FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Ааа одличен!
Прекрасна нарација и story telling. Само што, очекував некако повеќе филозофија од Харви бидејќи ти е како омилен лик... мислев ќе кажува некои свои мислења за животот но сепак тоа го прави со своите дела. А и нели, ограничен е.
Фактите беа многу реални, комични и депресивни.
Тоа што стана вегетаријанец, правата на животните и нудизмот не ми се вклопија баш но секој со своето.
Песничката при крај со Господ :aplauz:
На крај, филмов мислам дека сака да ни го долови долново и тоа успешно го прави.
Харви има наследно невропсихијатриско нарушување: Tourette's Syndrome (се обидував да не речам, оти малку грубо звучи, но морам - Харви е ретардиран). Од таков човек не можеш да очекуваш филозофија искажана со зборови, но преку делата, доловува длабоки филозофии. А да не зборам па преку книгичката со „Fakts“: „The problem with nude dancing is that not everything stops when the music does“ е сепак голема филозофија. :pos:
Со World of Tomorrow не може :P
Мрш! :свиркам:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.416
Поени од реакции
42.673
На недела ќе биде веќе а? :P
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.442
Поени од реакции
9.351
Јас мислев дека има некои ептен тешки филозофии, длабоки мисли за смислата на животот, скриени пораки и тешки ликови, а ова испадна забавна (и по малце тажна) приказнa за животот на Харви.

1922 година, во Полска, се раѓа Харвек кој има пореметување со кое не може да си ги контролира своите импусли, или без никаква причина ги допира работите, или поточно носевите на другите ликови. Единствено е ова тоа што го прави Харви да изгледа како специјален случај, па затоа е ваљда и малтретиран и понижуван од другите деца. Баш поради тоа малтретирање, неговата мајка која патем е стварно ретардирана, а бонус и неписмена, одлучува дека за Харви најдобар учител би била.. Таа :)
Во текот на таквото школување Харви дознава битни факти за животот кои си ги запишува во бележник кој си го носи секаде со себе. Една од побитните работи е тоа дека слоновите не можaт да скокаат, па колку и да се труделе околу тоа. :)

Поради својата потреба да допира туѓи носеви, Харви си заработува голема посекотина на главата, а поради својата лоша среќа добива удар од гром, астма поради претерано пушење, а поради компликација од громот, Харви станува жив магнет, а со тоа и сензација за која пишуваат весниците. Животот на Харви е се потежок и понеподнослив, се додека еден ден не дознае за една мудра реченица нa гoлем мислител која ќе го натера да направи пресврт во својот живот. Веќе не е депресивниот Харви кој секојдневно се гуши во димот од цигари сожалувајќи се себеси и барајќи причини зошто сите тие лоши работи му се дешаваат баш него и веќе не се замара за глупости, сегa Харви е нудист, вегетаријанец и борец за правата на животните. Наместо да се гуши во чадот, тој сега трча гол и спасува пилиња, а после склоп на околности, ја запознава својата сродна душа со која си посвојува дете и сите факти, познавања и искуства од животот се пренесени на најмалиот член кој полека ќе израсне во млад човек со кој секој родител би се гордеел. Совршениот живот прекинува кога сродната душа на Харви умира, а тој станува осамен стар човек со спомени...
Но и спомените поле го напуштаат и Харви станува сенилен и кога трансакцијата од неговата микробранова ќе заврши неуспешно, време е да се оди во институција.

Тука веќе и мене почнува да ме фаќа мрза, а Харви длабока сенилност, пoсле неуспешнoтo сaмoубиствo решaвa декa живoтoт требa дo крaј дa се терa сo пoлнa пaреa и поентата на филмов е дека животот е краток и треба максимално да се искористи. Или, "Life is like a cigarette. Smoke it to the butt". :)
Дo сегa нaјвеќе ми се дoпaднa oд сите предлoжени тукa, мoже декa крaтoк. И ми дoaѓa дa дaдaм oткaз и дa седнaм дa гo чекaм бусoт. :) 9/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Јас мислев дека има некои ептен тешки филозофии, длабоки мисли за смислата на животот, скриени пораки и тешки ликови, а ова испадна забавна (и по малце тажна) приказнa за животот на Харви.

1922 година, во Полска, се раѓа Харвек кој има пореметување со кое не може да си ги контролира своите импусли, или без никаква причина ги допира работите, или поточно носевите на другите ликови. Единствено е ова тоа што го прави Харви да изгледа како специјален случај, па затоа е ваљда и малтретиран и понижуван од другите деца. Баш поради тоа малтретирање, неговата мајка која патем е стварно ретардирана, а бонус и неписмена, одлучува дека за Харви најдобар учител би била.. Таа :)
Во текот на таквото школување Харви дознава битни факти за животот кои си ги запишува во бележник кој си го носи секаде со себе. Една од побитните работи е тоа дека слоновите не может да скокаат, па колку и да се труделе околу тоа. :)

Поради својата потреба да допира туѓи носеви, Харви си заработува голема посекотина на главата, а поради својата лоша среќа добива удар од гром, астма поради претерано пушење, а поради компликација од громот, Харви станува жив магнет, а со тоа и сензација за која пишуваат весниците. Животот на Харви е се потежок и понеподнослив, се додека еден ден не дознае за една мудра реченица нa гoлем мислител која ќе го натера да направи пресврт во својот живот. Веќе не е депресивниот Харви кој секојдневно се гуши во димот од цигари сожалувајќи се себеси и барајќи причини зошто сите тие лоши работи му се дешаваат баш него и веќе не се замара за глупости, сегa Харви е нудист, вегетаријанец и борец за правата на животните. Наместо да се гуши во чадот, тој сега трча гол и спасува пилиња, а после склоп на околности, ја запознава својата сродна душа со која си посвојува дете и сите факти, познавања и искуства од животот се пренесени на најмалиот член кој полека ќе израсне во млад човек со кој секој родител би се гордеел. Совршениот живот прекинува кога сродната душа на Харви умира, а тој станува осамен стар човек со спомени...
Но и спомените поле го напуштаат и Харви станува сенилен и кога трансакцијата од неговата микробранова ќе заврши неуспешно, време е да се оди во институција.

Тука веќе и мене почнува да ме фаќа мрза, а Харви длабока сенилност, пoсле неуспешнoтo сaмoубиствo решaвa декa живoтoт требa дo крaј дa се терa сo пoлнa пaреa и поентата на филмов е дека животот е краток и треба максимално да се искористи. Или, "Life is like a cigarette. Smoke it to the butt". :)
Дo сегa нaјвеќе ми се дoпaднa oд сите предлoжени тукa, мoже декa крaтoк. И ми дoaѓa дa дaдaм oткaз и дa седнaм дa гo чекaм бусoт. :) 9/10
:love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Чекај бе, има време. Бусот не би бил бусот ако не поминеш колку што помина Харви :)
Недај боже никој да помине тоа што помина Харви. А за години - дупло, па бусот. ;)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Баш ми се допадна ова што го напиша @Хоуп за филмов. Преубав краткометражен филм, еднакво прекрасен како и Mary and Max, кој ми е еден од омилените анимирани филмови. За самата анимација премногу ми се допаѓа, а приказната не ја знаев, само што филмот веќе ми беше во watchlist уште од многу одамна. Интересен сплет на ситуации, проблемите на Харви, самите факти и позитивноста во филмот.

9/10 и од мене. прекрасно. :love:
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Интересен филм, многу добар. Но, сепак мене не ми ги исполни очекувањата. Можеби затоа што истите беа превисоки, можеби затоа што моите светогледи се поразлични од поуката која ја дава овој краток анимиран филм... ми фалеше таа длабочина во него.
Не можам да најдам замерка во техниката на изработка на истиот, иако не сум голем љубител на пластелин.
Можеби анимацијата да беше компјутерска или пак цртана, ќе му дадеше поголема емоција на ликот на Харви, како и поголема загриженост и замисленост кај гледачот, па да си речеше во себе: "Што побогу правам јас со животот?"
Овака, истиот го третирав како некоја предобро изработена дипломска или магистерска задача од страна на некој студент од Австралија. Одлично, но не доволно за masterpiece.
Се на се, филмот добива препорака од мене и вреди да се погледне.
Заслужува една јака 8. :)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Се сложувам скоро со се што има напишано @Хоуп. Иако мислев дека после Mary and Max нема да изгледам толку hard core анимиран филм, каде што на главните карактери ќе им се случуваат секакви срања и од лошо полошо ќе ги снаоѓа, сепак Харви ме демантираше. Иако е краткометражен сепак уживаш во тие 30 минути што ги пружа цртанот. На интересен начин е прикажан животот на Харви. Наративот е одличен.
Моја оценка 9/10.

@Zlatikevichius за да не се рушеше таа традиција од две недели, можеше на пример да предложиш два краткометражни филма и на секој од нив да му дадеше по една недела за гледање и коментирање. :)
 
Животот на Харви беше мачкина кашлица према животот на некои луѓе кај нас, што го имаат истиот или сличен синдром како него(да не бидам груб па да речам дека се благо ретардирани). Впрочем, и обичните нормални психо-физички луѓе кај нас поминуваат слични голготи како Харви, ако не и потешки.
Сепак, да се задржам на оние погорните и да раскажам една приказна во кратки црти за човек кој имав можност да го запознаам лично и да видам како животот може да си поигрува понекогаш.
Човекот е благо ретардиран и веќе во години(ги фаќа 70тите). Дошол на млади години во градот, којзнае од каде, после некоја несреќа каде што го загубил најблиското семејство.
Истиот живеел како уличар и работел секакви работи за корка леб, за да преживее, но никогаш не просел, се што правел, правел чесно. По чесен човек од него немам ни запознаено во животот.
Успеал да пронајде работа, т.е се смилувал еден човек(читај: го искористувал за да му работи без пари) кој имал мала фарма на 20-30км од градот па кај него работел како свињар, коњушар, земјоделец, аргат.
Таму во селото успеал да најде жена, која патем исто така била благо ретардирана како него од која добил ќерка која го наследила истиот синдром.
Со тек на време, правејќи тули од глина и собирајќи материјали од гратскиот шут успеал да направи една куќичка со 2 собички во близина на селото.
Но, среќата пак му го свртела грбот и жена му паднала болна(најверојатно бронхитис), но бидејќи немале пари за да се лечи, починала. А бидејќи немал пари да и направи погреб на селските гробишта, ја закопал сам, во близина на куќата.
Ќерка му ја одгледал и школувал он сам, но, ја немала таа среќа да заврши факултет и да отиде за Америка, напротив, истата била силувана од неколку селани. Среќа во несреќа е што истата успеал да ја омажи во соседното село на нецели 16 години за некој од 40 и кусур години, за жал, во погрешна фамилија па истата е тепана редовно од мажот и, немајќи можност да избега од него или некаде да се пожали па сега живее пеколен живот исполнет со секојдневна тортура.
Човеков, се разбира, нема добиено никаква финансиска помош од државата, а старечки дом кај нас е луксуз за повеќето граѓани. Истиот сега, за жал, не го чека автобусот, него работи за да преживее. Уствари, не знам ни дали е жив воопшто, бидејќи последен пат кога сум чул нешто за него беше пред 5-6 години.
Ако има некој храброст нека му каже на овој човек дека "Life is like a cigarette. Smoke it to the butt" и дека треба да стане нудист и да спасува угнетувани кокошки.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Добар, интересен, макар што не знам, очекував нешто пофилозофско јас. Ја сфаќам поентава на филмов, фактите на моменти ме изнасмеаа, едноставно е, срања се случуваат во животов, кучка е животот, ама мораш да станеш и продолжиш понатаму. Ама од друга страна има ситуации како оваа на devilko кои се каде каде пологични да се случат во нашево поднебје.
Анимацијата ми се свиѓаше, ме фати носталгија за Mary and Max. И не знам кој го даде предлогот погоре, за два кратки анимирани филмови, да си продолжи тоа со две недели менување на човек што кажува филм.
Што се однесува до пољакот Харви 7/10
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Harvie Krumpet. Го изгледав два пати. Вчера и денес пред да пишам тука. Краток анимиран филм кој плени со пораките кои ги остава на гледачите. Јас секогаш сум ги избегнувал кратките филмови. Ова ми е пример дека во иднина треба да им посветам поголемо внимание.
Филм предложен од @Zlatikevichius . Најчесто имав слични мислења со него, па затоа претпоставував дека ќе ми се допадне тоа што ќе го гледам. Очекувањата се задоволени целосно.
Филмот ја раскажува судбината на еден посебен човек. Харви е посебен уште од неговото раѓање. Има туретов синдром. Симтомите на овој синдром се нарочито изразени при стрес или возбуда. Многу е познато дека тој синдром нема никаква врска со интелигенцијата. Вистински пример за тоа е Харви, за кој никако не би можел да се согласам дека е ретардиран. Харви е посебен и се однесува различно од другите луѓе. Поради тоа децата на училиште го малтретираат и тој престанува да го посетува училиштето. Неговата мајка (за која нема да давам дијагнози) го подучува во домашни услови. Но, што може да го научи таа. Според мене тоа е најкобен момент за Харви.
Како и да е, тука се согледува првата лекција која дискретно излетува од филмчево, а се однесува на различностите и колку е тешко да ги прифатиме различните на нас. Човекот е окрутен и злобен кон луѓето кои се разликуваат од него и од групата во која тој припаѓа. Одличен пример како не треба да се однесуваме, како за деца така и за возрасни.
Почнува да ја пишува книгата на фактите, која е ризница на богатсва. Реални феномени кои се засновани на каузалноста и логичноста на еден посебен човек. Фактите се навистина одлични, барем поголемиот дел од нив. Највпечатлив факт на кој ми текнува во моментов ми беше: Библијата ја напишале луѓе кои мислеле дека земјата е рамна... и најверојатно биле во право.
Сакам „црн“ хумор па имаше моменти кога се смеев на филмов. Најмногу кога се сокрија во гробот за време на бомбардирањето. Исто така, симпатичен момент ми беше завесата на телевизорот. Се смеев и на Факт 914: Алкохолот може да предизвика разголување и пијанство, и на графитот: и шницлите имаат чувства.
Кога му беше најтешко го слушна внатрешниот глас, односно гласот од статуата. Тој глас му даде сила да не се предаде. Стана нудист, вегетаријанец и борец за правата на животните (кокошките и нивните јајца).
Пронајде сродна душа. Нивните сексуални фермони (не хормони) се мешаат и се случува една едноставна, но голема љубов. Нажалост Харви е стерилен, па затоа посвојуваат девојче. Не разбрав кој синдром го има девојчето.
Тоа што мене ми беше најсимпатично во целиот филм се лекциите на кои ја учи Харви својата ќерка. А тие се:
- Животните имаат свои права.
- Почитувај ја природата.
-Сакај се себеси.
- Убаво е да се биде гол. Не треба да се срамиме од сопствените тела.
- Секој од нас е посебен.
Браво Харви!!! Ова се лекциите кои секој татко треба да му ги пренесе на своето дете.
Филмот изобилува со тажни и депресивни ноти. Некој чуден сентимент преовладуваше додека го гледав и првиот и вториот пат. Одлично раскажување на животот на еден осамен и посебен човек. Тоа што јас го разбрав на крајот од филмот е дека животот е понекогаш одвратно долг и безвреден (тие седеа и чекаа да умрат), иако Харви се трудеше да пркоси на моево размислување. За осаменоста и отуѓувањето нема да кажам нешто посебно. Изолираниот живот на било која возраст е горчлив и безнадежен.
Како и да е, филм за кој претпоставувам дека никого не остави рамнодушен. Филм кој ја обработува филозофијата на животот. Морам да признаам дека на моменти се чувствував навистина чудно што анализирав анимиран лик. Сепак, начинот на кој е претставен неговиот животен пат и секој зглоб низ кој приказната добива на тежина и се надоврзува остави простор целосно да се внесам и да дадам еден ваков опис. Исто како главниов лик да е одглумен од Tom Hardy, на пример.
И за крај, ако на Mary and Max би им дал чиста 10-ка, тогаш за Harvie Krumpet од мене една јака 8-ка.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom