FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.443
Detachment 6ка, тежок филм и комплициран, Хенри пробуваше да ги среди животите на сите други додека неговиот се распаѓаше, исто и многу нереални постапки имаше од негова страна.
 
G

grande-juve

Гостин
Гледан тазе, пред неколку месеци. Во мувиспотинг добил 7,5 (@Злате).
Веќе се пиша за што се работи, што кога ќе се најдеш беспомошен во природа, дали ќе чекаш некој да те спаси, дали сам ќе пробаш да направиш нешто.. Кога ќе дојде до гола борба за живот, дали и тогаш ќе мислиш што другите мислат, или ако треба и загинат човек ќе изедеш, другар.. Дали си спремен и да умреш за да ги спасиш другите..
Откривање на личноста до крај, тоа ми остана ко главен фокус на филмов, ако убаво памтам.. стотина филма изглеав после него :D. Си сакам многу филмови што се целосно во природа, а плус и коа се за преживување. Се на се, не е врвно нешто, али доста солидно склопен, има поврзување некое со ликовите... добро филмче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
Од еднаш не се стануе педер, плус пишав дека денес ќе го гледам цц
:toe:
ОК, пеерче тогаш. :P
Овој да не беше со Итан Хок и Малкович наратор?
Иам глеано инсерти што содржат спојлери а и имам фатено малку на телевизија пред некоја година... како и да е ќе го гледам асално. Делуваше доста интересен.
се ебав првите 3 збора ги прочитав од спојлерот на девилко
пак да кликаш анонче
И јас, упм
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Не даваат дека ги наоѓа овчар. :D
Не знам дали даваат во филмот, во вистинската приказна е така.. Добро, не било овчар, него Ариеро. :D
Филмот е одличен и многу добро ја доловува вистинската приказна, но за целата да биде комплетна, ја го препорачувам и документарецот од History channel со изјави од вистинските преживеани(за мене далеку подобар од филмот). Просто да се наежиш додека го гледаш. :confused:

Ќе пробам да го репризирам ако успеам до рокот бидејќи сум слаб со време иако го имам до сега гледано неколку пати, ако не се лажам пред скоро го даваа на ТВ.

Оцена: 7
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Го изгледав Клопка уште во понеделникот ама не бев многу активен на форумов деновиве, па затоа тек сега давам коментар.

Убав филм, мене ми се допадна искрено пред се ради тематиката. Можеби вака не беше скоцкан кузнај колку добро, но имаше некои добри критики кон општеството што ми се допаднаа. Крикита кон оптшеството дава пола оценка плус кај мене. :icon_mrgr:
Ми се допадна тоа што е меланхоличен, мрачен и бавен. Целата атмосфера е некако сива, дури и небото е постојано затемнето и врне. Буквално ''кога врне истура". Имам кажано дека вакви филмови ми се допаѓаат и претходно. Иако овој не е таков филм да те утепа у поим, не ми остана во глава како некои други до сега што беа.

Иначе освен со таткото со другите ликови и не се поврзав баш. Не дека ми беше сеедно за детето ама повеќе ме интересираше како ќе се снајде таткото и како ќе се извади од гомната во кои влезе.

Вака во глобала интересен филм и нешто различно како за стандарди за нашиве простори.
7/10
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Alive.Го гледав вчера заедно со моите. Нив им се допадна, мене не баш. Имаше нешто во филмов што ме нервираше, но не сум сигурен што. Некако се ми беше прикажано нереално и дистанцирано. Можеби затоа не успеав да се соживеам со ликовите. Најверојатно најголем адут на овој филм е токму тоа што е снимен по вистински случувања. Луѓето доживеаа страшна несреќа. Останаа на врвот од планината речиси три месеци. Соочувањето со реалноста во такви моменти е најверојатно ужасно и тегобно. Но, поголемиот дел од преживеаните беа цврсти и храбри, со морал и етички вредности на највисоко ниво. Не забележав дека тоа што им се случи, вклучувајќи ја тука и смртта на останатите патници, беше нешто посебно кобна за нивната ментална сила. Ок. Речиси никој од нив не попушти психички. Јас можам само да претпоставувам како им било на лицата кои навистина го доживеале ова. И толку. Сигурно било ужасно тешко и страшно. Но филмов слабо го претстави страдањето, стравот, загубата, па и болката. Филмов само ме насочи да размислувам што ако јас се најдев во таа ситуација. Па мислам дека ќе глумев силен, а во себе ќе бев многу уплашен. Се така до моментот кога целосно ќе полудев и ќе изгубев надеж. И не, не сум сигурен дека со насмевка на лицето ќе се согласев да ме јадат ако умрам пред нив. Мислам дека тој момент во филмот беше нереално прикажан.
Приказната и сцените изгледаа како да се натурани и површни. Па да почнеме од самиот почеток. Ја доживуваат несреќата и секој од преживеаните на различен начин се справува. Но, речиси никој не пушта солза, сите се снаодливи, решителни и одлучни. Браво. Едниот шета со шипка набиена во абдомен, па другар му на изненадување му ја вади. Друг свири гитара на минус температура, ама има јака циркулација, па студот ништо не им може на неговите прсти. Се договараат да се јадат меѓу себе по смртта, ако е тоа неопходно за да преживеат. Поморничаво здравје, но тие се крајно шегобијни и ведри. Можеби некој од вас ќе рече, да, но само за не се натажат меѓу себе. Ако некој не се согласеше, ќе го поштедеа или што? Сакам да кажам дека немаше потреба од такви бизарни договори. Како и да е многу нереална и одбивна сцена. Мене ми дојде сам себе да се изедам после шалата на еден од момците дека се согласува да го јадат, ако ги измијат чиниите после тоа. Поголемиот дел презимија само по џемперчиња. Како? Па дури некои од нив (кои тргнаа да ја бараат опашката на авионот) издржаа на отворено една ноќ. По пат најдоа лешеви, кои не беа завеани во снег, а претходно им врнеше којзнае колку ноќи. Животни... било какви, немаше, па дури оние кои живеат на тие услови беа исчезнати. Момент на среќа и еуфорија, кога како деца се досанкаа назад до другите. И повторно беа сите силни и ведри. Сите веруваа во Бога. Никој не прсна. Никој не изгуби надеж и верба. Рафаел и другиот имаа одбележување на родендените. Кога се распролети, тројца отидоа да бараат помош. Но, одеднаш едниот, онака -без посебна причина, си се поздрави со другите двајца и си се врати кај другите. И само уште да прашам, колку кутии цигари имаа земено? 80 дена пушеа ко луди?
Ликот кој го толкуваше Ethan Hawke ми остави најсилен впечаток. Секако негативен впечаток. Толку лошо претставен лик. Тој првите два дена ги преживеа во безсознание облечен по кошулче. И целиот филм имаше средена фризура. Дури и после 50 дена, кога си викаш е толку од фризурата, ете го пак со истата заносна и уште полепршава фризура. На 61 ден, оп, дури и стилизирана брада. На крај мафта од хилихоптер. Зошто би имало плус уште едно слободно место за другиве кои чекаа, кога овој може да помафта уште еднаш на самиот крај од филмот. Нелогичности еден куп. Изборот на глумци онака.
Најсилен впечаток како лик ми остави Фредерико, дечкото со поврдената нога која му фати гангрена. Токму тој бидејќи покажа огромна несебичност и голема ментална сила во тие моменти. Останативе не ме уверија ама баш во ништо.
Музиката која го следеше филмот не ми беше компатибилна, дијалозите просечни, глумата чудна и површна. Се на се, слаб филм. Добива на тежина само кога ќе ми текне дека тоа некој навистина го преживеал. Но, не би сакал да ја мешам тука вистинската случка со лошо реализираниов филм. Тоа што навистина се случило е страшно и ужасно. Загубата била огромна. Но, мене филмов едноставно не ме увери во истото. Од мене 5, само затоа што е инспириран од вистинска случка иначе сигурно ќе добиеше многу послаба оценка. Се надевам дека ќе го изгледам и документарецот за кој зборува @devilko .
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
Обично немам што да кажам по @dejan_k , па така и овојпат. Јас го гледав завчера, иако мислам дека го имам гледано, многу одамна, уште како мал. И и мене не ми се допадна којзнае колку. Оценката која му ја дадов на letterboxd е малку подобра од оваа на @dejan_k , 6/10, но во размислувањето сме тука некаде. Баш се сеќавам дека по сцената во која се сруши авионот, по следните неколку сцени и реков на жена ми дека глумата е очајна. Немаше ни еден кој ми се издвојуваше од групата. Но веројатно ова не е толку вина на актерите колку што е вина на режисерот и сценаристите, зашто навистина некако преблаго го поднесоа падот и загубата на еден куп нивни другари. Тој Канеста (или како и да се презиваше) ми личеше по малку на еден од психопат-чуварите од Stanford Prison Experiment и исто така ми делуваше ко психопат и само чекав момент кога ќе ги измасакрира сите. Ова веројатно само поради физичката сличност на двајцата актери.

Не знам што друго да додадам кога веќе погоре сѐ е кажано. А и не сакам да звучам грубо ако некои размислувања ги преточам во зборови. Толку. 6/10 Дури и послабо би било, ама, ај, заради приказната и ефектот кој "based on a true events" го носи.[DOUBLEPOST=1461258649][/DOUBLEPOST]А, да, и ќе заборавев - ако сакате сличен филм (за слична трагедија на група на луѓе, и снимен според вистинска приказна), но многу подобро направен, а башка и тазе, од 2015, гледајте го The 33 , ако веќе не сте го гледале. (y)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Пробував, навистина пробував да се грижам за ликовите, не можам.
Сите некако исти ми беа со тоа фризурите од девеес треќа.
Освен тој со црвената јакна шо умре, кажа неколку интересни реченици и троа гајле ми беше за него.
Ова базиран на вистинска приќа може да упали кај брат му на @ob1 кај мене не.
Исто така CGI-от ко од девеес треќа
Како што бев кажал, имав гледано инсерти, знаев спојлери и ич не ми беше гајле шо им се дешава, искрено.
Честопати ликовите нелогично ми реагираа во ситуации.
Глумата чудна, доста пропусти одвреме-навреме.
7/10. Би спуштил и на 6 ама така ќе ми биде ист ко Клопка а сепак овој беше малку боље.
Уствари 6.5.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
И тоа заборавив: овој е парадигма за тоа што @wot (мислам дека беше он) понекогаш го именува како: „нереални реакции на ликовите во одредена ситуација”.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.345
Зaтoa штo е пo вистинскa прикaзнa и вaљдa прaвилнo гo следи текoт нa нaстaните, oк немa штo дa кaжaм. Рaгби тим нa Уругвaј пaтувa вo Чиле, a пo пaт aвиoнoт им се руши и тие oстaнувaaт зaрoбени вo плaнинaтa нa -30 степени, без хрaнa, некaде oкoлу 70 денa.
Oние штo немaле среќa дa преживеaт, немaле ни среќa дa присуствувaaт нa тaкa зaбaвнo пoминaтo време пoд снегoт зaеднo сo преживеaните, кoи пa јa имaa тaa среќa дa се нaјдaт нa тoј aвиoн и дa си пoминaт лудo и незaбoрaвнo.
Ете тaкoв впечaтoк ми дaде мене филмoт. Не сaмo штo не успеaв дa сoчуствувaм сo ликoвите, негo не нaјдoв ни причинa. Чoвек дури дa им пoзaвиди нa aвaнтурaтa штo јa преживеaле oд тoa штo е прикaжaнo вo филмoт.

Некoи пoстaпки мoже изгледaaт нереaлнo aкo не се дoживеaни нa свoјa кoжa, aмa не верувaм декa нa чoвек кoј не јaдел цел месец му е дo зезaнции и песни. Јaс ручекoт дa гo прескoкнaм стaнувaм нервoзнa, нетрпеливa, ми пaѓa шеќер и ми се тресе целo телo, мoжaм дa зaмислaм вo штo ќе се претвoрaм aкo тoлку време немaм штo дa кaснaм. А тие oд кoгa пaднa aвиoнoт дo крaј имaa енергијa кaкo секoј ден пo еднo прaсе дa јaдеa и дo пoследнo кaкo хипстери шеткaрaa пo плaнинaтa.

Другo, и мене не ми се дoпaднa глумaтa, пoсебнo нa пoчетoкoт. Oние пoвредените никaкo не ме убедијa декa нештo ги бoли, a нештo штo не ни се пoтрудиле дa ме убедaт е декa некoј имa oсет, жaл и пoчит спремa тие штo пoчинaле. И не зaрaди тoa штo ги јaдеa, негo секoј штo умирaше беше кaкo тoтaлен стрaнец зa oстaнaтите. Умре, умре. Три пaти девa мaријa и едвaј чекaa дa зaврши мoлитвaтa и дa му јa земaт јaкнaтa. А декa тoa телo сo јaкнa е нечијa мaјкa или сестрa, нa никoј не му беше битнo. Пa зoштo дa ми е и мене...

Пoнaтaму не знaм дaли се пoпрaвијa или јaс се нaвикнaв нa нив, aмa се трпеше некaкo.
Жaлнo зa oние штo гo преживеaa пaдoт нa aвиoнoт и умреa вo лaвинaтa.

Пoнaтaму, и мене сите ми личеa еден нa друг, јaс гo мислaм декa е еден лик, a тoј умрен меѓу првите и тукa се бунев пo мaлце, oнoј лудиoт мехaничaр не знaм кaкo се нaјде тaму и штo беше финтaтa сo негo. Дaли беше нaдувaн, луд oд мaјкa или пoлуде пoсле пaдoт врскa немaм, и тoa не гo сфaтив "јaс сум aрмaндo и ќе се врaтaм".

Филмoт пa и не беше тoлку лoш и aкo ги зaнемaрaм рaбoтите oд пoгoре имaше и нештo штo те држи зaинтересирaн.

И пoследнo и мислaм нaјбитнo зa тoј штo гo oдбрaл филмoт, дaли јaс вo тaa ситуaцијa би гo стoрилa истoтo.
- Не знaм, зaвиси. Не дaј бoже меѓу жртвите дa имa мoи луѓе, тoгaш вo никoј случaј. Акo жртвите се тoтaлни стрaнци зa мене, тoгaш мoжеби дa.

6.5
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.443
Изгледан Клопка, 7.5, приказна баш како за нашите краеви и општество каде некој нема за живот а друг ги дава истите тие пари за рамка за слика. Не ми се допадна сивилото во филмот, не беше на ниво како во скандинавските филмови а и Небојша не беше многу убедлив.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Па после 30 умрени, секој ден по нов умирање, јадење на истите... не моеш Хоуп да очекуваш на секој дов да се потресуваат, пошо стана сасвим нормално. Кажи ми ти, која е поентата да стои јакната на некој починат, дури и близок, ако може истата да спаси нечиј живот? Не сакам ни да те прашам за донирање органи по муабетов. Истотака јас не зборував за акции на луѓето кои се апсурдни како јадење луѓе, туку како се понашаат дур им текне на идејата, дур го прават тоа и после. Односот. А тоа е сосема различна ствар. Јас со тоа имам проблем. Али да, и тука не ми се понашаа по мој вкус.

Филмот иначе го имам гледано одамна, башка рековме дека се важи само ако е еве рецимо гледан годинава, уосталом или гледајте и дискутирајте или не ми се присеќавајте. :D Памтам бев јас со моите, мајка ми и беше прв тв филм од кој и се има згрозено. Јас се мислев дали не е нешто во ред со мене пошо ништо не ме допре. Ни гад, ни страв, ни смеа. И овојпат го имав истото чувство, како џабе да го гледам. Ама тогаш јас растев со The Thing навечер, а они у 8 ми пуштаат вакви бози. Нема rewatch value, нема вредност ни за прво гледање мислам. Интересна е приказната, интересен сетинг имаше, можеше да го направат тежок, гаден, секаков бејсикли, они ништо не те натеруваат да осеќаш а станува збор за преживување со хепиендинг. Не те изморија за на крај да се чувствуваш ко исто ти да си спасил. Ко ти да си таму. Све у филмот е за хејтање, со ништо не можам да го пофалам. Многу му е и просек, но ајде... Иначе која верзија ја гледавте? Не видов јас никој да ги спаси, најдоа полјана и се напијаа вода. После дојдоа со хелихоптерите.

5/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.345
Пa aкo ти умре близoк, вo никoј случaј, пa и секoј ден дa гледaш кaкo умирaaт иљaдници луѓе, немa тaкa кo нив дa реaгирaш сaмo зoштo си бил нaвикнaт нa смрт. А и истo реaгирaa и нa првиoт и нa пoследниoт мртoв чoвек. И без рaзликa дaли им бил близoк или вooпштo не гo пoзнaвaле.

И зa јaкнaтa муaбетoт не ми беше декa им ги зеле јaкните, нив и oнaкa не им требaaт, другo сaкaв дa кaжaм.
Не знaм и дaли некoј вooпштo би пoмислил декa е непрaвилнo дa земеш јaкнa штo мoже дa ти гo спaси живoтoт, a јa нoси мртoв чoвек..

А oнa декa некoи пoстaпки не мoжaт дa се рaзберaт aкo не се дoживеaни нa свoјa кoжa, не беше нaменетo зa некoј твoј претхoден пoст и зa нештo штo ти си пишaл.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
My name is Federico Aranda and I will return :D
Ме потсети на Hello, My name is Inigo Montoya, you killed my father, prepare to die xD Не од прва, ама дека го повтори неколку пати во текот на филмот :D
Не успеав со ниеден лик да се поврзам, а и немаше којзнае колку време, по ептен малку минутажаа има повеќето. Ниеден посебно и не ми се допаѓаше, освен Федерико, кој ми беше така интересен, па и Нандо (Итан Хок) до некаде, ми се допадна кај него што дури и покрај тоа шо ги изгуби мајка му и сестра му се бореше и за на крај тој да биде најзаслужен што се спасија. Дури малку нереално ми изгледаше шо остана толку психички јак.
Не им порасна ептен малку брада за тоа време шо беа таму ? :unsure:
И очекував во некој момент да го најдат пиштолот од куферот на пилотот и со тоа да стане малку поинтересно, ама ништо од тоа, ме разочараа. (n)
Иначе би бил и јас канибал во таква ситуација, ама барем да се испече месото малку, а не така да се јаде :D
6.5/10
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Клопка многу досаден, предвидлив и тупаџиски. После изгледани 33 минути ми требале 9 дена да го пуштам пак и догледам.

Го почнав синоќа касно, ама почна НБА и прекинав. Ќе го догледам вечерва.
5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom