A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Искрено јас го поддржувам Законот, но факт е дека има лоша реализација. Тогаш кога ќе беа преведени сите канали и сите нивни емисии, тогаш можеше да се казнува односно остранува странски превод.
Сакам да кажам, можеби требаше да се остави простор операторите да обезбедат македонски превод на каналите и едно година дена каналите додека си преведат се` што нудат, па потоа да се спроведува тој член од закон.
срби не живеат тука? српски туристи не идат тука? зошто да ги нема сите преводи со кои се емитува каналот. па гледачот само нека си бира. зошто воопшто забрана.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.616
Поени од реакции
11.805

Причекај уште малку, па можеби ќе го сменат законот во меѓувреме, па да мораме да плаќаме дополнителна претплата за српските и/или хрватските преводи бидејќи ќе бидат опции за кои дополнително ќе се плаќа.

Слично како што направија со пластичните кеси, наводно ги забранија по продавниците и супермаркетите, а всушност дозволија да бидат продавани по цена од 1 или 2 денари за кеса.

Избори се ближат, па ќе велат дека треба да им бидеме благодарни бидејќи ни дозволиле да уживаме во ваквиот луксуз - уште една работа која не ја ветиле, но ја исполниле, бидејќи остваруваат 24/7. :Кезец:

Државата задоволна - ќе добие повеќе пари од даноци;
Продавачите задоволни - ќе отстрануваат поголема заработувачка;
Корисниците и купувачите дупени во здрав мозок - ќе бидат единствени губитници од целата зделка.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
срби не живеат тука? српски туристи не идат тука? зошто да ги нема сите преводи со кои се емитува каналот. па гледачот само нека си бира. зошто воопшто забрана.
Искрено мене ми пречи тоа што нема македонски превод, но затоа има и те како српско-хрватско-црногорско-босански преводи.
Да, можеби ќе бидам националист, итн итн, но ми пречи странското. Дома за жал имам една половина од нашиве северни „браќа“, додека другава половина дома е делумно асимилирана.
Не знам колку и зашто кукаат на Nat Geo што им го тргнале српскиот превод и го ставиле македонскиот (?!), како да не живеат во Република Македонија.
И да, јас кога мислам да се тргне се странско и да остане само македонско, не мислам дека треба и рамковниот да остане. И те како и тој треба да се тргне.
Кога може една Словенија по број на жители горе-доле иста, да има локализирано канали речиси сите (не речиси, сигурен сум и сите, ама ајде), зошто бре ни не?!
Во повеќе теми, а којзнае колку пати и во оваа тема го имам ова повторувано и уште подетално пишувано, што веќе ми стана досадно да се повторувам.

Што се однесува до Законот, @Dexter26 , те молам не мешај политика, Законот имаше најмногу јавни дискусии, операторите и те како можеа да издејствуваат измена на членот, но зошто молчеле? Зошто па и сега молчат? Јас не гледам само од негативна страна, јас гледам и од позитивната страна односно овој Закон успеа да донесе превод на низа канали што досега не беа локализирани. Јас сум да се казнува и те како уште повеќе, но ајде, нека ви биде вас диктаторски.
 
Слободно биди националист, но го истураш твојот национализам врз погрешните луѓе.

Македонците ги има помалку од 2 милиони луѓе на Балканот, додека Србите, Хрватите, Бошњаците и Црногорците ги има над 16 милиони само на Балканот, или ајде нека бидат над 12 милиони ако не ги земеме во предвид и Хрватите, или па и Бошњаците ако не ги земеме во предвид, остануваат над 8 милиони Срби и Црногорци кои го говорат српскиот јазик, или еве за националистички мерак на црногорските националисти, ако не ги земеме во предвид и Црногорците, остануваат над 7 ипол милиони Срби само на Балканот.

По логика на нештата, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина - без земање во предвид на нивните национални, јазични, културни и традиционални разлики, сепак се поголем пазар за телевизиските мрежи како FOX, Viasat и останатите, наспроти Македонија во која помалку од 2 милиони луѓе го говорат македонскиот јазик. Од оваа појдовна точка, повеќе од разбирлив и оправдан е пристапот на телевизиските мрежи кои несомнено имаат подобра соработка со српските и хрватските телевизиски оператори, наспроти македонските оператори кои и онака не беа заинтересирани за преводи на македонски јазик досега.

И да, оправдан е твојот интерес за македонски превод на странските ТВ канали, но не можеш со сила да ги тераш телевизиските оператори да плаќаат за превод кој пред се, треба да биде одобрен од страна на странските телевизиски мрежи, кои баш и не се многу заинтересирани за мал пазар како македонскиот.

Патем, во Хрватска имаше сличен обид за глумење на националистички идиотизам со преведување на Жикина Династија како Жељкова Обитељ, а ваквиот обид беше пречекан од Хрватите како смешен обид за менување на историјата на југословенската кинематографија, и очекувано, резултираше со емитување на серијалот под неговиот оригинален наслов Жикина Династија.

Убаво е тоа што сакаш употреба на македонскиот јазик при преведување на телевизиските содржини, но кога тоа не е достапно, по логика на нештата, остануваат алтернативните преводи, без разлика колку тоа ти се допаѓа на тебе или не.

Ги има бројни производи на македонскиот пазар кои се продаваат со декларација на македонски јазик, но немаат упатство на македонски јазик. По оваа логика на нештата, има бројни производи кои треба со закон да се забранат за нивна продажба во Македонија, можеби почнувајќи со оперативниот систем на твојот компјутер од каде што ги објавуваш твоите коментари на форумов, бидејќи производителот го продава без упатство на македонски јазик. Освен ако оперативниот систем кој го користиш е Линукс, кој е бесплатен софтвер и не претставува комерцијален производ, или Андроид или iOS или Windows Phone, кој доаѓа однапред инсталиран на уредот преку кој ги објавуваш твоите коментари на форумов.

Зошто телевизиските оператори молчеле ?

Свесен си за која држава го поставуваш таквото прашање ?

Па дури и да не` молчеле телевизиските оператори, какво влијание ќе имале врз централна власт која веќе 10 години по ред ужива речиси садистичка авторитарна контрола врз државните и јавните институции, а законодавниот дом - Парламентот, е само мисловна именка, бидејќи во реалност е инструмент не за изгласување, туку за најавување на одлуките кои централната власт ги донела, а со кои планира полесно и помасовно да манипулира со јавноста и со приватните компании - вклучувајќи ги и телевизиските оператори ?

Бараш воздржување од политички коментари кога дискутираме за закон кој го подготвиле политичари со цел од таквиот закон да имаат најголема корист нивните пропагандистички ТВ канали на македонска територија, се со цел полесно задушување на идеите кои можат да дојдат од надвор, а носители на таквите идеи се токму странските медиуми.

На кој македонски ТВ канал имаш видено да даваат по некоја асална странска ТВ серија во последно време ?

Кој македонски ТВ канал е паралела на 24 Kitchen ?

Кој македонски ТВ канал е паралела на National Geographic или на Viasat History или на HBO каналите ?

На македонските телевизии има исклучиво политика, пропаганда, турски и индиски идиотизми, латиноамериканските теленовели изумреа како диносауруси во македонскиот етер, фала му на Бога за Интернетот, па сеуште знаеме дека има и други цивилизации од другата страна на Атлантскиот Океан, бидејќи во спротивно денес ќе мислевме дека Истанбул е центарот на светот, судејќи според идиотизмите кои ги емитуваат македонските национални телевизии.

Единствено една Телма која се обидува да има некаква програма, и една 24 Вести која - иако со претежно опозициска реторика - сепак се обидува да овозможи некаква рамнотежа во информативната програма во македонскиот етер, можат да се наведат како асални телевизии, наспроти останатите телевизии кои единствено емитуваат глупости до бескрај, а ваквиот закон со кој се забрануваат странски преводи на странски ТВ канали, само служи за да ги заштити непродуктивните и партиски пристрасните македонски телевизии и нивните идиотизми.

Те молам наведи во кои држави од соседството има ваква централизирана контрола на медиумите како што е во Македонија ?

Да, и во соседните држави има совети за радиодифузија и слични државни/јавни организации или институции кои се наменети за регулирање на работата на медиумите, но ај наведи во која од тие држави им се забранува на телевизиските оператори да емитуваат странски ТВ канали со странски превод.

Твојот позитивен поглед кон ваквиот закон е само делумно оправдан, бидејќи донесе само делумни позитивни промени кои претставуваат ситно малцинство, наспроти останатите промени кои се претежно негативни и претставуваат огромно мнозинство.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Слободно биди националист, но го истураш твојот национализам врз погрешните луѓе.
Па добро, не буквално радикално настроен, но сметам дека и те како треба да се биде националист (не нацист, Nма разлика), но во некоја друга прилика ќе елаборирам.

Македонците ги има помалку од 2 милиони луѓе на Балканот, додека Србите, Хрватите, Бошњаците и Црногорците ги има над 16 милиони само на Балканот, или ајде нека бидат над 12 милиони ако не ги земеме во предвид и Хрватите, или па и Бошњаците ако не ги земеме во предвид, остануваат над 8 милиони Срби и Црногорци кои го говорат српскиот јазик, или еве за националистички мерак на црногорските националисти, ако не ги земеме во предвид и Црногорците, остануваат над 7 ипол милиони Срби само на Балканот.

По логика на нештата, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина - без земање во предвид на нивните национални, јазични, културни и традиционални разлики, сепак се поголем пазар за телевизиските мрежи како FOX, Viasat и останатите, наспроти Македонија во која помалку од 2 милиони луѓе го говорат македонскиот јазик. Од оваа појдовна точка, повеќе од разбирлив и оправдан е пристапот на телевизиските мрежи кои несомнено имаат подобра соработка со српските и хрватските телевизиски оператори, наспроти македонските оператори кои и онака не беа заинтересирани за преводи на македонски јазик досега.
Па добро, заокружи ги 2 милиони, сепак не сме само во Македонија, туку не` има и во ex-yu земјите, а и во соседниве земји, сакале некои да признаат или не :)
Според мене, србите, хрватите, црногорците и бошњаците зборуваат еден ист јазик, па да не речам само со различни дијалекти. Единствено нашиот (македонскиот) и словенечкиот се разликуваат од тие ex-yu јазици, со што до некаде значи дека тие и те како се разбираат меѓу себе што зборуваат, за разлика од тоа што тие не го разбираат македонскиот или пак Македонците не го разбираат српскиот (не зборувам за југоносталгичарите, јас на пример не го разбирам српскиот). Ова е исто како и со словенечкиот кој не е разбирлив за србите, хрватите, бошњаците и црногорците, како и за нас.
Во целост се согласувам дека ТВ мрежите имаат подобра соработка во Србија и Хрватска отколку со нас, но тоа е пред се`, резултат на тоа што, како што и самиот ти кажа, нашите оператори што не се доволно заинтересирани.

И да, оправдан е твојот интерес за македонски превод на странските ТВ канали, но не можеш со сила да ги тераш телевизиските оператори да плаќаат за превод кој пред се, треба да биде одобрен од страна на странските телевизиски мрежи, кои баш и не се многу заинтересирани за мал пазар како македонскиот.
Па види, доколку каналите си направат македонски верзии на коишто освен македонски превод, ќе одат и македонски реклами и те како ќе имаат интерес. А зошто да не може да ги натераш, се знае дека кај нас и те како може да се (хипер)продуцира Закон со кој ќе им се наложи, евентуално јас предлагам и субвенционирање околу преводот. Ми се чини дека исто во темата за blizoo имам дадено детален предлог како би одело сето ова, со што не верувам дека ќе биде одбиен од кабелските или пак од ТВ мрежи. На крај на краевите, зошто во Словенија да се може односно да се биде исплатливо, а во Македонија не, сепак сме речиси исти по број на жители, нели?

Патем, во Хрватска имаше сличен обид за глумење на националистички идиотизам со преведување на Жикина Династија како Жељкова Обитељ, а ваквиот обид беше пречекан од Хрватите како смешен обид за менување на историјата на југословенската кинематографија, и очекувано, резултираше со емитување на серијалот под неговиот оригинален наслов Жикина Династија.
Да, тоа е смешно бидејќи кажав погоре, српскиот и хрватскиот се исти јазици, да не кажам дијалекти, за разлика од македонскиот јазик кој и не е баш ист со српскиот јазик, нели?

Убаво е тоа што сакаш употреба на македонскиот јазик при преведување на телевизиските содржини, но кога тоа не е достапно, по логика на нештата, остануваат алтернативните преводи, без разлика колку тоа ти се допаѓа на тебе или не.
Се согласувам дека може по логиката, но јас го поставувам поважното прашање, каде се институциите или самите кабелски да издејствуваат да не се случи немање на преведени содржини на македонски јазик?!

Ги има бројни производи на македонскиот пазар кои се продаваат со декларација на македонски јазик, но немаат упатство на македонски јазик. По оваа логика на нештата, има бројни производи кои треба со закон да се забранат за нивна продажба во Македонија, можеби почнувајќи со оперативниот систем на твојот компјутер од каде што ги објавуваш твоите коментари на форумов, бидејќи производителот го продава без упатство на македонски јазик. Освен ако оперативниот систем кој го користиш е Линукс, кој е бесплатен софтвер и не претставува комерцијален производ, или Андроид, кој доаѓа однапред инсталиран на уредот преку кој ги објавуваш твоите коментари на форумов.
Па не можеш да мешаш разни пазари во едно, но да, доколку се нема упатство на македонски, јас би го казнил доставувачот (увозникот фирма) за немање упатство на македонски. Ако мислиш на Windows како оперативен систем, има македонска верзија ;)

Зошто телевизиските оператори молчеле ?
Не ми го поставувај мене прашањето, постави го ним и јас сакам да го знам одговорот :)

Свесен си за која држава го поставуваш таквото прашање ?
Сакаш да ти го одговорам ова како политиколог од 2ра година на политички науки на правниот факултет или како обичен лаик? :)

Па дури и да не` молчеле телевизиските оператори, какво влијание ќе имале врз централна власт која веќе 10 години по ред ужива речиси садистичка авторитарна контрола врз државните и јавните институции, а законодавниот дом - Парламентот, е само мисловна именка, бидејќи во реалност е инструмент не за изгласување, туку за најавување на одлуките кои централната власт ги донела, а со кои планира полесно и помасовно да манипулира со јавноста и со приватните компании - вклучувајќи ги и телевизиските оператори ?
Ајде малку предавања, дебати и слично од амфитеатрите, да ги пренесам и тука, сакаш од професори што се провладини и професори што се проопозициони, па и од доста неутрални во своите ставови.
Не постои во денешно време, преставнички дом (Собрание) кој е законодавец, а не машина за извршување на наредбите од извршната власт (Влада, Кабинет). Можеби тоа се должи на флексибилната поделба на власта, која кај нас и воопшто и не е поделена, туку е во рацете на една личност, сакаш на централно, сакаш на локално ниво.
Во однос на манипулирањето на јавноста,не е туку така лесно, но сепак кај нас и се манипулира, но не и преку овие транснационални канали, туку тоа може да се стори преку нашите македонски канали. Има многу начини на кои тоа се врши, но да не навлегувам ептен (јес да имам политичка психологија 10ка на тема за влијанието на медиумите и начините односно шемите за гласање кај населението :D), кај нас се врши со други инструменти, медиумите и не се толку присутни. Може да се манипулира преку нив со многу мала група на луѓе. Не може тебе да ти нареди некој дали ќе гледаш ова или она.

Бараш воздржување од политички коментари кога дискутираме за закон кој го подготвиле политичари со цел од таквиот закон да имаат најголема корист нивните пропагандистички ТВ канали на македонска територија, се со цел полесно задушување на идеите кои можат да дојдат од надвор, а носители на таквите идеи се токму странските медиуми.
Сметам дека претеруваш. Да, има одредби со кои се штитат домашните приватни медиуми, но дека се задушуваат надворешните и не баш.
Законот колку што знам не забранува CNN, BBC, Bloomberg и слични да се забранат, туку се бара: или каналот ќе оди на оригинален јазик или само со превод на македонски. Колку што знам приватните канали од Ex-Yu или некои други земји не се укинати (со исклучок на некои, според добро познати причини). Искрено и не знам како може ептен политички да се влијае со Animal Planet врз народот, ама ајде, нека биде според моето сфаќање на твојот коментар.

На кој македонски ТВ канал имаш видено да даваат по некоја асална странска ТВ серија во последно време ?
Ако баш сакаш, Телма :D Евентуално и МРТ, ама сега нешто се уназади, т.е. ја урочивме :D

Кој македонски ТВ канал е паралела на 24 Kitchen ?

Кој македонски ТВ канал е паралела на National Geographic или на Viasat History или на HBO каналите ?
Па нема, не викам не. Но тоа е затоа што ние не си отвараме. Кога можат во регионот да си отвораат специјализирани канали, зошто не и ние? Мислам дека Законот си го дозволува тоа, само што нема кој да се нафати. Единствено специјализирани ги имаме 24 Вести и ТВ Нова. Секако и музичките BoM и К-15 Music кои „случајно“ ги забранија во земјава.
Да, знам дека од политички причини се затворени, не мора да се објаснуваме.

На македонските телевизии има исклучиво политика, пропаганда, турски и индиски идиотизми, латиноамериканските теленовели изумреа како диносауруси во македонскиот етер, фала му на Бога за Интернетот, па сеуште знаеме дека има и други цивилизации од другата страна на Атлантскиот Океан, бидејќи во спротивно денес ќе мислевме дека Истанбул е центарот на светот, судејќи според идиотизмите кои ги емитуваат македонските национални телевизии.
Во целост се согласувам, со чесни исклучоци од некои канали што нудат (Наша ТВ, МРТ, Телма, евентуално Сонце, но не знам што точно нуди :D Секако, информативните специјализирани канали не ги сметам овде).

Единствено една Телма која се обидува да има некаква програма, и една 24 Вести која - иако со претежно опозициска реторика - сепак се обидува да овозможи некаква рамнотежа во информативната програма во македонскиот етер, можат да се наведат како асални телевизии, наспроти останатите телевизии кои единствено емитуваат глупости до бескрај, а ваквиот закон со кој се забрануваат странски преводи на странски ТВ канали, само служи за да ги заштити непродуктивните и партиски пристрасните македонски телевизии и нивните идиотизми.
Види, кај нас не постои независно новинарство, а со тоа и медиум. Или си со едните или со другите. За жал тоа е вистината, колку и да е болна за нашето демократско општество, старо само 25 години. Тоа е, ние сме во се криво проникнато или засадено дрво (ме мрзи да давам примети од факс).
Телма во однос на забавната програма се труди, но за жал рејтинзите не го даваат посакуваниот резултат. Во однос на информативните и дебатни програми не сакам многу да зборувам бидејќи објективно гледано знаат да бидат некои и многу проопозициони, исто како и 24 Вести. Секако ми се допаѓа тоа што во „Топ тема“ знаат да бидат избалансирани во поголемиот дел од емисиите. „24 анализа“ е исто тука некаде со избалансираноста, но многу често знае да донесе гости од истата страна, што по автоматизам значи лоша емисија бидејќи ќе се нема дебата, туку само констатирање на оваа или онаа вистина.

Те молам наведи во кои држави од соседството има ваква централизирана контрола на медиумите како што е во Македонија ?
Ако сакаш со Закон, тоа нема можам да ти кажам, ќе ми треба време да ги најдам законите и да ги разгледам. Но ако сакаш како пример, не мора да се оди многу далеку, Србија ти е тука, таму за чудо сеуште постојат локални и регионални канали кои се во државна сопственост, перфектен начин за субјективно новинарство, зарем не? Искрено не знам до каде се со процедурата на затворање на дел од нив, а останатиот дел приватизација, но ти кажувам дека имале државни медиуми до пред неколку месеци.

Да, и во соседните држави има совети за радиодифузија и слични државни/јавни организации или институции кои се наменети за регулирање на работата на медиумите, но ај наведи во која од тие држави им се забранува на телевизиските оператори да емитуваат странски ТВ канали со странски превод.
Исто како и погоре, тешко дека ќе можам да ти дадам точно според тамошни Закони, но овде и не можам во моментов да ти дадам ниту пример, бидејќи не знам. Не викам дека нема, бидејќи не знам. Можеби има, можеби не.

Твојот позитивен поглед кон ваквиот закон е само делумно оправдан, бидејќи донесе само делумни позитивни промени кои претставуваат ситно малцинство, наспроти останатите промени кои се претежно негативни и претставуваат огромно мнозинство.
Мило ми е што делумно се согласуваш. Јас сакам да бидам оптимист, можеби оваа одредба од нашиот Закон ќе донесе уште подобро, па нема да дојде повторно до вакви дебати, бидејќи тогаш сите канали ќе ги имаат преведено сите содржини на македонски :)
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
од се политика правите. :facepalm:

назад на темата

кој користи близуу или е заинтересиран за услугите на близуу нека пишува во темава
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
од се политика правите. :facepalm:
Јбг, тоа ми е професионална деформација за која студирам :icon_mrgr:
Обично не сакам секаде да ја мешам, но кога се мора, се мора :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.616
Поени од реакции
11.805
Знам дека Microsoft Windows оперативните системи, исто како и Microsoft Office софтверските пакети се достапни и на македонски јазик, но не постои закон кој ги обврзува фирмите кои ги продаваат компјутерите, да ги продаваат со оперативен систем на македонски јазик и со софтвер на македонски јазик.

Во ред е тоа што ти сакаш странските ТВ канали да доаѓаат со превод на македонски јазик, но не е во ред преводот да биде форсиран.

И колку и да не ти чини, сепак странскиот превод е добредојден, се додека истиот е разбирлив за Македонците.

Според логиката на ваквиот закон, Академска Книга која продава исклучиво книги на англиски јазик, треба да си го пресели бизнисот во странство, бидејќи книгите не се преведени на македонски јазик. Во современиот свет, ваквата пракса се нарекува негирање на правото на избор.

Метричкиот систем е општо прифатен од целиот свет, со исклучок на САД, Мјанмар и Либерија, но сепак брзината на авионите се мери во милји на час наместо во километри на час, а висината на која летаат авионите се мери во стапки, а не во метри или километри. Па оди прашај ги Ербас зошто нивните авиони не го користат метричкиот систем.

од се политика правите. :facepalm:

назад на темата

кој користи близуу или е заинтересиран за услугите на близуу нека пишува во темава
Хехе, да беше до нас проблемот, неколку банирања од темава ќе беа решение на проблемот, но проблемот не е во нас, туку во политичарите кои ја мешаат политиката во телевизискиот бизнис.
 
Мислам дека во денешно време и те како треба да се форсира бидејќи имаме соседи кои не` негираат по разни основи и „брача“ кои збеснуваат во своите барања.
Не ми го спинувај мојот став :D Не треба да се пресели, но пожелно би било „Академска книга“ да ги нуди истите книги и преведени на македонски за тие што не разбираат англиски на пример. Бидејќи не сум многу либерално настроен тип, сеуште лутам низ идеолошката оска, сметам дека правото на избор некогаш знае да биде злоупотребен.

Хехе, да беше до нас проблемот, неколку банирања од темава ќе беа решение на проблемот, но проблемот не е во нас, туку во политичарите кои ја мешаат политиката во телевизискиот бизнис.
Знам дека не се однесува ова на мене, но морав да ти реплицирам :D Белким нема да дојде до банирање, барем не на нас двајца,сепак не сме проблематични членови, гледајќи на други теми што се прави, ова овде е цивилизиран разговор, без навреди, клевети, колнења и лепење сликички (на моменти во една од темите ми се чини како еден водител да го читам со тоа сликите) :D
Види, политиката секаде е вмешана, директно или индиректно, сакале да се признае или не. И во одењето во тоалет некогаш знае да биде политика на компромис, дали ти или твоите ќе одат први, зарем не се согласуваш? :D

И да, не сакам да навлегувам понатаму, ќе не` утепаат другиве членови :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.616
Поени од реакции
11.805
Во ред е тоа што поддржуваш употреба на македонскиот јазик во преводот на странските ТВ канали, и јас лично ја поддржувам таквата употреба, но не го прифаќам нејзиното форсирање со забрана на странските преводи. Всушност, и според Уставот на Република Македонија, секоја државна и јавна институција е обврзана да вработува лектори кои ќе ја прегледуваат документацијата на македонски јазик, но праксата вели дека државните и јавните институции не ја исполнуваат ваквата обврска, поради што лекторите претежно дремат без работа или работат нешто сосема друго надвор од нивната професионална област.

Е па имаш еден сериозен проблем во случајот со Академска Книга. Академска Книга е само продавач на готовиот производ, кој оригинално е напишан на англиски јазик, а ако ја посетиш нивната продавница во Градски ѕид во близина на полициска станица Беко, ќе имаш полни раце работа за да најдеш преведувачи за сите книги кои ги продаваат.

Еве јас како информатичар ќе ти кажам дека сите книги кои се во одделот за информатика се одлична професионална литература, но ќе бидат потребни месеци за нивно преведување на македонски јазик, а во меѓувреме, програмерите, графичките дизајнери, веб дизајнерите, администраторите и останатите работници од областа на информатичката технологија ќе се задоволат со литературата на англиски јазик која ќе ги задоволи нивните потреби.

Но за да прекинеме тука со оф-топик дискусијата, верувам дека е во ред да се согласиме дека имаме спротивставени ставови околу форсирањето на македонскиот јазик како превод за странските ТВ канали со забрана на странските преводи.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
У јеботе, колку страни е одговоров! Што да се субвенционира? Превод? Така се научивте? Субвенција за ова, субвенција за она? Операторите НАПЛАТУВААТ за својата услуга и НЕМА СУБВЕНЦИЈА! Сакаш пазарно општество? Ќе се бориш сам на пазар. Ако не си моќен, ќе почнеш со намалување на плати и "луксузи" кај себе и ќе работиш колку те бива. Плачковци...еее државата треба да даде, државата ова, државата она... Па бев(м/т)е во држава која СЀ контролираше и плачевте за слободен пазар. Сега и тоа не ви чини. Стопанство базирано на тендери...ебате стопанството! Ух како би ги укинал сите економски факултети... "Од шупливо во празно" експерти само знаат да "произведат". Магистри...кружен тек на пари не знае што е, ама знае да биде директор, заменик, министер...

За муабетов: стави 10 преводи, не само македонски јазик. Македонски ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, другите: албански, српски, хрватски, бугарски, грчки, англиски...пожелно е да ги има, но и не мора. Зошто ги наведов сите овие? Замисли ситуација, доаѓа странец како турист во МКД. И ти му даваш да гледа некоја телевизија. На македонски само ќе биде преводот? Што, ако каналот е германски, руски, француски? Не се сите од англиско говорно подрачје. Уште еднаш ќе кажам: македонски јазик ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, другите пожелно да ги има.
Приметив и др нешто. На Fox life, пола реклами денес на бугарски јазик. Па нели словенечки беше? Човек да не почне да "шета" по канали. Коса ќе му се дигне!
 
Ај нема смисла да продолжувам, иначе имав да реплицирам уште :)

Би реплицирал ама кратко.
Ниту сум научен на субвенции, ниту земам за истите да ги научам. Јас само предложив. Ако конкретно сакаш, не сме пазарна економија, не сме ни планска, туку сме мешана, со доминација на пазарната :) Јас не сум бил во таква држава, така што не можам да зборувам, но според моето мислење во доста работи и не чинела таквата држава од минатиот систем.
Во однос на македонскиот јазик, стојам на ставот: задолжително македонски јазик на сите канали и на сите емисии. Но не сакам да налегувам и со тебе, бидејќи мислам дека ќе го јадам стапот за политизирање овде :D

А за FOXlife каналот, каналите можеа да бидат превземени од земји-членки на ЕУ: Словенија, Хрватска или Бугарија. Но бидејќи македонскиот превод го имаше само на словенечката верзија, тој го превземаа. Е зошто татарски реклами на каналот од словенечката верзија, навистина не би знаел да ти одговорам.

ps: за политика, пишете (ми) приватна порака, ќе дебатираме, немам ништо против :)
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.429
Поени од реакции
2.771
Сега бугари ли сме? Зошто на Nat Geo Wild има само бугарско аудио?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom