Помина и екстерно, си заслужил!
Уфф.. напнато до даска, бајаги сум го заборавил што беше одлично во случајов, еден од малкуте филмови што така ме држел константно од заплетот(кога почна полека да пишти експрес лонецот, негде по 20тина минути), па се до крајот(кога експлодира и експрес лонец и се').
Мора да му се симне капа на режисеров Клузо. Направил филм на ниво на Мастерот, и до даска исцеди по мене неизвесност, напнатост и хорор. И тоа не со покажување на конкретни работи, туку преку тоа што очекуваме ние да го видиме, самите да си го креираме ужасот.
Исто, негов многу важен избор, што го заприметив негде на половина, немаше никаква музика (освен на воведните кредити), и тоа ептен одговараше за зголемување на цела атмосфера.
Ај да ги набројам моментите, поточно "бранови", каде што бев целосно внесен... СПОЈЛЕРИ!!
Првиот, кога двеве женски стигнаа во гратчето и спремаа терен, доаѓањево на Мишел, убиството, пренесувањето на телото назад покрај толку сведоци, и на крај порибување на базенот со мртовец.. Успеаа со планот, може да се земе воздух.
И добро е што се зеде воздух зашто доаѓа шок и пресврт, вториот бран, базенот испразнет, го нема мртовецот.. е ај сеа. Ај што го нема па и оделото кое го носеше им стигнува испрано, како и други индикации дека е жив (Кристин кога влага во хотелската соба и се отвора полека вратата со огледало.. уфф).
А Никол кога му рече на детективов дека никогаш нема да го најде, се потсетив или ми текна пак одново, дека она е заедно со Мишел и целта е Кристин.. али не ми сметаше и не ми намали од ефектот.
Напротив, последниот бран што следеше беше тотално внесување и уживање. Кога Кристин остана сама и се разбуди, звуците, запалената сијалица и писмото, и на крај црешата на тортата, мртовецот се издига.. ауу каква сцена! Кристин кога се гушеше како и ја да осетив гушење. Хорор на највисоко ниво, не се мрднав.
Значи феноменално возење за мене и тешко е повеќе да се бара.
Ама тоа не е се! Детенцево вика ја видел Кристин. Ај сеа теории, дали Кристин се договорила со детективов да изглуми за да ги фати на дело двајцава? Ама па овој нели и го провери пулсот... е сеа дали уште беше жива па ја остави да умре, зашто баш и се глеа дека уште дише, или па глумицава не додржала да земе воздух, не ми се разјасни тоа.
Дали детево лаже дека е жива(ама испадна дека не лаже за Мишел). Детективов делуеше ко да знае што се случува и дојде баш кога овие самите се разоткрија.. Некако ко да биле договорени со Кристин али само тоа со пулсот ме буни малку.
Инаку детективов у пензија 100 посто е инспирација за
Колумбо .
А оцената си остануе, 9,5/10