CV - колку е искрено вашето?

Колку е искрено вашето CV?

  • се е искрено од точка до точка

    Гласови: 9 56,3%
  • па така - така, имам додадено неколку ситници

    Гласови: 5 31,3%
  • воопшто не е искрено, не е доста функционално

    Гласови: 2 12,5%

  • Вкупно гласачи
    16

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Предмет: Искрено CV
До: XXXX ДОО

Комплетно не сум подготвен за работа под притисок, како и прекувремена работа, освен ако за тоа не сум дебело платен.
Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.
Функционирам на принципот колку пари, толку музика. Исто така, совршено не ме интересира тоа што сте во минус и очекувам дека сите ваши законски обврски ќе ги завршите на време, и дека ќе ги испочитувате сите празници, како и годишниот одмор.
Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.
Комуникативен сум со пријатен и љубезен свет, за дркаџии имам краток фитиљ. Пцујам на неколку светски јазици, но сериозна преписка и разговор можам да имам само на мајчин јазик и на англиски, и не се просеравајте со мултинационалноста на компанијата, бидејќи и тоа што ви го давам е многу. Тоа што од време на време, ќе направите некоја зделка со Србија, Босна, Хрватска или Словенија не ве прави вас сериозна мултинационална компанија.
Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.
Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.
Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа.
Тоа што сте биле на два, три семинари, не ве прави образована личност. Што не знам, ќе го научам, не сум дебил. И, да, постојат работи во животот кои би ги правел од чист ентузијазам, за жал морам да ви соопштам дека работата која ја нудите, не е една од тие.
Со почит,
XXXX XXXXX
извор: http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/30581-Najiskrenoto-CV-napisano-do-sega

Како изгледа вашето CV и колку е искрено???
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/30581-Najiskrenoto-CV-napisano-do-sega
Остај го и изворот,не си фер :baeh:

Баш сакам да пишам вакво нешто до некоја фирма...знам дека 98% од CV-ата кај нас не се прочитани,туку ги бараат ради реда или мода.
А ова е искрено и најверојатно би важело за сите во нашава земја/околина.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/30581-Najiskrenoto-CV-napisano-do-sega
Остај го и изворот,не си фер :baeh:

Баш сакам да пишам вакво нешто до некоја фирма...знам дека 98% од CV-ата кај нас не се прочитани,туку ги бараат ради реда или мода.
А ова е искрено и најверојатно би важело за сите во нашава земја/околина.

поправено :smir:
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Некои ситни работи шо ми се, се малце напумпани... Мора маркетинг да си праам
 

My Computer

Catch me if you can!
Член од
1 февруари 2011
Мислења
31
Поени од реакции
3
не знам што да пишам во СV-то на местото образование, затоа што сеуште не сум дипломирана, т.ест уште дипломскиот испит ми остана, аплицирам за во еден супермаркет па не знам дали да пишам ССС или да пишам Апсолвент на тех.фак. ... ај жити се совет пишете ми побрзо. Благодарјаааа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom