Anonymous ја хакна безбедносната фирма Stratfor ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Anonymous ја хакна безбедносната фирма Stratfor чиj клиент е и Владата на Р. Македонија

Контроверзните хакери-активисти Anonymous украдоа стотина илјади имејлови, лозинки, кредитни картички и други податоци од американската безбедноста компанија Stratfor. Според хакерите, украдени се 200 GB податоци. Сајтот на компанијата е изгасен, и се суспендирани сите активности на серверите и имејловите на Stratfor.
Член на Anonymous тврди дека ги искористиле украдените кредитни картички за да донираат милион долари во разни донации за добротворни цели. Целта, велат хакерите, е да се прослави Божиќ. Сепак, тешко е веројатно дека тие пари ќе стигнат до добротворните организации бидејќи ќе се блокира наплатата.
Anonymous ја објави и листата на приватни клиенти на Stratfor. Бидејќи Stratfor се занимава со осетливи разузнавачки извештаи и политички, економски и војни анализи од разни земји, таа листа е доверлива. Или подобро кажано, беше доверлива. Како што може да се види од листата, на 1468-мото место, се наоѓа и македонската Влада. Во украдените податоци можат да се најдат и имиња, телефонски броеви, кредитни картички и лозинки на неколку македонски политичари.
Од Stratfor велат дека оваа листа всушност ги содржи клиентите кои купиле извештаи од компанијата, но не и листата на клиенти кои имаат посериозна соработка. Kомпанијата најави дека го пријавила случајот на властите.
„Мислам дека хакерите живеат во таков свет во кој штом еднаш се фиксираат на вас или се обидат да ве нападнат, неверојатно тешко е да се одбраните против нив.“, вели главниот за корпоративна безбедност во Stratfor, Фред Буртон за Associated Press.​
stratfor.jpg
 
Убав гест, ама се уште ми е криво што не го хакнаа FaceBook.:cuc:
Moже зукенберг или како беше частел еден “мрсен“ ручек за анонимниве да не го чепкаат :P
Инаку за сајтов, се надевам ќе има светот некоја корист од податоците кои му ги зеле, во спротивно како некој профил на фб да паднал, свако чудо три дана...
 
„Мислам дека хакерите живеат во таков свет во кој штом еднаш се фиксираат на вас или се обидат да ве нападнат, неверојатно тешко е да се одбраните против нив.“, вели главниот за корпоративна безбедност во Stratfor, Фред Буртон за Associated Press.​
Која мисла еј, безбедносна фирма ова да го каже, кај безбедносна фирма се подразбира дека треба да има таква сигурност да може брзо да се детектира напад и да може да се одговори или пријави и да се апсат прекршителите и плус податоците треба да бидат криптирани да е потребна мрежата на Сети да се декриптираат, ова изгледа дека и мали деца може да пробијат "најбезбедни" компании
 
Се што има контакт со интернет...се може да биде чачнато.....така да џабе се секакви енкрипции и сл. тракатанци.

Само прашање е кој има доволно нерви за да се рчка со поголемите и позаштитени компании.
 
Член на Anonymous тврди дека ги искористиле украдените кредитни картички за да донираат милион долари во разни донации за добротворни цели. Целта, велат хакерите, е да се прослави Божиќ.
Merry Christmass :cuc:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom