GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
Мислите дека и нивната зграда отиде во воздух додека беа во неа? Бидејќи и таа беше минирана ме наведе на вакво прашање. Моето мислење е не, но сепак интересно е малце да се подразмисли ;)
Книгата на почеток вели: The building we're standing on won't be here in ten minutes. You take a 98 percent concentration of fuming nitric acid and add the acid to three times that amount of sulfuric acid. Do this in an ice bath... блабла.
Па според тоа, ќе има биг кабум и во зградата каде што се наоѓаат. I know this because Tyler knows this.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Книгата на почеток вели: The building we're standing on won't be here in ten minutes. You take a 98 percent concentration of fuming nitric acid and add the acid to three times that amount of sulfuric acid. Do this in an ice bath... блабла.
Па според тоа, ќе има биг кабум и во зградата каде што се наоѓаат. I know this because Tyler knows this.
Да, знам дека ќе отиде али прашањето ми беше дали ќе иде додека се тие внатре?
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.521
2001: A Space Odyssey

Штоуку го изгледав, и искрено не е лош и немам ништо против спори филмови. Али ова.............................................................. беше........................................................................................................... претерано............................................................................................................................................................................................. спор......................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................филм....................................................................................................................................

Имаше и сцени што ти доаѓа исто како да оставиш скринсејвер на Windows Media Player и да зјапаш 5 минути во него буквално. Филмови гледам многу одамна, и гледам да не изигравам француз и да барам мани во детаљи, али дефинитивно филмот беше спор до несвест.

Ти доаѓа вака некако. Гледаш сцена како астронаутот оди до крилото на бродот. Заспиваш. Се будиш после пола саат. Астронаутот стигнал. Добро е. После пет минути вртење на астронаутот во место имаш скрин сејвер од 5-6 минути.

Крајот е ваљда астронаутот умира таму кај Јупитер и се враќа на земјата како дете-вонземјанин или нешто.

Ама не ми беше тоа цел во темава да дискутираме колку е спор филмот, туку што всушност означува крајот, и дали нешто од нешто се разјаснува во продолжението кога демек ке оделе да видат што се случило со бродот - http://www.imdb.com/title/tt0086837/.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
јас од секогаш мислев дека на обичните луѓе ќе им го малку опери мозокот...хаххааа имено навистина многу глупавштини има во филмов,ама никогаш не бил култен филм,бар не од релевантни критичари
е сега вие тупете мозок на бедната глума на Брет Пит...Нортон си ја заслужи пошетно улогата
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
јас од секогаш мислев дека на обичните луѓе ќе им го малку опери мозокот...хаххааа имено навистина многу глупавштини има во филмов,ама никогаш не бил култен филм,бар не од релевантни критичари
е сега вие тупете мозок на бедната глума на Брет Пит...Нортон си ја заслужи пошетно улогата
Fight Club е култен филм по дефиниција. Критичарите немаат врска со култните филмови.

Култен филм = филм кој има своја фан база, специфична група на фанови кои го обожаваат, без разлика на критиката.

A cult film (also known as a cult movie/picture or a cult classic) is a film that has acquired a highly devoted but specific group of fans
Fight Club was one of the most controversial and talked-about films of the 1990s.[13][83] Like other 1999 films Magnolia, Being John Malkovich, and Three Kings, Fight Club was recognized as an innovator in cinematic form and style since it exploited new developments in filmmaking technology.[84] After Fight Club's theatrical release, it became more popular via word of mouth,[85] and the positive reception of the DVD established it as a cult film that David Ansen of Newsweek conjectured would enjoy "perennial" fame
Многу „мали“ филмови за кои повеќето никогаш не слушнале имаат свои фан-бази, но има и такви како Fight Club, Donnie Darko итн... кои се пробиле и во меинстрим медиумите.

Од самите пишувања на темава може да се заклучи дека Fight Club ги „исполнува условите“ да се нарече култен филм.
 
I

Intex

Гостин
Одисејата значи, а?

Првпат за филмот дознав пред 7-8 години. И кога слушнав дека е од 68-ма, а во насловот има 2001, прва помисла ми беше: некој будала си фантазирал каков ќе биде светот во 2001-ва. И се така додека Псајсајд не го препорача на форумов. И го гледав. Филмот е најсовршеното нешто кое го имам гледано досега .... буквално. Која фотографија само, добро осмислена приказна без дијалози многу, неразбирливи елементи, тежок за следење. Дефиниција како треба да изгледа секој добар филм, а само еден да остане Спејс Одисеј.

Еве искуството, за текот на филмот и крајот ќе дискутираме кога ќе се јават и другите фанови.:)
 
T

Tetro

Гостин
Тука сум, ама не сум баш многу по анализата за филмови, посебно за оние кои одамна сум ги поминал. :)
Мене ме фасцинира идејата да се направат сцени со ротација во кругчр, околи некоја замислена оска, додека полето на гравитација секогаш останува на ѕидовите. Замисли, собата дома ти е во кружна форма и ти си одиш кај сакаш, а притоа не можеш да паднеш.

**Тие што не го гледале филмот, нема да знаат што напишав, ќе рече некој дека трипам уште од рано сабајле :pos:
дали нешто од нешто се разјаснува во продолжението кога демек ке оделе да видат што се случило со бродот - http://www.imdb.com/title/tt0086837/.
Продолжение има? :nesvest:
Не сум знаел. Ќе го погледнам овие денови и него.

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Штоуку го изгледав, и искрено не е лош и немам ништо против спори филмови. Али ова.............................................................. беше........................................................................................................... претерано............................................................................................................................................................................................. спор......................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................филм....................................................................................................................................
хм,тотално се согласувам околу тоа,едноставно Кјубрик не е мој стил.
Најверојатно е тоа ради што филмов имаше многу малце дијалози кои беа заменети со бескрајно долги сцени со силен опис во детаљот.На страна да ги оставам неверојатните ефекти од 68мата,одличната музика во глобала, али замислата на Кјубрик како преку 3 дела ни го прикажува светот преку филмов,неговото настанување ,па може да се каже и еден вид на негово уништување(компјутерот на кој се базираше мисијата ,ја стави мисијата на 1 место а животите на екипажот на последно,нешто што можам да го интерпретирам како компјутерската технологија денес,која премногу ни навлегува во нашите животи и прераснува во наша опасност затоа што премногу зависиме од неа) едноставно преку појавата на монолитот беше премногу антисимпатично за мене.
Секоја чест за Кјубрик кој живеел премногу напредно(со своите идеи и мисли) за своето време но едноставно вакви филмови како и книгите од ваков тип(преуметничко детаљни) ми се нот лајкабл.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ne znam sto moze da se debatira okolu filmov, ne deka e perfekten ili e totalna utka, ama stvarno ne znam za sto moze da se debatira. Do tolku e genialen/glup sto koj saka, kako saka moze da go intepretira.

Dosaden e, toa da, onaka baaaaaaaven mnogu, i pishav nekade deka bez drushtvo ne se gleda, a i mu simnuvam kapa koj imal nervi 2 pati da go gleda. :)

Uste ne mi se veruva deka e od 1968...
 
I

Intex

Гостин
Ne znam sto moze da se debatira okolu filmov, ne deka e perfekten ili e totalna utka, ama stvarno ne znam za sto moze da se debatira. Do tolku e genialen/glup sto koj saka, kako saka moze da go intepretira.
Може да се дебатира што сакал да каже авторот, истото се дебатира за сите Кјубрикови филмови всушност.:)
Може да се анализираат сцени.:)
Dosaden e, toa da, onaka baaaaaaaven mnogu, i pishav nekade deka bez drushtvo ne se gleda, a i mu simnuvam kapa koj imal nervi 2 pati da go gleda. :)
Јас го гледав сам, заедно со сите други филмови од Кјубрик.:) И има сцени кои ми се вртени и по 2-30 пати.:)
Uste ne mi se veruva deka e od 1968...
Всушност цел филм е ко Кјубрик рачно да им додавал боја на сцените, со четка и темпера.:P

И ај јас да ја отпочнам таа „нема шо да се дебатира“ дебата.:D

Филмот е разделен во 3 дела.

Во првиот дел главни ликови се прамајмуните, и е прикажана борбата за опстанок и како монолитот (читај: вонземјаните) „пуштаат рака“ и со нивна интервенција се отпочнува еволуцијата на прамајмун во човек. Нема актери, нема дијалог, нема никакви ефекти. Само мајмуните и карпест простор. Денешен режисер никогаш не би снимил вакво нешто, едноставно невозможно е, уште се прашувам како глумеле мајмуните, или маскирале луѓе.:D Отпочнува еволуцијата и .....

Одиме на вториот дел кој се одвива неколку милиони години подоцна, т.е. 2000-та година мислам. Овојпат монолитот го наоѓаат денешните луѓе, и доаѓаат до откритие дека сигналот доаѓа од некаде кај Јупитер.:) Во тој втор дел ни е прикажана замислата за Скајп, антигравитациони уреди, вселенски станици. Испраќаат екипаж .....

Екипажот е испратен таму некаде. Бродот е контролиран од супер-компјутерот ХАЛ, вештачка интелигенција.:)
Замислете, човекот успеал да создаде компјутер кому целосно може да му ја допушти одговорноста над животите на тим од луѓе. Која доверба, која глупавост.:)
ХАЛ ги поебува, и останува само еден од тимот. Се обидува да го исклучи компјутерот. Сцената кога го „убиваат“ ХАЛ е ебено језива.
Dave, I'm afraid. Епик! Дури и компјутерот се плаши и истовремено се прашува: што има после овој живот?
Дејв стигнува на конечната дестинација. Се враќа како полу-бог, значи вонземјаните пак интервенирале, овојпат овозможувајќи да станеме мали богови. Дејв има лик на дете. Сите знаеме што и кои се децата. Од тука и религиското прашање: кој е Бог? Дали е вистински? Дали е само дел од некоја напредна вонземска цивилизација? Дали ...? Многу дали.:)

Сето тоа зачинето со совршени кадри, ефекти, музика која допира до тебе, напнатост, бавен .... совршен.:)

Сигурно сум испуштил во објаснувањето, може и многу сум пропуштил, ќе ме дополни уште некој болен фан на Одисејата.:)

П.С. Ете шо сум пропуштил. Вонземјаните ја имаат најсовршената форма, тие не зборуваат, немаат лица, немаат ништо човечко, туку само интервенираат на интелигентен начин, шо ги прави нив богови.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123


- со прекрасната музика на Ричард Штраус и одличниот Ѓорѓи Лугети , одличните визуелни ефекти за далечната 68- година , прекрасната визија за иднината и компјутеразицијата на општеството .

Филмот е поделен на три дела , секој дел представува епоха , сегмент од социјализацијата , еволуцијата .... од почетокот на филмот забележуваме мајмуни кои за прв пат размислуваат , за прв пат се ползува нешто различно од инстинкт - коската е алатка ( во конктерниот случај оружје ) - одличен преод - кога ја фрла коската во воздухот - монтажниот момент со вселенскиот брод е перфектен - на бродот зборуваат за некаква епидемија на земјата , човекот користи минимално од својот потенцијал - пенкалото .... „Монолитот“ представува супервизор ... Дејствието се префрла подоцна во времето после година и половина - значи некаде околу 2000 година - моментот е симболичен ( 2000 се предвидува Апокалипса ) неколку космонаути се во орбитата со компјутер - робот , кој има централен нервен систем , чувствува мисли ... Компјутерот сака да го уништи екипажот во интерес на мисијата , тогаш Дејв ( главниот херој ) саваќа дека подобро е да го ликвидира .... Во мигот кога Дејв го следи монолитот кон Јупитер ( имаме прекрасни визуелни ефекти ) , стасува во музеј од 17-18-ти век , таму се гледа стар , седнува да јаде има чаша со вино кој небежно ја крши - мигот со скршената чаша е можеби најсилниот филмски момент ( на сите времиња ) чашата е скршена , но виното е уште тука - во меѓувреме се забележа ембрион ....


Значи трите епохи се растот , развојот и крајот , подобро направено и анализирано нема моделирано никој . Меѓудругото сеуште е на топ листите по научно фантастични филмови а е создаден пред четири децении .
имаш две варијанти .. го цениш духот и делото или просто не е твој тип на творец -

читкам погоре спор и изговор ( не е провокација ) - да но тоа што треба да се докаже и покаже треба да си има своја динамика т.е тежина .
мајсторот ни ја презентира целата човечка суштина во едно маестрално дело - јас сум од оние кои го почитуваат неговото творење
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Го почитувам филмот од причина што е далеку пред своето време и по идејата и по реализацијата. Иако не сум фан на Кјубрик.

А дека е бавен, тоа е чудо едно, мислам дека времето стои со филмот.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.521
А за тоа дека е далеку пред своето време, далеку е... Нема шанси човек да погоди дека е од 1968. А и самата идеа значи како што кажав ми се допаѓа. Само малку е бавен за мене и за некој.

И тоа доста далеку. Видео разговорите и Voice Recognition :)

Мада гледаш, денес видео разговорите се и со подобра резолуција него ли на филмов :)

Али стоооој. Денес сме 2011, а филмов е за 2001. Тогаш горе долу таква беше. :)

Зар никој од вас не го гледал продолжението од 1984 година???
Потсетување, тој филм се вика 2010

p.s. Што ме терате сега да го гледам :)
 
I

Intex

Гостин
Зар никој од вас не го гледал продолжението од 1984 година???
Потсетување, тој филм се вика 2010

p.s. Што ме терате сега да го гледам :)
Ништо посебно, продолжен филм.
После 2001 Одисеја, Кјубрик се откажал од проектот, а Артур Кларк продолжил да пишува романи продолженија на 2001. И така. Некој снимил филм, просечен филм.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom