Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Инвестицискиот балон издиша со две фабрики

Само две фабрики или две директни странски гринфилд-инвестиции произлегоа од големиот „инвестициски бум“ на Владата. Годинава е јасно дека инвестиции ќе нема, освен ако и натаму власта не продолжи да се фали со сумата која влегува во пресметките на СДИ, а всушност станува збор за кредити или реинвестирана добивка на фирмите кои веќе работат во земјава.

Македонија со СДИ од 89,3 милиони евра, за првите четири месеци од годинава и проекции дека тие годинава ќе достигнат вкупно 170 милиони евра, и натаму останува на дното во споредба со земјите од регионот.

Се поставува прашањето дали од големите најави за влез на странски инвестиции на оваа Влада и многу потпишани меморандуми ќе ни останат само пенкалата?

Од најавите за големи директни странски инвеститори, кои почнаа со изградба на фабрики, можат да се набројат само две - „Џонсон контролс“ и „Сведмилк“. За едната државата дава огромни субвенции, другата е веќе минато. Шведската инвестиција во млекарницата „Сведмилк“, која во 2007 година беше дел од најавениот инвестициски бум, скандалозно пропадна, повлекувајќи со себе над 36 милиони евра долг кон банките и кон фармерите.

И за другата, односно првата значајна инвестиција во Македонија - „Џонсон Контролс“, пред неколку месеци почнаа да излегуваат информации, за кои јавноста, иако имала право да знае, сепак, власта ги премолчи. Имено, Владата според договорот со оваа фирма во периодот од 2007 до 2011 година на Американците им исплаќа 4 милиони евра во форма на грантови за изградба на објектот и за тренинг на вработените, како и да плаќа по 50 отсто од бруто-платите на вработените во период од две години, почнувајќи од октомври 2007 година. Значи, ова ќе трае до октомври годинава.

Министерот Веле Самак тогаш се правдаше дека директна парична државна помош досега има добиено само „Џонсон контролс“, додека за другите инвеститори во зоната се предвидува индиректна помош, односно даночни и царински ослободувања, како и израмнување на земјиштето во зоната.

Власта и натаму верува дека „инвестицискиот бум“ еден ден ќе ни се случи. Од големите лобирања и рекламни кампањи, засега уште за „Џонсон Мети“, иако со многу одложувања, останува ветувањето дека со производство ќе стартува од септември.

Во меѓувреме, по замрзнувањето на инвестициите на француската „Монтипе“, италијанската „Орланди“, хрватски „Агрокор“, словенечка „Искра“, дури и сигурната инвестиција на турски ТАВ се одложи по нивно барање за втората половина од годинава. Но, за оваа инвестиција ТАВ бара 125 милиони евра заем од ЕБРД, кој треба да биде одобрен во октомври.

Странските фирми секојдневно ги менуваат плановите, но дали тоа важи само за Македонија. Тоа дека земјава ја губи конкурентноста за привлекување странски инвестиции во однос на земјите од регионот покажа неодамна и истражувањето што го спроведе Советот на странски инвеститори со ГФК. Според него, дури 48 отсто од испитаниците мислат дека соседните земји нудат подобри можности за инвестирање.

Албанија, Србија и Бугарија и натаму се поинтересни за инвеститорите. Овие соседни земји, и покрај кризата, имаат високи прогнози за влез на СДИ за 2009 година. Бугарија очекува инвестиции од над 3 милијарди евра, што е двојно помалку од лани. Србија предвидува влез на над 2 милијарди инвестиции, кои годинава започнаа да се реализираат со влезот на руски „Гаспром“ во српската нафтена компанија НИС, инвестиција во вредност од 400 милиони евра.

И Албанија има големи очекувања, поради довршување на приватизацијата. Годишно во оваа земја влегуваат во просек по 600 милиони евра СДИ, што како проекција важи и за 2009 година. Во Хрватска во првите три месеци според нивната централна банка се влезени 400 милиони евра, лани, пак, на инвестициското конто имаат 3,3 милијарди евра. Само за споредба, во Македонија во првите три месеци беа влезени 50 милиони евра инвестиции, или 89,3 милиони евра заклучно со април. Според последните проекции на НБМ, годинава вкупно во земјава може да се очекуваат околу 173 милиони евра странски инвестиции. Поголемиот дел од нив, според резултатите за првите четири месеци, ќе отпаднат на кредити.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=796C2838B74B83439D10D76F9016719D
 
R

RAYTHEON23

Гостин
интересно...стварно!

па рамни даноци реклами мудрости....

односно ние директно ја побивме економијата бидејки навистина чекорите кои ги презема владата еве намалување данок,па слободни зони требаше да вроди со плод,а за жал тоа не се случи...тој шпто мисли дека 500вработени се локомотива за економија во заблуда е:toe:

некако работите мируваат а македонската економија за жал е полоша и од договорена економија...па имаме елита си има фирми маме е**т и си терат:toe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Pemierot veti 8 milijardi evra za 4 godini bas da vidime sto ke bidne.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Pemierot veti 8 milijardi evra za 4 godini bas da vidime sto ke bidne.
Не знам кој е толку глуп да поверува во овие зборови :tapp::tapp: Иначе разочарувачки се резултатите во економијата.Сфаќам кризи рецесии ова она во цел свет али сепак ни доза на надеж не дава ништо во оваа држава.Сведмилк отиде под стечај.Оваа другата фирма што ке вработи само 100 вработени мислам друго се е катастрофа.Дефинитивно се очекуваше повеќе :toe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Ne znam koj e glup ama ocigledno ima ogromna podrska.Ne slusnav nekoi kritiki za taa izjava.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Ne znam koj e glup ama ocigledno ima ogromna podrska.Ne slusnav nekoi kritiki za taa izjava.
Која подршка жити се...Збориме за 8 милијарди евра за 4 години тоа се во секоја година по 2 милијарди евра.Тоа други држави што се членки на НАТО и ЕУ не можат да го направат камоли ние.Има подршка да од партиски војници али ај не сакам да влегувам во политика да се замарам.Тоа кај нас не се случувало и во најдобрите години ако некад ги имало а не сега во овие кризни и економски тешки години.Дај боже да грешам.Највеќе ке се радувам да е обратно да има инвестиции али тешко дека до тоа ке дојде...барем не засега.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Ma ni jas ne veruvam u taa prikazna nego onaka ja spomnav. Citam deka ovaa godina ima 90 milioni ama kakvi investicii, majkite firmi od svetot si pustaat pari tuka na svoite deca.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
абе законите на физиката се мењат ли.....:nesvest::nesvest:
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Странските фирми секојдневно ги менуваат плановите, но дали тоа важи само за Македонија. Тоа дека земјава ја губи конкурентноста за привлекување странски инвестиции во однос на земјите од регионот покажа неодамна и истражувањето што го спроведе Советот на странски инвеститори со ГФК. Според него, дури 48 отсто од испитаниците мислат дека соседните земји нудат подобри можности за инвестирање.

Албанија, Србија и Бугарија и натаму се поинтересни за инвеститорите. Овие соседни земји, и покрај кризата, имаат високи прогнози за влез на СДИ за 2009 година. Бугарија очекува инвестиции од над 3 милијарди евра, што е двојно помалку од лани. Србија предвидува влез на над 2 милијарди инвестиции, кои годинава започнаа да се реализираат со влезот на руски „Гаспром“ во српската нафтена компанија НИС, инвестиција во вредност од 400 милиони евра.

И Албанија има големи очекувања, поради довршување на приватизацијата. Годишно во оваа земја влегуваат во просек по 600 милиони евра СДИ, што како проекција важи и за 2009 година. Во Хрватска во првите три месеци според нивната централна банка се влезени 400 милиони евра, лани, пак, на инвестициското конто имаат 3,3 милијарди евра. Само за споредба, во Македонија во првите три месеци беа влезени 50 милиони евра инвестиции, или 89,3 милиони евра заклучно со април. Според последните проекции на НБМ, годинава вкупно во земјава може да се очекуваат околу 173 милиони евра странски инвестиции. Поголемиот дел од нив, според резултатите за првите четири месеци, ќе отпаднат на кредити.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=796C2838B74B83439D10D76F9016719D
Ова е најбитниот дел...тоа што во Србија општествените претпријатија кои веќе постојат ги продаваат на Берза по релативно реални пазарни вредности никој не ни е крив.

Кај нас ваквата приватизација во времето на папата, ја завршија со се на се 30 милиони долари, за 90% од Македонската економија вредна реално над 10-15 милјарди долари. Затоа и ураганот Густав ја отвори Берзата 97-98...за све да отиде на тупан за бам-бадава.

А за Српската нафтена индустрија и смешните 400 милиони веќе доволно говореа во тамошната јавност.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554

Ова е болната вистина. Многу ефтино се продадовме.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Ова е болната вистина. Многу ефтино се продадовме.
Трагедијата е во тоа што не се ни продадовме, туку комунистичките директори со уцени на работниците им ги ,,изнакупија,, акциите, при недостаток на Берза на капиталот (нешто што е формирано во Љубљана 89, кај нас 98!).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Но ако се вратиме на инвестицкискиот бум...
Власта и натаму верува дека „инвестицискиот бум“ еден ден ќе ни се случи.
Добро да верува, но што нас не тера да веруваме :toe:
Нит бил некој инвестициски, ни е нит ќе биде. Чест кон исклучоци фирми во кои влегле странци и навистина инвестирале и ги почитуваат законите, се друго е човек фирма или начин на влечење средства, а не инвестиции.

Додека сами граѓаните не засукаат ракави и оние средства кои се пумпаат од продуктивните дејности не ги вратат назад (а за овие 20 години реално големи пари се испумпани од стопанството), се до тогаш само ќе ракоплескаме на бумови, прва лопата и сечење ленти. Дум, дум.

Не верувај на странец дури и кога поклон ти носи.

Некои прашања за овие "странски" инвестиции ме мачат, но за тоа потоа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Дури и приватен стан кога шиткаш па се трудиш да го „поднашминкаш“, па ќе го искречиш, ќе купиш фикус да ги залажеш...
Нашиве фикуси, без минимум деловно-интелектуален капацитет изгледа рачунаат да најдат некој ептен мороиден за да плати за нешто за кое „евентуално ќе добијат хартии“, евентуално ќе имаат пат за да стасаат до таму, и да, да не заборавам: сигурно ќе имаат можност за АДСЛ се друго...
Инаку, странските инвестициски фондов наменети за Балкан посебно за инфраструктура, не се реализираат бидејќи не сакаат да работат со македонски фирми. Не верувале во нашата професионалност!?!?! (изолирани случаеви оставиле таков аманет)
Како и да е: добар преговарач, знае да продаде тоа што го има. А ние имаме многу да понудиме! Во оваа земја уште има места каде трчаат диви коњи! Не можеме туризам да развиеме? Не не бива!
Менаџер кој што не размислува како да заработи пари за просперитет туку умот му е џебот да му е полн со пари за себе во суштина е прилично примитивно.
Зарем нема некој со доблест, амбиција и нормално капацитет да биде запишан во аналите како човек кој направил нешто за економски развој на земјата?
Јас сум поборник на законот со кој е регулирана посредничка провизија; зошто да не?
Регуларно нека зимаат бонус од склучени зделки, па сите имаме бонуси за големи договори. Само ни треба некој што ќе има елементарен „материјал“ за менаџирање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Јас сум поборник на законот со кој е регулирана посредничка провизија; зошто да не?
Регуларно нека зимаат бонус од склучени зделки
Тоа и го има во западните системи, регуларно.

Како и да е: добар преговарач, знае да продаде тоа што го има. А ние имаме многу да понудиме! Во оваа земја уште има места каде трчаат диви коњи! Не можеме туризам да развиеме? Не не бива!
Знаел (минато ептен свршено), ама...

како беше со дувањето и на матеницата.
Кога 100 коњи се мирни, а само еден ќе те клоцне, ќе бегаш од штала на километар.
Кога од 100 наши претставници еден ќе ги зезне странциве (со тендерите, проектите и уште 1000 врази), нема шанси некој (нормален) да дојде.

Не верувале во нашата професионалност!?!?! (изолирани случаеви оставиле таков аманет)
Детс ит, тоа погоре. Една будала ќе посрамоти 2 милиони други. Некој ми замерува дека многу се осврнувам кон она порано, но ако темелот го ставам без хидроизолација, куќата има голема опасност цела да се сруши. Од тоа темно минато уште долго ќе трпиме, сакале или не.
 
Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
ЛАЈК ИТ :pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom