GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Tree Of life

Иде есен дечки, повеќе ќе се седи дома, значи ќе може поактивно да ја продискутираме филмскава уметност. Пошто одамна немаме ставено овде филм, еве бујрум ставаме нов предлог.

Филмов е ставен од неколку причини за дискусија. Прво, за да го сфатите како препорака и да го гледате што е можно поскоро.
Второ, заради визуелните ефекти кои се неверојатни.
Трето и најбитно, за да му ја утврдиме поентата, нешто заради кои филмов беше најмногу критикуван. Имено, ако ги гледате реакциите на ИМДб ќе видите дека е ова еден од оние филмови 50-50. Пола го мразат од дно на душа, и абер немаат за што станува збор, а другата половина го обожава од разни причини. Едни ради визуелниот дел, други заради поентата ( секој со своето нели), трети заради духовниот третман.

Ајде да пробаме да одговориме на неколку прашања како на пример: Што е централен дел на приказната? Дали е приказна за едно детство или за животот на човекот воопшто? Дали поентата на Малик е да ја прикаже големината на животот, или да ја намали во сооднос со природата?
И најбитно, во која група спаѓате вие од оние 50 -50 и зошто?
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Rock n rolla, можно е некој и да го сфатил и да не му се допаднало. Нели?

Него ај да почнам да пишам нешто тука, речензија тешко без спојлери.

Вака, филм ова чудо не може да го наречеш, ова е снимено на тој начин што дури го гледаш ти се чини дека е дел од твојата меморија или некој сон што го имаш сонувано, не знам како успеал ама успеал Малик во ова. Цело време се чуствував како да сонувам или се сеќавам на нешто што ми се случило, не ме сфаќајте погрешно не дека лично се поврзав со филмот заради некоја си моја случка, филмот не остава место за тоа да може сам да придонесуваш во приказната (пример за крајот на 2001, има 300 и пет објаснувања и сите држат вода донекаде), или да се поврзеш по некој лик кој е направен според некој си стереотип, ништо од тоа, ама начинот на кој е сниман е таков.

Приказната на филмот, не знам... филмот е без plot (содржина), нема нешто што се случува и го следиш, го следиш и чекаш приказната да се развие, па на крај да кулминира - не. Такво нешто не чекајте во филмот, пак ке се навратам на тоа дека филмот е како некој дел од некое сеќавање, ама сеќавање кое содржи све, од раѓање до умирање и све што се случува низ тоа. Чудно е што филмот почнува со смрт и завршува со rebirth?o_O, rebirth кое рака на срце толку ме збуна што не се ни обидов да го разберам.

Целта на Малик мислам дека било да се прикаже човештвото од а до ш а не само една случка, и све пред човекот. Како успеал во сето тоа алал да му е. На почеток почнува ептен религиски, биг-бенг документарка кое е направено целото со micro photography, никој од тие дела не е CGI, освен диносаурусите :), не знам за вас ама колку многу си уживав во ова не сте свесни, музиката топ, сликите топ, дури и за момент заборавав дека гледам филм, туку бев навлезен во документарецот.

Има многу ситни моменти, кои се случуваат за 2 секунди или максимум 5, ама колку само длабоки се. Мајката со бебето, па имаше делови каде што детето зборува нешто (нараторски) а во филмот се случува нешто што е многу симболично поврзано со нараторството, работи кои за 2 секунди ги сфаќаш многу длабочински, затоа и викам дека е како дел од сеќавање, затоа кога се сеќаваш на некоја случка за 2 секунди речиси за све си свесен што си направел тогаш.

Ликовите се оригинални до немај каде, нема црни или само бели, него го кажува тоа реалното дека човекот цело време се менува и се адаптира.

Да пише и некој друг, ке пишам повеке, толку засега а имам уште многу да пишувам. Единствена нејасна работа ми е делот на крајот каде што се сретнува со своите и зошто само овој е возрасен а браќата му се уште мали...

Оценка, не знам... знам дека го препорачувам затоа што е таков филм кој мора да се гледа.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како што пишав и во рецензијата, приказна/содржина нема. Мислам дека се работи за оној момент во животот кој ни е некаква пресвртница, момент во кој бараме одговори, ги бараме причините за постоењето и зошто работите се такви какви што се. Се работи за еден ден во кој Џек ги испитува своите верувања и погледи кон светот и се сеќава на детството. Филмот, настрана цитатот од книгата на Јов (од библијата, цитати од оваа книга се појавуваат и подоцна, не знам зошто) започнува со следниов текст:

Човекот има две патишта во животот. Патот на природата и патот на милоста. Сам бираш по кој пат ќе одиш.
Милоста не се обидува да задоволи. Прифаќа да биде на страна, заборавена, неомилена. Приваќа навреди и повреди.
Природата сака да си удоволи сама на себе. Но сака и другите да и удоволат. Сака да владее. Да оди по својот пат. Бара причини да биде несреќна. И љубовта се пробива низ сите работи.
Не учеа дека оној кој ќе го избере патот на милоста, нема да има лош крај.

Очигледно е дека Џек (Шон Пен) е на раскрсница. Треба да го одбере неговиот пат. Сеќавајќи се на детството, патот на милоста ни е претставен преку неговата мајка, додека патот на природата, преку неговиот татко. Мајка му е на страна. Не се обидува да си удоволи сама на себе, живее за семејството. Татко му е стог. Сака да владее. Сака да му удоволат. Својата несреќа ја гледа во околината. Соседите имаат повеќе од него. Го учи синот да бите цврст, затоа што добрите и меките тешко поминуваат во животот...

Веројатно целото навраќање на детството е за да ни се долови оваа дилема. Можеби Џек долго време е неодлучен и на некој начин се загубува во денешното време, за да се врати назад и да побара одговори. Да одлучи кој пат ќе го следи. И ако ја земеме последната сцена за дефинитивна порака, веројатно го одбрал патот на мајка му.

На почетокот е претставено раѓањето на универзумот и земјата. Крајот претпоставувам дека е крајот на животот на земјата. Не сум сигурен дали е ова ставено во контекст на двата патишта во животот, или пак е само приказ за тоа колку е мал човекот, односно неговиот животен век, во споредба со космосот и земјата.

Што се однесува до ефектите кои беа спомнати, прочитав дека режисерот не бил задоволен од модерните ефекти и го ангажирал човекот кој бил задолжен за ефектите во Одисеја 2001.

Исто така, Шон Пен упатил критики до режисерот зошто не користел појасна нарација, која според него, во сценариото будела неверојатни емоции. Според Пен, појасна нарација немало да му наштети на филмот, т.е. тој ќе ги задржел убавината и впечатокот. Теренс Малик никогаш не му објаснил на Пен зошто е ова така и тој на моменти се чувствувал загубен во филмот, додека го снимале.

Како и да е, филмот е уште еднаш, визуелно прекрасен со перфектен саундтрак. Нема да се трудам да копам длабоко во значењето, кое веројатно и го нема.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Диносаурс4ињата беа ебено добри што на секунда ми забега умот на змејчињата од GoT. :(
Како и да е, мислам дека приказната немаше дијалог ниту нараторство за акцентот да се стави на поголемата слика, а не гледачот да се фокусира на драмата. Како уосталом ќе е релевантен опенингот, кој рака на срце, после толку документарци, ова мислев е официјално од онака, Наса, снимено во хаде, надвор во вселената. Неверојатно добро. Пропатно со музиката - nature's porn. Воодушевувачко.

Одтаму, фрекфентното скокање во животите на фамилијата, ама не стандард начин на снимање со overused дијалози за драми, туку еден нов начин, ситни детали, што без зборови ве поврзува, како домашна снимка, онака, чиста среќа додека не се сведи се' околу нив и смрта и колку е голема за нив, а колку е мала и небитна во универзумот. Како еден фрагмент, еден склоп на настани, eден chain event, може толку да значи во нешто толку големо, што мислев целат на тоа колку сме уникатни и колку треба да го цениме сето тоа, но мене само филмот ме демотивираше, не ради смртта, туку за големината на нештата, за небитноста, колку сме само мали и неважни а јас како нихилист..
Немам зборови ниту за ликовите, освен почит. Крајот и мене ме збуни, ама ми држи вода ова на Иосоно. Уште не сум отворил да видам по нет рецензии. Сакав филмот да ми остане перфекција.

Да го гледате Enter the Void. Талахасе, океј, "помрачен" е и остало, ама истотака интересен. Не е сличен, не го препорачвам за ова. Ајде, да не му го открадам спотлајтот на овој..
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Rock n rolla, можно е некој и да го сфатил и да не му се допаднало. Нели?

Него ај да почнам да пишам нешто тука, речензија тешко без спојлери.

Вака, филм ова чудо не може да го наречеш, ова е снимено на тој начин што дури го гледаш ти се чини дека е дел од твојата меморија или некој сон што го имаш сонувано, не знам како успеал ама успеал Малик во ова. Цело време се чуствував како да сонувам или се сеќавам на нешто што ми се случило, не ме сфаќајте погрешно не дека лично се поврзав со филмот заради некоја си моја случка, филмот не остава место за тоа да може сам да придонесуваш во приказната (пример за крајот на 2001, има 300 и пет објаснувања и сите држат вода донекаде), или да се поврзеш по некој лик кој е направен според некој си стереотип, ништо од тоа, ама начинот на кој е сниман е таков.

Приказната на филмот, не знам... филмот е без plot (содржина), нема нешто што се случува и го следиш, го следиш и чекаш приказната да се развие, па на крај да кулминира - не. Такво нешто не чекајте во филмот, пак ке се навратам на тоа дека филмот е како некој дел од некое сеќавање, ама сеќавање кое содржи све, од раѓање до умирање и све што се случува низ тоа. Чудно е што филмот почнува со смрт и завршува со rebirth?o_O, rebirth кое рака на срце толку ме збуна што не се ни обидов да го разберам.

Целта на Малик мислам дека било да се прикаже човештвото од а до ш а не само една случка, и све пред човекот. Како успеал во сето тоа алал да му е. На почеток почнува ептен религиски, биг-бенг документарка кое е направено целото со micro photography, никој од тие дела не е CGI, освен диносаурусите :), не знам за вас ама колку многу си уживав во ова не сте свесни, музиката топ, сликите топ, дури и за момент заборавав дека гледам филм, туку бев навлезен во документарецот.

Има многу ситни моменти, кои се случуваат за 2 секунди или максимум 5, ама колку само длабоки се. Мајката со бебето, па имаше делови каде што детето зборува нешто (нараторски) а во филмот се случува нешто што е многу симболично поврзано со нараторството, работи кои за 2 секунди ги сфаќаш многу длабочински, затоа и викам дека е како дел од сеќавање, затоа кога се сеќаваш на некоја случка за 2 секунди речиси за све си свесен што си направел тогаш.

Ликовите се оригинални до немај каде, нема црни или само бели, него го кажува тоа реалното дека човекот цело време се менува и се адаптира.

Да пише и некој друг, ке пишам повеке, толку засега а имам уште многу да пишувам. Единствена нејасна работа ми е делот на крајот каде што се сретнува со своите и зошто само овој е возрасен а браќата му се уште мали...

Оценка, не знам... знам дека го препорачувам затоа што е таков филм кој мора да се гледа.
За болдот, апсолутно. Сигурно има луѓе кои укапирале некоја поента и не им се допаднал. Се надевам ќе пишат, зошто не им се допаднал.

Горе долу, јас се согласувам со твоево гледиште на филмов. Првите 20 минути само зјапав во екранот гледајќи ги моќните визуелни кадри и се прашував во кој момент ќе падне метеор. Некако така ми беше поставена целата постановка. Злокобна тишина, природа, диносаурус...ама метеор немаше...Чудно. Гледајќи го си помислив, ова ќе биде новата Одисеја 2001, сцени од вселената, малку текст, многу визуелизација и ете Иосоно спомена дека бил анагажиран човек кој работел на ефектите на Одисејата. Мислам дека фановите на Одисеја 2001 ќе го сакаат филмот. Само претпоставувам.

Не знам дали забележавте, ама целиот сплет на настани беше врзан со вознемирувачкото чувство на Џек предизвикано од нешто што го рекол за својот мртов брат. Имаше една сцена каде тој зборува со својот татко и се извинува зашто го рекол тоа што го рекол. Никаде не спомнаа што всушност се случило, ама нејсе, веројатно не ни толку битно. Мислам дека таа случка е почетокот на размотувањето на филмот во главата на Џек.

wot спомна нешто интересно. Филмов го буди нихилистичкото чувство кај човекот за време на целата приказна. Единствено на крајот работите стануваат се поубави, кога Џек се среќава со сите луѓе кои ги сретнал во својот живот. Дури човек да се запраша, дали Џек всушност умре и се сретна со останатите или пак си ја смири совеста заради она што го рече за брат му, така што сите луѓе му поминаа низ умот? Јас мислам дека ова второво е многу поверојатно.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Имаше бе метеор. Претпоставувам уште ти е зачуван филмот во компјутер, пушти го од 35та минута, и ќе го видиш.

Мене овој синот што умре ме интересира кој е. Претпоставувам дека е најмалиот син. Цел филм беше тотално игнориран, и од родителите па и од нас гледачите. Куќата во која живеат Бред Пит и актеркава, кога ке разбират дека синот им умрел, е доста модерна и голема куќа, на крајот на филмот гледаме како овие одат во помала куќа дека го бркаат од работа Бред. Средниот син, ваљда станал музичар, дека го биваше. Шон Пен сите го видовме дека е здрав и жив.

Јас претпоставувам дека Џек умре. Затоа имаше едно симболично поминување низ една стара врата, демек...

Имаше еден доста добар цитат, кога некој и вика на мајката: ’’сега е во рацете на Господ’’, и мајката му враќа ’’зарем не беше цело време во Негови раце’’. Доста моќно.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Обично им давам втора шанса на сите филмови, па веројатно и на овој. Во првиот обид ме фати дремка - овие 34 минути беа so fucking lame. Можеби понатаму се случува нешто што ве натерало да дискутирате со постови подолги од 4 реченици, но според мојот првичен впечаток филмов е уанаби 2deep4u срање. После 30 минути од рандом 2deep4u филозофски мисли без некоја цел и намена и она power point презентацијата со слики од гугл од вселената, го видов она што би требало да претставува некој вид диносаурус и тука веќе го изгасив. Па да му се невидам, имам на Discovery гледано емисии со подобри компјутерски направени диносауруси. Ма дај...Hollywood fails once again.
 
Мала дигресија. Затоа е филмов 50-50. Едни пишуваат рецензии како мојава, други како твојата. Јас не наидов на ИМДБ на нешто што држи средина.
Ова дефинитвно е филм што го сакаш или го мразиш од дно на душа..:)

П.С Знам дека имаше астероид, ама немаше сцена со приказ во која тој удира во земјата и ужасот што се случува притоа, на тоа мислев. Баш кога го прикажаа диносаурусот очекував да лупне.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Сценографија, саундтрак и глумци супер. Приказната ми е некако празна, очекував да се случи нешто огромно во универзумот, нешто што го немам видено во други филмови.
Потсеќа малце на Фонтана, само што “Фонтана“ ми се свиѓа многу повеќе.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Како што пишав и во рецензијата, приказна/содржина нема. Мислам дека се работи за оној момент во животот кој ни е некаква пресвртница, момент во кој бараме одговори, ги бараме причините за постоењето и зошто работите се такви какви што се. Се работи за еден ден во кој Џек ги испитува своите верувања и погледи кон светот и се сеќава на детството. Филмот, настрана цитатот од книгата на Јов (од библијата, цитати од оваа книга се појавуваат и подоцна, не знам зошто) започнува со следниов текст:

Човекот има две патишта во животот. Патот на природата и патот на милоста. Сам бираш по кој пат ќе одиш.
Милоста не се обидува да задоволи. Прифаќа да биде на страна, заборавена, неомилена. Приваќа навреди и повреди.
Природата сака да си удоволи сама на себе. Но сака и другите да и удоволат. Сака да владее. Да оди по својот пат. Бара причини да биде несреќна. И љубовта се пробива низ сите работи.
Не учеа дека оној кој ќе го избере патот на милоста, нема да има лош крај.

Очигледно е дека Џек (Шон Пен) е на раскрсница. Треба да го одбере неговиот пат. Сеќавајќи се на детството, патот на милоста ни е претставен преку неговата мајка, додека патот на природата, преку неговиот татко. Мајка му е на страна. Не се обидува да си удоволи сама на себе, живее за семејството. Татко му е стог. Сака да владее. Сака да му удоволат. Својата несреќа ја гледа во околината. Соседите имаат повеќе од него. Го учи синот да бите цврст, затоа што добрите и меките тешко поминуваат во животот...

Веројатно целото навраќање на детството е за да ни се долови оваа дилема. Можеби Џек долго време е неодлучен и на некој начин се загубува во денешното време, за да се врати назад и да побара одговори. Да одлучи кој пат ќе го следи. И ако ја земеме последната сцена за дефинитивна порака, веројатно го одбрал патот на мајка му.

На почетокот е претставено раѓањето на универзумот и земјата. Крајот претпоставувам дека е крајот на животот на земјата. Не сум сигурен дали е ова ставено во контекст на двата патишта во животот, или пак е само приказ за тоа колку е мал човекот, односно неговиот животен век, во споредба со космосот и земјата.

Што се однесува до ефектите кои беа спомнати, прочитав дека режисерот не бил задоволен од модерните ефекти и го ангажирал човекот кој бил задолжен за ефектите во Одисеја 2001.

Исто така, Шон Пен упатил критики до режисерот зошто не користел појасна нарација, која според него, во сценариото будела неверојатни емоции. Според Пен, појасна нарација немало да му наштети на филмот, т.е. тој ќе ги задржел убавината и впечатокот. Теренс Малик никогаш не му објаснил на Пен зошто е ова така и тој на моменти се чувствувал загубен во филмот, додека го снимале.

Како и да е, филмот е уште еднаш, визуелно прекрасен со перфектен саундтрак. Нема да се трудам да копам длабоко во значењето, кое веројатно и го нема.
До некаде се слагам со твоето мислење, особено во врска со природата и милоста. Сепак јас би го анализирал на мој начин. На почетокот некои пола саат во филмов гледавме Биг Бенг, па создавање на живот во океаните, па диносауруси, се до оној момент додека дејствието не се врати пак во 50 те кај дотичното семејство. Преку ова сметам дека режисерот сака да ни укаже на патот кој што животните форми го минуваа низ времето односно еволутивните процеси. Се започнува од една голема експлозија и создавање планета а потоа овој филм не носи низ времето и завршува кај едно типично патријахално американско семејство од пеесетите. Односно она што режисерот сака да го постигне е да ни ги претстави големите начини на универзумот/Господ кој е способен од ништо да создаде самосвесни битија. Во останатиот дел од филмот се прикажуваат односите во семејството, карактерите нема да ги анализирам затоа што верувам на сите им е јасно кој е што е, само ќе кажам дека постапките и изразите на лицата кај ликовите кажуваат многу повеќе одколку нивните зборови. И сега доаѓаме кај природата и милоста.

Милоста не се обидува да задоволи. Прифаќа да биде на страна, заборавена, неомилена. Приваќа навреди и повреди.
Природата сака да си удоволи сама на себе. Но сака и другите да и удоволат. Сака да владее. Да оди по својот пат. Бара причини да биде несреќна. И љубовта се пробива низ сите работи.

Се согласувам дека мажот и жената беа олицетворение на природата и милоста а нивниот син беше тој кој од едниот екстрем почна да се наклонува кон другиот екстрем.
 
New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235
Филмов го симнав пред се поради Брет Пит и да видам нешто ново од него, на крајот испадна two hours from my life i will never get back. Филмот сакаше нешто индиректно да долови но претера во својата презентација на крајот испадна дека премногу се труди во сето тоа. Сите знаеме дека човекот е self-centared и его дривен и дека сите сме слепи на длабоката вистина што лежи длабоко во секој нас дека сме и ние дел од универзумот, дека длабочината, просторот, тишината што се фундаменти на универзумот постои во сите нас, но дозволуваме секојдневните случувања да ја диктираат нашата емоционална состојба, нашите навики, нашите искуства(каков такто таков син) константно реагирање на глупи работи кои и не се навистина толку битни. Моментот кога се прскаа во дворот како едно среќно семејство го доловува тој момент на ultimate happines, дека да ние навистина и сме дел од оваа планета од овој универзум и создадени сме да живееме среќен и исполнет живот зашто длабоко во секој нас тоа е нашата природа, сите убавини и прекрасни пејсажи што ги видовми суптилно сакаат да кажат и ти си дел од ова види колку навистина е убаво сето тоа отвориги очите зашто кога ќе го видиш сетоа тоа ќе видиш дека постои и длабоко во тебе, а ти тоа навистина не го гледаш слеп си за оваа убавина, а тоа е убавината што не создаде и тебе и мене и сите и се на овој свет, твојата душа треба да погледа и да го види сетоа ова за да пронајдеш мир и цел во животот. За потоа да следи Hitler attitude na Брет Пит потсетувајќи не колку забораваме на се и дека навистина сме далеку од она што треба да бидеме, да уживаме во секој момент и да не забораваме дека во законите на природата нема конфликти, егоизам, алчност, суровост, кој за жал се фундаменти во човекот. Дали сакаше да ја поврзе убавината на природата и универзумот со среќните моменти на семејството а астероидот, ерупцијата, огнот, темнината со несреќните за да ни долови дека се тоа е дел од сите нас и дека не треба да тагуваме и идентификуваме со сето тоа, за да ни каже дека и тоа е дел од природата и дека треба да го прифатиме без преголеми емоционални трауми зашо универзумот токму така настанал и покрај сите тие огнови, ерупции, астероиди, еве ние денес сме тука и живееме иако можеби слепи сепак ќе прогледаме бла бла бла...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Имаше еден доста добар цитат, кога некој и вика на мајката: ’’сега е во рацете на Господ’’, и мајката му враќа ’’зарем не беше цело време во Негови раце’’. Доста моќно.
Баш овој цитат сакав да го пишам.
Овој момент ми се вртеше у глава у текот на цел филм, па и после филмот. Навистина доста моќно, иако некако мислам дека не беше доволно потенциран, мислам дека добар дел од тие што го изгледале филмов, не го ни забележале како нешто посебно, а можеби и јас му давам преголемо значење.

Кога првпат го чув името на филмов одма ме асоцираше на The Fountain, си помислив, можеби тоа име и повеќе му одговара на тој филм. Сеа од кога го изгледав филмов, слободно го ставам во ист кош со Фонтаната.

Немам некое посебно мислење за филмов, не би го препорачал на секој, најверојатно ни ја не би го гледал пак, бар не во скоро време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom