дека осеќав згаденост за целата ситуација.

Flatliners e лош според мене. Lost Boys многу ми мешаше жанрови и од сериозен филм многу брзо преминуваше во безвезарија, а веројатно и целото гледачко искуство ми беше расипано од страна на татко ми со кој тогаш го гледав филмот и постојано повторуваше. "Што е ова срање што си ми го пуштил" ама да не должам многу. Инаку саксофонистов на Тина Тарнер што е.....

 
Затоа пишав „добри за тоа време“, типични мали филмови од 80-тите. Ст.Елмо потсеќа на Брекфаст Клаб. Овој е единствениот „врвен“ филм.
 
mi se prochita falling skies, i rekov koga napraile 40 strani, a samo jas i io i davame shansa deka sci-fi...
 
Не е лоша со оглед на буџетот
Покрај милион други работи, и ова ме нервира многу. И онака џабе хејтам со објаснувањата, отсега ќе си кажувам само што ме нервира :D
 
Покрај милион други работи, и ова ме нервира многу. И онака џабе хејтам со објаснувањата, отсега ќе си кажувам само што ме нервира :D

Tоа е сосема валиден аспект, само врвните режисери успеваат да направат ремек дела со мал буџет. Така да солидна серија со мал буџет е исто така успех, во тоа немам никаква дилема, нити нешто што треба да те нервира :D
 
Темата за филмови кои не ви се допаднале, ме мотивираше после подолга пауза да ставиме нов филм за дискусија.

И воала уште едно дело на Кјубрик ќе биде предмет на дискусија овде. Станува збор за:

a_clockwork_orange.jpg


Последната интересна работа која ја прочитав за филмот на Кјубрик е дека авторот на книгата се покајал заради начинот на кој му било портретирано делото. Воопшто не бил задоволен со работата на Кјубрик и изјавил дека никогаш не требало да ја напише книгата бидејќи била искористена за сосем поинаква поента која пропагира секс и насилство.

Чисто колку да ви доловам дека човеков не е сам во ставот и Стивен Кинг не бил задоволен како било прикажано неговото дело The Shining. Кога станува збор за адаптација на книги, Кјубрик го биело глас дека си прави по свое и многу бега од првичните дела кои ги адаптира.

Како и да е. Ова е култен филм кој е со децении предмет на дебата. Па ме интересира, што мислите за него? Дали е доловена потребната поента? Кои се дупките во приказната? Дали ви се допаѓа или не и зошто? Се играло ли намерно на карта шок, за да му се издигне гледаноста или тоа е составен дел од приказната?

Друго. Во кој временски период е поставена приказната, кое е општеството кое се критикува, а кое всушност не е ни доволно прикажано во филмот, туку има само една единка со неколку човечки сателити?

Ако погледнете ќе видите дека публиката на филмов се дели на онаа која го смета за ремек дело и го мрази од дно на душата. На која страна припаѓате вие?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom