38-ма Светска семакедонска средба во Трново

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109


Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон", на 2 август на Илинден, во подпелистерското Трново, битолско, ќе се одржи Триесет и осмата традиционална Светска Македонска Средба Трново 2009.

Очекуваме масовна посета на Македонците од сите делови на Македонија и иселениците од Македонија.



Истовремено, очекуваме присутните да ги поздрави претседателот на Владата на Република Македонија господинот Никола Груевски. На средбата поканети се речиси целиот дипломатски кор, пратеници, министри, градоначалници и советници.

Присутните ќе ги поздрават и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот „Македон" Ташко Јованов и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров. Средбата ќе ја благослови митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски Неговото Високопреосвештенство г. Петар.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Рудина" од Битола, КУД „Гоце Делчев" од Битола, КУД „Распеана гајда" од Сандански, КУД „Пирамида" од Охрид, градскиот хор од Прилеп, Сузана Спасовска, Крум Спасевски и Ристо Краповски.

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Трново од 8 часот ќе се одржи богослужба на која ќе чиноначалствува митрополитот г. Петар, од 9.30 часот во истата црква ќе се служи панихида за сите упокоени, загинати и убиени знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, а програмата започнува од 10.30 часот.

Македонското прашање е интегрално и универзално, а не парцијално и сепаратно, и затоа најголемиот број македонски здруженија обединети во Сојузот на Македонците од Егејот „Македон" масовно ќе учествуваат на Илинденската Светска Македонска Средба во Трново. На тој начин ќе ги вратиме традициите кога пред 38 години до 1980 година во Трново се одржуваше една и единствена Македонска средба. Не сме ни Егејци, ни Пиринци, ни Вардарци. Ние сме Македонци и затоа го поддржуваме одржувањето на една единствена Светска Семакедонска централна прослава за најголемиот македонски празник Илинден. Затоа и годинава на 2 август ќе бидеме во Трново.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Зошто двапати се собират , срамота е и по оваа прашање да бидеме поделени...
И колку семакедонски средби се потребни во рок од две недели...
Еднаш за секогаш треба да сфатиме дека ни е потребно еднинство , а не поделба во милион мали групации...
Или јас нешто грешка сум разбрал...
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Да , топој луѓе е во Трново секоја година во манастиро,врие.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
26.07.2009, 20:39
ДОСТА Е СО ПОДЕЛБИ НА БАЛКАНОТ

ТРАДИЦИОНАЛНАТА СРЕДБА ВО ТРНОВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРОТЕРАНИ ОД ГРЦИЈА

Во потпелистерското село Трново, по 29-ти пат се одржа традиционалната средба на Македонците протерани од Грција, која годинава беше посветена на 60-годишнината од граѓанската војна во таа држава, како и на 60-годишнината од смртта на народниот херој Мирка Гинова.



Учесниците ги поздрави министерот за одбрана Зоран Коњановски, а во името на домаќинот, говореше претседателот на Координативната конференција на Македонците од Егејскиот дел, Методија Тошевски.

За посебно значајна ја истакна донесената Резолуција од страна на Собранието на Република Македонија која е посветена токму на проблемите на Егејците.

Sitel


На ова мислев ама изгледа едни со други си немат врска....
Како и да е многу поважно е да се направи еден собир и да биде масовен отколку многу мали ...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
На ова мислев ама изгледа едни со други си немат врска....
Како и да е многу поважно е да се направи еден собир и да биде масовен отколку многу мали ...
Во потполност се слагам со тебе-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom