- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.983
- Поени од реакции
- 37.261
Вечер ќе го пробам да ги објавам, ако не заборавам@Zlatikevichius кога ќе биде деталната статистика за Оскарите?
Вечер ќе го пробам да ги објавам, ако не заборавам@Zlatikevichius кога ќе биде деталната статистика за Оскарите?
Indeed. За Филм сме ептен поделени само.Каква доминација на Метју
Немој да се чудиш на резултатот за 12год роб ,секаде на сите награди тоа се случува , Метју ,Џаред ,сценарио доминира ,а победува за најдобар филм 12год роб.Извинете што доцнам. Ping @Донев .
Ова се комплетните резултати од анкетата за Кајгана оскарите, зошто во Весникот беа презентирани само добитниците на награди. Вкупно прифатени гласови од 41 гласач а десетина отфрлени како невалидни.
Неанглиски филм
1. Jagten/The Hunt - 20
2. The Broken Circle Breakdown - 9
3. La Grande Bellezza/The Great Beauty - 8
4. The Missing Picture - 2
4. Omar - 2
Анимиран филм
1. Frozen - 21
2. The Croods - 11
3. Despicable Me 2 - 8
4. The Wind Rises - 1
5. Ernest and Celestine - 0
Оригинално сценарио:
1. Dallas Buyers Club - 15
2. Her - 8
2. American Hustle - 8
4. Blue Jasmine - 7
5. Nebraska - 3
Адаптирано сценарио:
1. 12 Years a Slave - 14
2. The Wolf of Wall Street - 12
3. Before Midnight - 8
4. Captain Phillips - 4
5. Philomena - 3
Споредна машка улога:
1. Џаред Лето - 23
2. Џона Хил - 7
3. Баркад Абди - 5
4. Бредли Купер - 4
5. Мајкл или Михаел Фасбендер - 2
Споредна женска улога:
1. Џенифер Лоренс - 20
2. Лупита Нионго - 12
3. Џулија Робертс - 4
4. Сели Хокинс - 3
5. Џун Сквиб - 2
Главна машка улога:
1. Метју Мекконахи - 28
2. Леонардо ди Каприо - 5
2. Кристијан Бејл - 5
4. Чиветел Еџиофор, или како и да се чита - 2
5. Брус Дерн - 1
Главна женска улога:
1. Кејт Бланшет - 18
2. Ејми Адамс - 7
2. Сандра Булок - 7
4. Џуди Денч - 4
4. Мерил Стрип - 4
Режија:
1. Алфонсо Куарон - 17
2. Мартин Скорсезе - 12
3. Стив МекКвин - 6
4. Дејвид О. Расел - 5
5. Александар Пејн - 1
Филм:
1. 12 Years a Slave - 13 (овој резултат најмногу ме изненади, зошто овде резултатот во анкетата е сосема поинаков)
2. Dallas Buyers Club - 11
3. The Wolf of Wall Street - 8 ( )
4. Gravity - 5
5. Captain Phillips - 2
6. Nebraska - 1
6. American Hustle - 1
8. Her - 0
8. Philomena - 0
Секогаш досадни филмови земаат оскари -.-Ме чуди зошто ретко кој на форумов го фаворизираше баш тој филм, и одеднаш - оп победува. Дури и во анкетата е далеку зад The Wolf of Wall Street.
Ааа, не! Белгискиот бољи. За италијанскиот комплетно се сложувам.Хант бољи од белгискиот номиниран . Само нека не земе италијанската досада од филм.
Добар е Broken Circle, ама многу играле на карта емотивност и го направиле ко редица трагедии. Иако ретроспективите малку освежуваат. Мислам дека повеќе требало да се обрне внимание на директни дијалози меѓу ликовите дека типката беше верник, а овој таков романтичен, реален и гневен. И нивните ставови повеќе со емоција беа искажани отколку со зборење, за тоа малце имам забелешка, тенденциозни беа емоциите, може и затоа не ме погоди колку што очекував, што знам.Broken Circle малку претерано е издолжел, првиот саат од филмот е феноменален, после некако напорен ми стана, мене Hunt сеуште ми е фаворит.
Главна карактеристика на европската кинематографија, особено на филмовите од француската школа во која и го сместувам BCB е осуството на непотребни дијалози. Раскажувањето (доловувањето на поентата) е преку гро-планови, приказ на реакции на емоции, слики, па дури и бои. Си ја гледала Три бои трилогијата на Кишловски (особено првиот дел: Сино)? Во споредба со неа, во BCB дури имаше и премногу дијалози.Добар е Broken Circle, ама многу играле на карта емотивност и го направиле ко редица трагедии. Иако ретроспективите малку освежуваат. Мислам дека повеќе требало да се обрне внимание на директни дијалози меѓу ликовите дека типката беше верник, а овој таков романтичен, реален и гневен. И нивните ставови повеќе со емоција беа искажани отколку со зборење, за тоа малце имам забелешка, тенденциозни беа емоциите, може и затоа не ме погоди колку што очекував, што знам.
Како спој е одличен, soundtrack-от уште го слушам, а обично не обрнувам внимание на музиката во филмови. Само малку ми сметаше пренагласеноста на трагиката и на човечкиот гнев поради неправедните несреќи што му се случуваат. Иначе 9/10 има од мене.
Да, да, јасно е тоа. И ми се допаѓа кога не мора непотребно да се филозофира и кога од изразот на ликот се чита многу повеќе од тоа што го збори. Конкретно за филмов тој момент ми беше - направивме тажен филм, мора да плачете иначе сте бесчувствителни. Некако пренагласено и тенденциозно. А можеби бидејќи читав критики пред да го гледам поинакви ми беа очекувањата.Главна карактеристика на европската кинематографија, особено на филмовите од француската школа во која и го сместувам BCB е осуството на непотребни дијалози. Раскажувањето (доловувањето на поентата) е преку гро-планови, приказ на реакции на емоции, слики, па дури и бои. Си ја гледала Три бои трилогијата на Кишловски (особено првиот дел: Сино)? Во споредба со неа, во BCB дури имаше и премногу дијалози.