Во 18 коло од 15:30 ќе оди пренос Вердер-Баерн, во истиот термин играат Лајпцих-Хофенхајм. Кој ти е тука поинтересен натпревар? Објективен биди ако можеш.
Да беше натпреварот на Баерн ставен во некој од 4 термини кога има само 1 натпревар ќе го имаше во пренос Лајпцих-Хофенхајм.
23 коло од 15:30 играат Келн-Баерн и Дортмунд-Леверкузен и се знае однапред преносот. Во ред ли е тој избор на пренос?
Во 24 коло од 15:30 ќе оди пренос Баерн-Франкфурт а во истиот термин играат Херта-Дортмунд и Лајпцих-Волфсбург.
26 коло е интересно од 15:30 ќе имаме пренос од Баварско дерби Баерн-Аугзбург а во ист термин ќе се игра дербито Шалке- Дортмунд.
Во 28 коло ќе можеме да гледаме од 15:30 или Лајпцих-Леверкузен или Шалке-Волфзбург бидејќи од 18:30 играат Баерн-Дортмунд.
Да беше и во другите кола натпревари на Баерн да одат во другите термини ќе можеше Евроспорт 2 од 15:30 да пренесува интересни натпревари.
29 до 34 коло не ги ниту гледам натпреварите мора по правило да се играат сите средби од 15:30, ако Баерн порано ја освои титулата може и ќе се пушти во последно коло пренос на тимови кои ќе се борат за опстанок и слично.