Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ја отворам темава бидејќи никаде не најдов анкета и можност за да се види реалното расположение спрема проектотв скопје 2014

Луѓе што мислите го одобрувате или не .
 
T

Tetro

Гостин
Е сега, да или не.
Затоа во другата тема има дискусија, за тие кои "одобруваат" (ако веќе така е поставено прашањето-оти никој не го прашал народот) или "делумно одобруваат" да се доискажат. Останатото што го мислам да го кажам ќе побуди емоции кај некои кои лепат етикети на големо....
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
jas go odobruvam :) ... sepak treba da ima show vo ovoj zivot ;) ....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Пак го тупите со темава? Не мислите дека претерувате?
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Е сега, да или не.
Затоа во другата тема има дискусија, за тие кои "одобруваат" (ако веќе така е поставено прашањето-оти никој не го прашал народот) или "делумно одобруваат" да се доискажат. Останатото што го мислам да го кажам ќе побуди емоции кај некои кои лепат етикети на големо....
e па нема . Ако не не си гласаш. На крај и краева проектотов е во крајна фаза на изведба а не на проектантска маса за да дебатираме како да се подобри
Затоа и две прости одговори се заедно со неутрално прашање. А тие што лепат етикети знаеме чиви кучки се и од чија рака се ранат или колку често мора да ги гледаат скулптурите и сите останати глупости. Нив ги игнорирам.

--- надополнето ---

Пак го тупите со темава? Не мислите дека претерувате?
да ставеа анкета на други теми немаше да отворам тема
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Дали целта на темава е да се открие кој во кое обоено племе припаѓа или грешам? Ок, не е ни битно тоа , не ме ни интересира мене лично!

Него , проектов , делумно ми се допаѓа , дел е добар , дел е претеризам! Дали тоа значи дека не го одобрувам , појма немам!

Интересно е шо доста плукаа по проектов , влада , споменици и etc. Но доволна беше една европска репортажа и една позитивна критика за сите да сменат мислење од лошо во добро! Одеднаш све е во ред , и проект и масовно градење на еден куп непотребни глупости и непокриени дупки по патишта , населби скрос заборавени.

Делот кој не ми се допаѓа е изградбата на триумфална порта и остали copy-paste архитектрури! Во ред дека имаше македонци пребегани кои учествувале во ренесансниот период....

На крај , ептем го тупиме ние овде на форум со проектов и ептем посветуваме внимание! Па како требало , како не требало , зошто да , зошто не , исправно , неисправно а сепак ќе си прават како сакаат и што сакаат без разлика дали ние сме гласале во некоја анкета со ДА или НЕ.

Ако му текне може ќе си доизградат уште некое проектче , или нагло ќе си престанат со градење , а ние и понатаму ќе си дискутираме на форум!
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Дали целта на темава е да се открие кој во кое обоено племе припаѓа или грешам? !
Грешиш- Анкетата е анонимна со причина. Да се види барем колку сме за или против проектов со оглед дека никогаш не стигна ни на несудениот референдум .
Плус се дебатира бидејќи чини бајаги пари, не го прашале народот воопшто и имаме поитни проблеми отколку “разубавување“ на градот
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Пошто рече немало опција делумно се согласувам и дека морало со да / не,нема да гласам на анкетава.Моето мислење е 50/50 отприлика.
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Грешиш- Анкетата е анонимна со причина. Да се види барем колку сме за или против проектов со оглед дека никогаш не стигна ни на несудениот референдум .
Плус се дебатира бидејќи чини бајаги пари, не го прашале народот воопшто и имаме поитни проблеми отколку “разубавување“ на градот
Јасно ми е мене све тоа како оди и што се прави!
Си имаат зацртано дека ќе се гради и ќе се гради , не можеш да очекуваш дека ќе дојдат дома и ќе те прашаат шо мислење имаш ти за тоа, си прават што сакаат!

Зборот ми е, ние тука ништо не можеме да направиме, ни да спречиме ни да се побуниме , и тоа мислам дека на секој му е јасно! Можеме тука ние со денови да дискутираме , да хејтаме или поддржуваме! Секоја нова тема или дискусија е залудна и резултира само со несогласувања и безпотребна расправија!

А за тоа колку вреди цел проект, верувај ни јас ќе дознаам , ни ти , ниту пак тие! Едино ќе знаат колку секој од нив искористил прилика и украл!
Толку поприоритетно му е да пикнат пари вџеб отколку да пресметаат колку чини цел проект!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.895
Ја отворам темава бидејќи никаде не најдов анкета и можност за да се види реалното расположение спрема проектотв скопје 2014

Луѓе што мислите го одобрувате или не .
Касниш,оваа тема нашироко ја дебатиравме пред година и пол,ама ти тогаш слабо беше активен..
Него во 2014 година отвори повторно ваква тема,кога ќе се заврши проектов :baeh:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Касниш,оваа тема нашироко ја дебатиравме пред година и пол,ама ти тогаш слабо беше активен..
Него во 2014 година отвори повторно ваква тема,кога ќе се заврши проектов :baeh:
Премногу е очаен, аман остави го ;) Тој и во 2020 сеуште ќе се труди да продава демагогии
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Најголем проект од 1945 навака.
Го одобрувам 90 %.Не ми се допаѓа што се претера со спомениците и димензиите на споменикот на Александар Македонски.
Ама да кажеш дека проектов е забеган како што го нарекува една опозициона партија треба да си кретен.
На почетокот навистина имаше повеќе противници на проектов отколку подржувачи,ама како почнуваат да се гледаат градбите проектов добива се повеќе на подршка.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Го одобрувам проектот и е многу значаен за Скопје
 
T

Tetro

Гостин
Го одобрувам проектот и е многу значаен за Скопје
И од вакви коментари немаме никаква ќар. Го одобруваш дека е многу значаен.

На кој начин е многу значаен проектов?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.895
И од вакви коментари немаме никаква ќар. Го одобруваш дека е многу значаен.

На кој начин е многу значаен проектов?
Сега не го малтретирај :) Си кажа кратко и јасно човекот.. На гласање ти кога идеш, поред тоа што заокружуваш за кого ќе гласаш,образложуваш ли зашто гласаш за него. Или у матично кога се венчаш поред судбоносното ЗА , на матичарот треба ли да му образложиш..? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom