M
marsovka
Гостин
Асексуалците се борат за признавање
Студија спроведена во 1994 година покажала дека 1,05 отсто од анкетираните никогаш не почувствувале сексуална привлечност кон некој маж или жена
Британецот Енди Холанд(21)е среќно и отпуштено момче што се интересира за истите работи како и повеќето студенти, со еден исклучок - него сексуално не го привлекуваат ниту мажите ниту жените. Всушност, тој воопшто нема желба за секс, а таа појава воопшто не е необична како што првично изгледа. Првата љубов на Теса Барат, пак, била играчката „Стапица за глувци“ од серијата „Трансформерс“, се вели во написот на британскиот весник „Индепендент“. Тој ми беше првата љубов. Не знам како се вљубив во стаорец - вели таа со насмевка седната во спалната чии полици се полни со играчки од серијата „Трансформерс“.
ПРЕДРАСУДИ
Теса денес има 22 години, но се' уште не е ни блиску до тоа што повеќето би го нарекле нормална љубовна врска, таа се' уште е девица. Не можам да замислам што би ме поттикнало на секс. Не се плашам од сексот, но тоа не е нешто што сакам да го правам. Затоа веројатно живеам во светот на научната фантастика и „трансформерсите“, каде што сексот воопшто не е тема - вели таа.
Теса се нарекува себеси асексуална, но нагласува дека е многу поинаква од луѓето што одлучуваат да апстинираат од сексот од религиозни или од морални причини.
- Целибатот е избор, а асексуалноста е ориентација. Тоа не е нешто што одбирате да бидете, туку нешто со што сте се родиле - вели таа.
Не е лесно да се сфати некој што тврди дека не чувствува сексуална привлечност кон другите луѓе. За повеќето од нас сексот е она што не' придвижува, а сексуалноста информира за нашите одлуки. Концептот на асексуалност е исклучително тежок за сфаќање за некои луѓе. Тие не можат да разберат како некој може да биде човек, а да не сака секс - признава Теса.
А сфаќањето станува уште потешко кога ќе се начне темата за мастурбацијата. На многу асексуалци им е непријатно да одговараат на толку интимни прашања, но нивниот одговор најчесто е потврден. Многу асексуалци имаат сексуален порив, но различни се по тоа што нивното либидо не е поврзано со сексуалната привлечност. За нив имањето сексуален порив не значи дека треба да се сака секс.
- Се' уште чувствувам сексуална желба, но никогаш не сакам да дејствувам согласно со неа - вели Теса.Сепак тоа е толку тешко да се сфати што другите луѓе најчесто ја карактеризираат Теса како фригидна или исплашена од сексот. Ми велат дека чувствата ми се потиснати, дека сум психолошки „оштетена“, дека тоа има некаква врска со моето минато, дека сум била злоупотребувана. Луѓето постојано измислуваат нешто за мене како ова да е физичка или психичка болка - вели таа.
Проблемот е во тоа што етикетата асексуалност често е привлечно место за криење за луѓето со потисната сексуалност поради латентната хомосексуалност, стравот од секс или траума од детството. Има луѓе што се нарекуваат асексуални и кои се плашат од сексот, а кои можеби имале трауматично искуство во минатото што ги одвраќа од него. Не негирам дека таквите луѓе претставуваат извесен дел од асексуалната популација, но мислам дека има и многумина што се физиолошки поинакви и не се создадени да имаат секс - вели Теса.
НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ
Од друга страна, Холанд сигурно не може да биде „обвинет“ дека се плаши од сексот, зашто тој го пробал. Иако тинејџерските години ги минал без интерес за секс, кога имал 20 години се впуштил во пријатна врска. Тој бил љубопитен да види каков е сексот, па решил да проба мислејќи дека на тој начин ќе ги поттикне хормоните.
- Мислев дека во мене ќе процвета некоја скриена сексуалност, но тоа едноставно не се случи, па по неколку месеци врската со девојката ни заврши токму поради разликите во сексуалниот апетит - вели Холанд.Многу е необично, особено за маж, да нема никаков сексуален порив, па тој решил да провери што не е во ред со него од медицински аспект. Многу е важно асексуалецот да провери дали постои некаква скриена причина, бидејќи многу луѓе сметаат дека зад таквата ориентација стои проблем. Тоа ми беше важно за да се чувствувам посигурно во својата асексуалност - вели Холанд.
Д-р Дејвид Едвардс од Клиниката за машко здравје во Чипинг Нортон, Оксфордшир, прво сакал да провери дали е Холанд депресивен зашто таа состојба и лековите за нејзино лекување го потиснуваат либидото. Но, Холанд немал никаков психолошки проблем, а и нивото на тестостерон, машкиот секс-хормон, му бил на нормално ниво. Не најдов ништо што би можело да биде фактор или причина за неговата асексуалност. Разбирливо е и некој да има либидо, а да нема сексуален порив. Тука нема ништо необично - вели д-р Едвардс.
НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ
Студија спроведена во 1994 година покажала дека 1,05 отсто од анкетираните никогаш не почувствувале сексуална привлечност кон некој маж или жена. Всушност, уште пред 50 години пионерскиот истражувач Алфред Кинси бил свесен за асексуалноста. Тој создал скала на сексуалната ориентација на која субјектите биле рангирани од 0 (хомосексуалец) до 6 (хетеросексуалец). Но 1,5 отсто од возрасните мажи ги одбележал со Х, како субјекти што не биле ни хомосексуалци, ни хетеросексуалци, ниту нешто помеѓу. Тие едноставно не биле заинтересирани за секс. Таквите луѓе долго време останувале притаени, но со забрзувањето на сексуалната револуција тие почнале да истапуваат.
Со оглед на тоа дека притисокот да се ужива активен сексуален живот е најголем кај младите, многу од најгласните асексуалци имаат 20-на години, како Теса и Холанд. Сепак, тоа не значи дека постарите луѓе не можат да бидат асексуалци. Како што сексот несомнено станува омилена забава во светски рамки, така асексуалците се соочуваат со се' посилна борба за признавање. Дека нашето општество е нагласено сексуализирано сведочи и фактот дека прифаќаме речиси секаков вид сексуална ориентација и склоности, но незамисливо ни е како некој воопшто нема желба за секс. Повеќето луѓе сметаат дека зад таа ориентација се крие некој ментален или физички проблем, нешто што треба да се лекува. Но истиот процес го минува и хомосексуалноста последниве 100 години, па луѓето со таа ориентација сметаат дека на нивната асексуалност треба да се гледа со отворен ум.
па што мислите асексуланоста е уште една сексулана ориентација или пак болест која треба да се лекува ?
Дали сметате дека е само ова обид да се истакнат поединците во општеството?Или пак едноставно се такви и се обидуват да ги побијат стреотипите во општество каде сексот е магичниот збор