Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Фразите од типот на "Сува крпа на дно на море" кои се користат на шега би можеле да изгубат од саркастичното значење. Колку и да звучи контрадикторно како поим, научниците успеаа да создадат сува вода.
Се работи за соединение која личи на шеќер во прав, а би можело да претставува револуција во начинот на користење на хемикалиите. Според научниците од Универзитетот во Ливерпул кои ја создале сувата вода, секоја честичка содржи капка вода обвиена во слој песоклив силициум, а 95% од сувата вода е всушност "влажна вода". Хеј, и нас ни звучи малку шашаво, но ние не сме научници.
"Не постои ништо слично на ова, па се надеваме дека во иднина ќе можеме да видиме бранови од сува вода", изјави научникот Бен Картер за Дејли Телеграф. Според него, сувата вода може да служи како катализатор за забрзување на реакциите помеѓу водородот и малеинската киселина, што резултира со создавање на сукцинска киселина која е клучна суровина во создавањето на лекови, а е честа состојка и на прехрамбените додатоци и останатите потрошувачки производи.
Научниците исто така веруваат и дека наскоро ќе бидат во можност да прават мешавини од две или повеќе неспоиви соединенија, како на пример нафтата и водата, со што транспортот и складирањето на потенцијално опасните материи би биле побезбедни.
Кајгана