Ова ми текна преескаИнаку, ако се сеќавате Бес (девојката што исчезна) му рече една вечер дека знае што е. Како сакате преведувајте го ова, ама имајте на ум дека и фамилијата на Бес умрела во пожар. Значи на некој начин се исти. И затоа нејзе ја "зеде" со него. Другите ги спаси таму. Неа ваљда и покажал тајниот излез за бегање. Дека само неа не и беше помогнал..
многу... знам.. 100+ души од валандово само шо го иматКолку души го имет филмов од SVRSA издание шо го даваја во весник пред 5 и кусур години?
Doctor... Doctor... Doctor ...How many doctors do you have ?!многу... знам.. 100+ души од валандово само шо го имат
Инаку.. најмногу ми се допага делот од филмов во кој им вели на научиниците.. беше нешто...
Доктор... доктор.. доктор.. доктор.. уште колку ве има на планетава?
Баш ќе им се уклопи Бес, она човек овие... к-паксиевциОва ми текна прееска
Бес на есејот напиша дека нема дом. А бегањето од лудницата нема да и овозможи дом. Прот не би и направил услуга ако и покаже како да побегне од болницата. Тоа не е спасување. Ако пак ја однесе на К-ПАКС, тогаш тоа и е дом и на тој начин ќе ја спаси.
Ауу немој вака. Гледај го пак, и пак и пак...Тешко ретардиран филм. Првиот пат ко го гледав еден другар на заебанција рече - овај накрај ќе испаднит Исус да е.
И втор пат го имам гледано, му дадов втора шанса да ми се бендисат, немав попаметна работа.
Не знам шо друго да кажам, одамна го гледав. Многу глуп филм, жал ми е шо го имам гледано, млад сум а краток е животов за гледање глупи филмој.
Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.Дечки гледам замре темава за К-Пакс (оставаме простор кој сака да си се доискаже за филмов ако немал можност). А сега ставаме нов филм за дискусија со мошне интересна тематика, The Man From Earth. Кој го гледал ќе има богами за што да дискутира, кој не го гледал нека го погледне. Ова е баш филм за кој се кршат копја, 50-50 ситуација во која или мислиш дека е преценет или дека е одличен.
Да започнеме со неколку прашања за да ја развиеме дискусијата? Дали е возможно покрај се она што знаеме за биологијата на човекот да постои човек кој е стар 14 000 години? Истиот тој по некоја случајност престанал да старее на 35 години и неговиот изглед е како на згоден рокер, а притоа физиономијата му е комплетно вклопена во денешницата, па така излегува дека едно исто тело ја минало цела еволуција само (според мене огромна дупка во приказната)?
Друга работа, како тоа еден човек успеал да сретне толку важни личности во својот живот. Да не заборавиме типов се сретнал со Буда и уствари е Исус. Го сретнал Ван Гог, ако се сеќавам добро исто така и Хамураби. Преживеал триста болести? Можно ли е?
Трета работа, дали еминентните професори ги поставија вистинските прашања и како тоа за неколку часа фантастична приказна сите беа убедени дека типов ја зборува вистината.
Четврта, што мислите за глумата? Мене ме разочара. Девојката на наводниов Исус, е толку ладнокрвна што ми дојде дури смешно.
"Душо, јас живеам на земјава 14 000 години, иначе јас сум Исус."
"Ај бе па ти, нема на ситници да се загледуваме." Е буквално таква беше девојкава.
И последно дали беше потребен оној циркус со стариот професор кој излезе дека му е дете на Џон? (Џон иначе солза не пушти, детево му умира пред очи он мртов ладен).
Тука се согласувам со тебе. Филмот требаше да заврши во оној момент кога им рече дека ги зафркава цело време.Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.
Човекот се погодил во точно време на точно место, ај да речеше дека се познавал само со Ван Гог, али што знам, мене ми е преголема случајност да се знае со повеќемина од најголемите луѓе во историјата.
Друго, невкусно беше тоа што испадна дека тој бил Исус.
Трето, пријателите негови многу внимание обрнаа на прашања за религии. Требаше и на други сегменти да обрнат внимание.
И четврто, делумно исто со второво, кај се погоди баш тој син да му биде. Пак ќе речам, преголема случаајност.
Јас на ум имав подобар крај од дадениот, за мене барем. Не требаше да испадне дека тој крупниот му е син. Требаше да не остават да се чудиме сите дали навистина е точно тоа што го зборувал. Нешто како во К-ПАКС.