GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Немој да ми кажеш дека 5 машки заедно сте го гледале :pos:
не првите 2ца се машко и женско што си отидоа а останавме 2ца машки и девојче да го догледаме
МУШКИ ИЗДРЖАВМЕ е напишано не дека мушки само го гледавме
 
Одиме со ново дете.

Primer

primer-movie-review-2.jpg


Многу малку луѓе го имаат гледано филмов, може зашто е нискобуџетен и не потрошиле многу на негова реклама. Како и да е, бујрум кој не го гледал нека го гледа за да може да продискутираме, а тие што го гледале може да помогнат да ја одгатнеме тајната во филмот, зашто баш и не е едноставен и многу лесно може да се изгубите во него.
 
Primer? Го гледав пред месец-два и ништо не разбрав од филмов. Физика, теории, временски машини... Лош филм би рекол. Вака би изгледале и Donnie Darko и Mr. Nobody кога би се снимиле со буџет од 7000$ хе хеее
 
Primer? Го гледав пред месец-два и ништо не разбрав од филмов. Физика, теории, временски машини... Лош филм би рекол. Вака би изгледале и Donnie Darko и Mr. Nobody кога би се снимиле со буџет од 7000$ хе хеее

Ако ништо не си разбрал не значи дека е лош филм. Секој филм не е за секого. И јас не го разбрав од прво глеање ( морав да прочитам на нет, да разберам wtf was i watching :pos:) али за филмот вреди да се потроши време.

А и буџетот нема голема врска со квалитетот, Аватар ти е пример.
 
the-fuck-is-this.jpg


Не знаев дека има тема за филмот овде. Го имам гледано пред година време и морам да го гледам барем уште 3-4 пати за да имам отприлика некаква идеја што се случи во филмот. Никогаш никој филм ме нема збунето како што ме збуни Primer, а се сметам за самопрогласен кинофил.
 
Зошто да ви се допаѓа ниско буџетен филм? Бидејќи е тешко да се направи таков? Бидејќи е добро направен со оглед на нивниот буџет? Бидејќи е хипстерски? Come on.

Единствениот дел во филмот што ми се свиѓа е што е mindfuck и приказната има смисла, за разлика од другите филмови со вакви тематики.
Катастрофа камера, катастрофа музика, катастрофа осветлување. Да имале поголем буџет ќе бил подобар филмот.

Ај да видиме сега кои имаат големи курови (кој го сфатил филмот, без разлика дали сами или со помош на гугл).
 
Ај да видиме сега кои имаат големи курови (кој го сфатил филмот, без разлика дали сами или со помош на гугл).

А да припазиш на речник овде ти? Имаш опомена.
 
Бев информиран пред некое време дека кога зборот не е пишан со навреда, може и без цензура да помине, ама ок, веќе не пишувам такви зборој.
 
Само што го изгледав, и ништо не разбрав, скоро ништо...

Сеедно, ајде некој ако го изгледал и разбрал(или прочитал за филмов) нека каже што-како се дешава точно...
 
Мене одговорените прашања на имдб за филмов само уште повеќе ме збунија...
 
И јас не разбрав што сакаше да каже авторот на филмот, а и дијалозите баш не ги разбрав пошто го гледав филмот без превод, а ликовите нон-стоп нешто си шепотија. Сепак, не би го гледам повторно.
 
Доста прашина се крена за филмов на форумов. Негативните критики беа во поголем број од позитивните главно, ама сепак филмов е од оние на кои треба да му се даде шанса.

Melancholia
Melancholia+poster.jpg
\\

Ова е филм на Ларс Фон Трир, со Кирстен Данст во главна улога. Мене лично многу ме потсети на Дрвото на животот, само од една поинаква перспектива. Двата филмови имаат апокалиптичен предзнак, а и начинот на кој сакале режисерите да го направат тоа е многу сличен. Дури можеме да ги споредиме.
Па ајде да видиме, ви се допадна или не и зошто?

П.С АЛЕКСАНДАР СКАРСГАРД. Запомнете го ова име. Ако мудро ги бира улогите ќе стане главна фаца во Холивуд. За Рајан Гослинг предвидувањата ми се остварија засега, ајде да видиме дали ќе погодам и за швеѓанецот.:)
 
Мене „Меланхолија“ ме воодушеви. Од филмовите на Трир, овој му е можеби најлесно пристаплив, но сепак е феноменален, богат со значење, силна карактеризација на ликови и не-ве-ро-јат-на кинематографија. Мислам уште ме ’прогонува’ последната сцена. :) Вистински спектакл, стварно треба да се види.

И Кирстен Данст - :cuc:
 
Повеќето на кои не им се допадна, како аргумент даваат дека нема поента филмот, нема што да се сфати, и не е логичен. Еве го моето објаснување, односно доживување на филмов.
Прво, во Меланхолија воопшто не е битна апокалипсата. Апокалипсата е само дадена ситуација, каде под одредени околности се појавуваат посакуваните емоции кои ги обработува филмот. Планетата, која не за џабе се вика Меланхолија, е симболика на психичката состојба на Џастин, и во филмот се гледа дека таа се индентификува со планетата (кога лежи покрај водата гола) . Емоционалната состојба на меланхолија почнува со мали промени на опаднато расположение (кога Џастин ја приметува планетата), па може да дојде до депресија каде се карактеристични суицидални напади, што се симболизира со апокалипсата.
Самото тоа што филмот е поделен на два дела, кои го носат името на сестрите кажува дека во првиот дел треба да се фокусираш на Џастин, а во вториот на Клер, не на се друго околу нив.
Заедничко за двете е тоа што нормално, растени се во слични околности, со родители со избегнувачки стил на врзување. Џастин е иста како нејзините родители, Клер, е посесивно врзана, ова го имаат научено од родетилите. Причините за одредена состојба, може и да се побитни од самата состојба, и треба да се потенцираат. Затоа Клер неколку пати кажува како ја мрази Џастин, а сепак има негувателска улога спрема неа, а Џастин се обидува да ја одалечи Клер од себе, а пак останува со неа.
Меланхолија ја разработува дијалектиката на чувствата, односно како една емоција може да се толкува и како лоша и како добра. Затоа не треба ги анализираме дијалозите, ниту случувањата, туку како тие се рефлектираат на ликовите.
 
офтопик:
Би ги замолил модераторите повеќе да не ставаат филмови како Пример кои се завршуваат со постови у стил: WTF was this?
Фала...

А овој ќе го погледнам утре обавезно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom