Ај да пишам оти нема да го гледам пошто го гледав пред месец дена со сестра ми и мајка ми. Се думав каков филм да им сервирам за да уживаат.
Морам најпрвин да потенцирам дека овој филм за мене ја има една од најубавите музики, па благодарение на филмот го открив маестралниот композитор Ludovico кој со сигурност остава трага што ќе ја зграбат идните генерации по нас. Дури и тема му отворив на кајгана, кој не го слушал под итно.
Филмот изобилува со доста емотивни моменти. Во него е прикажана маестрална трансформација на лик, кој успева да избега од канџите на безделничарењето и уличните сплетки, благодарение на ликот на Филип. Во ликот на Филип е претставен чоек со силно изградена етика и цврст карактер, кој изненадува со своите ставови, размислувања и подвизи, покрај лошата состојба во која се наоѓа. Воедно по брзата проценка на црнчето, сфати дека во него се наоѓа лик кој може да го доведе на прав пат. Интересно е тоа што пушта по малку од јадицата, до степен да самоиницијативно другиов се фати на мамката, без да го присилува и форсира на одредени реакции. Со тоа се јавува во улога на учител и татко, кој претпазливо и со голема грижа му пристапува на помагачов. Во филмот исто така се наоѓаат многу јаки комични моменти кои знаат човек да го насмеат и покрај сета сериозност истакена во драма жанрот. Особено јаки ми беа миговите со забавата и оркестарот.
Крајот е нешто ненајебливо. Солзи ми дојдоа ко го гледав првпат, а богами и втор пат пред месец дена. Наредување на коцки, победување над срамот, а со тоа и победа над осаменоста во која пливал ликот на ФИлип се до средбата со црнчево. Одлично разработени ликови, приказна богата со случувања, драма на високо ниво, зачинета со Лудовико, буквално потполна и силна во секоја секунда.
10/10 во топ 10 филмови ми е на сите времиња.