Sephiroth
One-winged angel
- Член од
- 28 април 2006
- Мислења
- 4.034
- Поени од реакции
- 130
Asus My Cinema P7131
Деноиве си земав нова ТВ картица, па да споделам импресии со вас.
Картицата е Асус со Филипс 7131 тјунер, моментално најдобриот аналоген тјунер на пазарот. (Не оти имало нешто ново од 1997ма али ај) Еве како изглеа:
Пакетот содржи:
-картица
-даљинско
-кабел за видео-ин
-Драјвери
-Cyberlink Power Cinema 5 оригинал
-Антена за радио
-Металче за low-profile
-Инфра за даљинското
Инсталација:
Инсталацијата помина генерално безболно, али заради малиот простор во куќиштето морав да си ја извадам мрежната за да ја боцнам оваа, така да сеа сум врзан на УСБ со Телекабел.
Палам компјутер, и ме пречекува она Found new hardware, ги инсталирам драјверите од цедето и се смирува. После тоа инсталирав PowerCinema и тоа беше тоа. Побезболно здравје.
Програмот ми ја детектираше картицата брзо и ми побара да скенира канали, нормално му дозволив, бидејки веке ја имав уклучено кабелската. Му требаа 15-20 минути за да заврши, 2-3 минути за ради каналите да ги најде и тоа. После тоа поминав пола саат преименувајки ги имињата на каналите за да знам што гледам.
Даљинското работеше безпрекорно, мада сервисот што стои у виндовсот за него не се лоудува аутоматски. Го манестив на аутостарт и немав проблеми.
Power Cinema има неколку интересни функции кои ке му се допандант на секого. Тука е можноста за снимање на видео од ТВ и аудио од радиото, сетирање на време кога да се упали програмот, на која телевизија да снима и колку време (ова е супер ако на пример у петок на А1 даваат добар филм, а вие сте договорени со друштво)
Исто така има една опција да го снима моменталниот ТВ канал на хард диск, со каснење од неколку секунди, со цел кога гледате ТВ да се елимираат лошата слика и пуцкетањата на звукот. Видео влезовите ми се најдоа и те како, на картицата приклучив Плејстешн 2, али заради неквалитетниот кабел сликата беше малце матна заради композитниот влез (жуто-бело-црвено). Си порачав нов од странство, зашто кај нас не најдов таков (ПС2 С-видео).
Сега барам по комшии видео рекордер, да видам дали можам да си ги префрлам старите видео касети на компјутерот, и барам солуција за префрлање на старите аудио касети во мп3.
Картичката добива 5 од 5 од мене, едноставна е и лесна за инсталација и користење, сликата е џам и тоа....
Скринови:
Еве едно видео (34мб) што го снимив за проба, видеото беше ептен квалитетно ама зафаќаше 230мб, па го дотерав до 34 и изгуби многу од квалитет. Треба да јадам уште многу леб за видео компресија.
http://rapidshare.com/files/72958381/zz.mpg