- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па и не беше баш така.Мое мислење. Нормално, јасно е дека знакот е обесен на рудникот како еден вид мотивација за рударите пред да влезат. Нешто слично како што на нашите рудници пишува „Среќно“. Сепак, паролата Dictum ac factum не се однесува само на рудникот, туку и на целиот град. Ова всушност и претставува совршеното мото на градот. Граѓаните на Догвил сметаат дека вредноста на еден човек зависи од тоа колку напорно работи. Во случајот со Грејс, тие веруваат дека напорната работа е она што Грејс може да го понуди како одговор на нивната „добрина“ и „гостопримливост“. Грејс треба несебично да работи, ако сака да ја оправда довербата која жителите (привидно) ја имаат кон неа.
Да знам дека на почетокот Грејс ги молеше да им помага, ама сите ја препраќаа кај друг. Постепено се опуштија и прифатија да им помага под изговор „за твое добро е, а не за наше“. Сепак, мислам дека уште на почетокот глумеа лудило, демек многу се фини и обѕирни. Бидејќи постепено во филмот им ја видовме вистинската природа ме тера да мислам дека тоа што на почетокот не сакаа да работи беше лага. Таков заклучок извлеков и од знакот од рудникот.Па и не беше баш така.
Том ја предложи оваа идеја, иако на граѓаните од Догвил воопшто не им беше потребна помош. И постепено работата стануваше се понапорна и понапорна...
Па и не беше баш така.
Том ја предложи оваа идеја, иако на граѓаните од Догвил воопшто не им беше потребна помош. И постепено работата стануваше се понапорна и понапорна...
Фала ти, сега веќе не ми е толку срамЌе улетам и ја на темава, ВЛЈ више срам го фати![]()
мене додека го гледав филмов највеќе впечаток ми остави тоа што луѓето таму се ко едно 80% од луѓево на земјава и во една рецензија ја најдов узречицава што целосно го опишува тоа што сакам да го кажам - дај им прст, ќе ти ја земат цела рака. На почетокот на граѓаниве не им требаше никаква помош, потоа испадна дека и тоа што го прави Грејс е малку и недоволно. Па не ја ни плаќаа отпосле.