62 години чека пресуда за имот на баба му

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.569
Кичевскиот специјалист по општа медицина д-р Харис Ибишоски (61) е најмладиот внук на неговата баба, за чиј имот ова семејство се бори преку суд цели 62 години. Се работи за 11 дуќани во центарот на Кичево, кои СРЈугославија им ги одзела на Ибишоски уште во 1946 година, и до денешен ден се уште не им се вратени. Предметот е на одлучување во новоформираниот Управен суд.
"Верувам дека нашиот предмет е апсолутен рекорд, ако се има предвид дека за него се водеше судски спор од 1946 до 2000 година. По 54 години влечкање по судови, во 2000 година поведов спор за враќање на имотот според Законот за денационализација. Бев барање број еден во Кичево. До ден-денешен имотот не ни е вратен, иако имаме решение од првостепената комисија за денационализација, потврдено од второстепената владина Комисија за денационализација. Тоа се 62 години барање правда. Па кое право, која правда владее во Македонија?", прашува кичевскиот лекар.
Ибишоски вели дека по овие две позитивни одлуки, јавниот правобранител поднел жалба, но поради бавното формирање на Управниот суд, конечна пресуда тој се уште не добил. Поради тоа не може да ги истера од неговите дуќани бизнисмените кои се одомаќиниле во нив, а за кои Ибишоски вели дека години наназад добро ги подмачкувале судиите и Правобранителството, за да се тегне враќањето на имотот кај вистинскиот сопственик. Еден од тие што ги работеле дуќаните бил брат на претседателот на Кривичниот совет, кој потоа станал и претседател на Основниот суд во Кичево. Тој жали, како што вели, што во малите градови управуваат семејни кланови кои неосетно се инфилтрираат во власта.
Интересно е што само за докажување дека баба му, а не дедо му, била сопственик на конфискуваниот имот од државата, Ибишоски потрошил 34 години. "Кога тогашниот систем го конфискувал имотот, никаде не се заведувало жена сопственик. Се евидентирале само сопственици мажи. Едвај докажавме дека имотот е на баба ми", вели Ибишоски.
"Кога докажавме, од сите одземени дуќани ни вратија само еден, но потоа пак ни го национализираа. Четири правосилни пресуди ни поништи тогашниот Врховен суд. Отидов дури до кабинетот на тогашниот претседател Јосип Броз Тито", раскажува Ибишоски.
Тој вели дека поранешното судство работело во интерес на државата, а не на граѓаните, но дека од осамостојувањето на Македонија е многу полошо, оти судството работи во интерес на поединци.
"Лани во април му пишав на премиерот Никола Груевски за мојот случај. Добив полуписмен одговор од кабинетот дека Врховниот суд ќе го реши многу брзо спорот, без да знае праќачот дека Управниот, а не Врховниот суд лани од јануари е надлежен за управните спорови. Некои кандидати за пратеници пред изборите дојдоа кај мене со ветување дека мојот случај ќе го постават како пратеничко прашање. Благодарам, не треба. Само Управниот суд нека има храброст и нека ја донесе одлуката што поскоро", порачува Ибишоски.

Вест
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Kako be od 1946 vodi sudski spor, ja kolku znam so zakon se nacionaliziraa i konfiskuvaa imotite i ne smeese da se zucni oti tie bea "neprijatelji naroda" na eden cekor od SS po kfalifikacija a i ne bese "zdravo" vo periodite barem vo 1946 pa skoro do raspadot da se tuzi drzavata (SFRJ)

Da nekoj povede 46ta spor za odzemeni dukjani vo togasja FNRJ ja mislam deka kje go snemase...
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Е тешко се доаѓа до правда по нашите судови освен ако сдсм не штрајкува пред нив.За имотно -правен спор ние водиме парница која трае 4 години , одржани се вкупно 16 рочишта , 5-пати се одлагања, еднаш судијата воопшто не се појави, а во суштина уште не сме ни почнале.Ако имате среќа растојание од рочиште до рочиште е 3 месеци, а ако не 6 месеци.Пред секоја судница има распоред на судења за тековниот ден со ознака за број на предмет и датум кога е започнат и јас лично имам видено предмет нерешен од 1996.На овој форум мислам дека прочитав како некој за реформирање на судството предложи да расцветаат неколку бандери со судии а мене ми се чини дека огнофрлач ќе биде многу поефикасен.Каков бенчмарк какви глупости.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.196
Поени од реакции
21.347
Го знам лекарот и навистина ми е жал ко ќе читам вакви вести. Морам да кажам дека судството во Кичево е катастрофа. Кој поќе плаќа добива право или кој има појјаки врски. Ако имаш судски спор во Кичево прво што правиш е да бараш врски. Вероватно и во други градови во Македонија е вака но во Кичево е толку очигледно, а ништо не се менува.

Има доста спорови кој траат со години ама тоа ти е заради кооперацијата помеѓу судии и адвокати. Што поќе трајт еден спор што поќе пари земаат. Жртвите ко секојпат се граѓаните кој едвај можат да ги платат адвокатските и судските трошоци.

Иначе за горниот случај не ми е ништо чудно, штом тука има фамилиарни врски. Вероватно никојпат нема да си ги поврати дуќаните, иако знам доста луѓе кој веќе добиле оштета и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom