Hardfaced

  • Креатор на темата Креатор на темата Bonuso
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2011
Мислења
16
Поени од реакции
1
Hardfaced е формиран почеток на 2004 во Охрид, Македонија. Шест другари под влијанија на различни музички стилови како хардкор, метал, панк и хип хоп создадоа оригинален и препознатлив хардкор/метал звук. Во 2007-та со следнава постава: Диме – вокал, Климо – вокал, Горан – гитара, Јован – гитара, Игор – бас и Бојан – тапани, го снимаат и сами го издаваат првиот деби албум со наслов “More than hate”. Албумот добива одлични критики на Македонската и Балканската андерграунд сцена и е комплетно распродаден. Истата година е реиздаден и во Бугарија преку “Years of Pain records”. Следат неколку настапи по Бугарија и Србија, а песната “Hope” се појавува и на Балканска хардкор компилација издадена во Белград. Албумот е промовиран низ цела Македонија. Во 2008-та точно пред да влезат во студио да го снимат вториот албум, Бојан го напушта бендот. На негово место доаѓа Јордан кој внесува нова свежина, цврстина и стабилност во бендот. Конечно во 2009-та повторно влегуваат во “Krecho Sound Studio” и го снимаат вториот долго свиречки албум со наслов “Show them what they fear” кој е издаден Јануари 2011. Приказната продолжува...

http://www.myspace.com/hardfacedmk

Тука можете да го слушнете новиот албум Hardfaced-"Show them what they fear".
http://www.facebook.com/pages/Hardfaced/80029847429?v=app_108468622525037
 
Бендов е екстра,ама тематиката што ја пее е катастрофа. Смрт,Страв,Шизофренија,Омраза...:toe: :toe:
 
Им бев на свирка неколку пати и не ми се свиѓаат,ни инструментално ни како целина.Можда не им лежи стилов или јас не сум по хард корот.
 
Им бев на свирка неколку пати и не ми се свиѓаат,ни инструментално ни како целина.Можда не им лежи стилов или јас не сум по хард корот.

незнам друже колку ти лежи хардкорот али нив им лежи, за мене се едни од подобрите мк бендови.

 
Новости од Hardfaced, промоција на "Show them what they fear"
3 Април клуб One Place - Тетово (заедно со Непокор)
4 Април клуб Тунел - Куманово (заедно со Cursed Heart)
 
Бледа, многу бледа копија на Металика, малку задоцниле со стилов 30 години......

Зошто сите го имитираат James Hetfield, зошто мора да имаат глас како него со сила?
 
Им бев на свирка неколку пати и не ми се свиѓаат,ни инструментално ни како целина.Можда не им лежи стилов или јас не сум по хард корот.

Хардкорот у Македонија е многу монотона работа.
 
Типичен коментар на металец шо нема нема слушнато ништо друго освен металика!
 
Мене ептен ми е јак спојов со БиСи ,баш ме интересират шо е во позадина освен клавиров нешто виолина или такво нешто?
 
Бледа, многу бледа копија на Металика, малку задоцниле со стилов 30 години......

Зошто сите го имитираат James Hetfield, зошто мора да имаат глас како него со сила?

Да споредиш треш-метал со хардкор, требит да си во најмала рака неписмен.
 
Да споредиш треш-метал со хардкор, требит да си во најмала рака неписмен.

Дете седи мирен. ако ништо друго имај респект кон моите години.

Што се однесува до овие ниту се хардкор ниту треш-метал, во најмала рака ни до срање не се стигнати.
 
Што се однесува до овие ниту се хардкор ниту треш-метал, во најмала рака ни до срање не се стигнати.

А ти со твојте години мислиш дека си доволно музички образован и достоен да даваш вакви коментари!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom