- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 3.094
- Поени од реакции
- 445
Beyond Good & Evil или скратено BGE е видео игра издадена на крајот од 2003 и е ставена под жанрот акција-авантура. Сместена е во фантазиско научно-фантастично опкружување. Играта е од оние во кои приказната е длабоко поврзана, а таа самата жанровски е НФ трилер.
Главниот протагонист е Џејд, фоторепортер и живее заедно со едно хуманоидно прасе, Пејџ на едно мало островче блиску до еден град на планетата Хилис. Планетата е под константен напад од вонземјанка раса наречена Домз, па така таму одеднаш се појавила некоја организација со името Алфа Сектор за да ги заштити жителите од нападите на Домз. Но кој се всушност тие Алфа секотори...
Многу интересна политичка приказна со теми како пропаганда, заговор, вистина, и добро раскажана. Донекаде инспирирана и од политичко-воените настани што се случуваа тогаш (и уште траат).
Од страна на гејмплеј има доволно истражување и просторно и разговорно, има акција… Варијација има доволно и содржински и во гејмплејот. И сето тоа е одлично споено и избалансирано.
Значи ова е игра за која имам само пофални зборови, ја ставам во групата на најдобрите игри на деценијата.
Излезена е 2003 за PC, PS2, GC и Xbox, но за неполн месец, на 2 март, Убисофт ќе издаде HD римејк за Xbox 360 и за PS3, па затоа и оваа тема.
Како и да е, трејлери:
Ако му е на некој важно, играта била одлично прифатена од критиката па и добила некои награди. На википедија за тоа.
Како ја најдов играва? Во едно списание еднаш беше така спомната со пофален збор. Ја запамтив, па незнам како ја забележав на Steam. Па по некое време се снабдив со играта и уште по некое време ја изиграв.
Се очекува и продолжение (видео играта е замислена како трилогија) на кое сеуште се работи. Во текот на овие години имало разни шпекулации дали се работи на него или не, но 2010 ни беше потврдено дека не е забаталено. ХД римејков е добар знак дека веројатно в година ќе го видиме продолжението.