FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пишува хорор пошто у 55та година ваљда луѓето јаделе инфаркт коа ќе ги виделе превртените очи на овој ко пинг понг топчиња, паѓале у транс и на Птиците на Хичкок. :D Во денешно време тоа уопште не е страшно.
Јас до душа не ни видов дека е хорор филмов пошто не читав ништо пред да го пуштам туку само го симнав и почнав да го гледам.

Да го праел Хичкок можеби и би бил поголемо филмско остварување од Псајхо, мене ми фалеше тензија во филмов, крипи музика да ми го долови тој трилер-хорор момент, вака ништо, драма со плот твист. -Многу ме потсеќа ова на некој друг филм ама не ми текнува сега.

Се согласувам до негде со @Anon и @Донев , првата половина од филмот односно до моментот коа ќе го испразнат базенот ми беше досаден (у реду е @whatto не замарај :D ) после почнав да се интересирам, едно време развив теорија и се молев на крај да не испадне дека овој се повампирил, па ги опседнува нешо курсетресе па да му дадам една чиста 0 ама на крај не испадна така и баш ми е мило поради тоа.

Обично кога гледам филм не обраќам многу внимание на тоа кој како глуми ама Кристина некако ми двоеше, многу аматерски ми изгледаше таа нејзина паника низ целиот филм ама ја извадија цицињата на крај. :icon_mrgr:

Последната сцена односно инфарктот очигледно беше дека глумеше пошто апла се приметуваше дека диши а и инспекторот одеднаш се појави за да ги фати на дело, е сеа нели овој и го провери пулсот па може и он се договорил со инспекторот само за да ја наместат таа плавата. :cautious:

Не сум нешто голем љубител на стари црно-бели филмови освен ако не е потпишан од Алфред Хичкок, го пишав ова и кога го исклучив првиот филм во клубов, едноставно не можам да се поврзам, не е до филмовите туку до мене е. Ми се свиѓаше крајот ама како што пишав погоре ми фалеше крипи музика и тензија и поради тоа не можам да му дадам поголема оценка од 8.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
7/10

Се зезнав, прочитав на имдб што пишува, па првиот спојлер дека телото ќе исчезне го знаев. До тој момент гледав онака, чекав да го извршат убиството, да видам што и како имаат испланирано. Дојде сцената со базентот, Кристина на моменти беше и премногу параноична, очекував полицијата да се вмеша во некој момент (ама не очекував дека пензиониран инспектор ќе биде тоа).
Откако исчезна телото почнав повеќе да внимавам на филмов, дојдоа тие шок сцени со хотелот, костимот, ама некаде тука осетив дека всушност швалерката е крива (сеуште не бев сигурен, ама чуваров и професориве немаа што да добијат од тоа они да се вмешани во се ова, ми текна на муабетот дека разговарале да ја убијат за да наследат се што е нејзино).
Многу дебилно ми беше изглумен инфарктот, на крај делуваше како вратот да и се скрши.
Ми се свиѓаше клифхенгерот на крај со детето, и јас мислам дека била договорена со инспекторов некако.
Што знам, ми фалеа некои работи у филмов за да ми биде така феноменален како и на вас, реално сите тука имаме мал милион трилери изгледано па ретко кој филм сега може да те изненади и да те остави со WTF поглед.[DOUBLEPOST=1485053195][/DOUBLEPOST]7/10

Се зезнав, прочитав на имдб што пишува, па првиот спојлер дека телото ќе исчезне го знаев. До тој момент гледав онака, чекав да го извршат убиството, да видам што и како имаат испланирано. Дојде сцената со базентот, Кристина на моменти беше и премногу параноична, очекував полицијата да се вмеша во некој момент (ама не очекував дека пензиониран инспектор ќе биде тоа).
Откако исчезна телото почнав повеќе да внимавам на филмов, дојдоа тие шок сцени со хотелот, костимот, ама некаде тука осетив дека всушност швалерката е крива (сеуште не бев сигурен, ама чуваров и професориве немаа што да добијат од тоа они да се вмешани во се ова, ми текна на муабетот дека разговарале да ја убијат за да наследат се што е нејзино).
Многу дебилно ми беше изглумен инфарктот, на крај делуваше како вратот да и се скрши.
Ми се свиѓаше клифхенгерот на крај со детето, и јас мислам дека била договорена со инспекторов некако.
Што знам, ми фалеа некои работи у филмов за да ми биде така феноменален како и на вас, реално сите тука имаме мал милион трилери изгледано па ретко кој филм сега може да те изненади и да те остави со WTF поглед.
 
Последно уредено:
Член од
31 декември 2013
Мислења
101
Поени од реакции
192
Конечно најдов време да го изгледам. Супер филм. Како и кај други членови, и мене почетокот не ми задржуваше многу внимание. Пресвртниот момент ми дојде малку порано, кога сфатив дека ќе го фрлат во базенот за да изгледа како да се удавил. Убиството ми изгледаше креативно и почна да ми станува интересен. Сè на сè, до крајот е прилично тензично, посебно завршните 10-15 минути. Отворениот крај во конкретно вакви филмови не ми се допаѓа затоа што сакав да знам што ќе се случи, кој кого надиграл. Сумирно, 8/10 од мене.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.330
А на @Хоуп кога ќе и се извиниш? :kafence:
Кога ќе ми стигнат резултати од испит за Клиничка Биохемија и Општа Генетика.
А на Хоуп филмот, ќе го изгледам после теоретскиот за Физиологија на Растенија.
Ама зашто те гледам засекиран за рокот, може да се договориме да ти ја пратам во пдф скриптата од 750 страни, па да полагаш ти место мене додека го гледам јас филмот на Хоуп.

Во меѓувреме он топик, нека место мене говори маестро
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
meh, мислев да се закачам малце ама не можам со Аца Лукас за жал, слаб сум на него. :busi:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.840
Поени од реакции
5.963
Многу беше битно предупредувањето да не се чита ништо за филмот, па оние што читале, се зезнале. Впрочем јас и без тоа, ретко кога читам за некој филм пред да го гледам, освен онаа една-две реченици на ИМДБ, кои сега не ги прочитав ни нив. Во 3 саат наутро, во тотално затемнета соба, на 15 инчен лап топ, симнат од торент со едвај речиси 2 ГБ, на крш слика... :LOL: без никаква информација седнав да го гледам, само со прочитаниот пост на Хоуп, препуштајќи му се во целост.
Ниту на момент не осетив незаинтересираност, него го следев со будно око, пазејќи на секој детал, покушавајќи да го надмудрам и разоткријам пред време.
Уште од почетокот бев сигурен дека плавата спрема нешто, иако мојата теорија беше дека планира она сама да го превземе училиштето, па го прави сето она да и влева страв на Кристина дека е мажот и жив. Се излажав, признавам. :D
Последните 15 минути беа феноменални, поготово сцената во ходникот и "соочувањето" со маж и. Немањето на музика ја направи сцената по неизвесна, по блиска до гледачот и по страшна.
Освен падот, нели.. како сцена од некоја нема комедија. :ROFLMAO:



Кој знае колку луѓе пред пола век кога го гледале на кино, срчка ги фанало како кутрата Кристин . :DУвиделе после режисериве дека ако продолжат овака, без публика ќе останат, па од тогаш навака ставаат музика. :P


Инаку филмот воопшто не треба да се перцепира како хорор, него исклучиво преку призмата на трилер. И тоа каков само трилер. (teeth) Отворениот крај кој доведува до различна интерпретација од страна на гледачите го прави филмот култен во својот жанр. Те тера да удриш едно ретроспективно тумачење на настаните и да се замислиш. Најдобар филм на Hitchcock. хехехехе :D
8.5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
@MyloXyloto , @Zlatikevichius , @џимеј , @ManUtdChampions , @ob1 , @moongoses , @Васил МКД , @Corvus и @Shawn Spencer - денес е последен ден од филмот на @Хоуп . @Хоуп , не видов и твоја оценка тука.

Јас да си се извинам, но не успеав да го гледам, зашто филм немам гледано цели 2 недели! Периодов многу и неубави и убави работи ми се случија истовремено, па затоа морав седмата уметност да ја оставам на страна. Веројатно нема ни денес да можам да го гледам, а ни во скоро време, но ќе дојдат и моите пет минути, па не се грижам. ;) За останатите - клубов продолжува со иста пареа ко и до сега. Тие што ве тагнав, ве молам обидете се да го ѕирнете денес овој, а утре ќе добиете нов предлог. Убав ден!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.110
Поени од реакции
9.942
Нема да стигнам јас, ама таму до четврток сигурно ќе пишам нешто. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Доста добар психолошки трилер, се гледа дека Хичкок има некои идеи од филмов. Забележав едно нешто а тоа дека ваљда францускиот јазик можам повеќе да го сварам во новите филмови него во постарите neo noir. Можеби не е така, можеби со овој филм беше проблемот, но мислам дека црно бели филмови стари би гледал само американски, ама ајде може грешам, ќе видам понатаму секако ќе изгледам нешто старо европско.

Во врска со приказната беше навистина добра, еден дел од филмот посебно почетокот беше малце досаден, не знам, очигледна беше целата таа ситуација околу планираното убиство а и некако немаше некоја тензија општо во целиот филм. Ми се допадна глумата, посебно од Никол. Крајот добар, интересен начин за тоа време да заврши така со мистерија и отворен крај филмот, сега не ми е нешто невидено. Во целина, добар, би сакал да изгледам уште некој европски стар, ама како што кажав, ми сметаше малку францускиот, не знам зошто, а новите француски обожавам да ги гледам.

8 | 10
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Генијално дело на Клузо. Еден од ретките филмови кои имаат атмосфера која трае од почеток до крај, нормално во les diaboliques крајниот епилог е маестрално изреализиран.

Малку европски филмови имам изгледано од тој период, па така вистинско уживање ми беше филмов.

9/10

The famous story: A man wrote to Alfred Hitchcock: "Sir, After seeing 'Diabolique,' my daughter was afraid to take a bath. Now she has seen your 'Psycho' and is afraid to take a shower. What should I do with her?" Hitchcock replied: "Send her to the dry cleaners."
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
„Дијаболик“ или „Демони“ е психолошки трилер на познатиот француски режисер Анри Клузо, познат по за мене неговиот најдобар филм „Надница за страв“. Уште на самата најавна шпица музиката од гудачки инструменти и оргули проследена со ежаво пеење на детски хор го најавува тонот на филмот што ќе го следиме. Интересно е што тоа е единствената музика во целиот филм, понатаму филмот продолжува без музика. Нема музика ниту во преодните, ниту во драмските сцени, барем не ја забележав. Од друга страна многу забележливи се звучните ефекти, кои се намерно нагласени во голем број на ситуации и кои потполно го доловуваат расположението што филмот ни го пренесува.

Филмот има двоен пресврт, од денешна гледна точка предвидлив, но не верувам дека бил и во времето на неговата премиера. Проблемот со кој се воочуваат ваквите приказни е плаузибилноста на ликовите и дејствието во почетниот заплет после моментот кога ќе се открие вистинското дејство. Морам да признам дека не можам да се сетам на некој таков момент од првиот дел на филмот кој што нема да држи вода по сознанијата за вистинската приказна. Можеби на повторно гледање нешто ќе излезе, но после првото сите работи се на свое место. Може единствено да се забележи на добрата глума на Никол што и после исчезнувањето на телото беше толку уверлива во своите реакции што не пробуди сомнеж ниту кај Кристина ниту кај останатите од училиштето. Втора забелешка за вмешувањето на пензионираниот инспектор за кој имав впечаток дека не баш ненаметливо влезе во приказната.

Одличен драмски ефект имаше сцената со соседите од горниот стан, додека се спремаше убиството на мажот во долниот.
Камерата е одлична, особено светлото, се забележува голема активна употреба на огледала во кадрирањето. Кој бара скриени значења во филмот, може слободно тука да почне. Сниман е во црно бела техника во време кога веќе колорот и широкиот екран се наголемо достапни. Може да е авторски, но може да е и продуцентски избор.
Како и да е, треба овој филм да се гледа во кино за да се доживее комплетно.

Се работи за одличен филм, една вкупна целина со авторски печат, кој успешно одолева на времето и е актуелен и по повеќе и од половина век од неговото создавање.
Од мене 8/10.

Авторите на книгата според кои е снимен филмот се сценаристи на „Вртоглавица“ на Хичкок, а филмов има и римејк со Шерон Стоун на местото од Симон Сињоре.

И уште еден мал куриозитет, главната улога во овој филм (Кристина) е сопруга на режисерот, иста ситуација како и со претходниот филм, „Животот е убав“

@Zlatikevichius, Ќе пишев порано, но последниве неколку дена форумов беше недостапен.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.476
Поени од реакции
9.421
Јас се зафатив да ги гледам сите номинирани филмови од оваа година и никако не успеав да си го репризирам филмов. Од мене има 9 ако се важи оцена без реприза, а репризата ќе биде се надевам до крајот на неделава.

@wicked_1, можеби 1984?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom