31 Мај-Денеска се одбележува Светски ден за борба против

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Денеска се одбележува Светски ден за борба против пушењето
31 мај 2010

Скопје
По повод Светскиот ден за борба против пушењето - 31 мај, кој оваа година се одбележува под мотото: “Жените се голем потенцијален пазар за тутунската индустрија”, денеска Светска здравствена организација (СЗО) пред медиумите ќе ги презентира најновите истражувања во борбата против пушењето.

Со овогодишната тема, СЗО, има за цел да го привлече глобалното внимание кон епидемијата на користење на тутун и штетните, односно смртоносните ефекти кои произлегуваат од злоупотребата на тутунот особено кај жените и младите девојки.

Ова е можност да се потенцираат ризиците по здравјето поврзани со употребата на тутун и да се повикаат надлежните институции за креирање на ефективна политика за намалување на употребата на тутунот, велат од канцеларијата на СЗО во земјава.

Истовремено, со одбележувањето на денот за борба против злоупотребата на тутун се искажува посветеноста кон спроведување на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот.
Извор

Денес е ден каде што сите оние кои што пушат, можат да се обидат да не палат. Посебно жените.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Знаеме дека е светски ден против пушењето...али незнам како да ги оставам цигарите више еднаш...:toe:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Знаеме дека е светски ден против пушењето...али незнам како да ги оставам цигарите више еднаш...:toe:
Со цврста воља и упорност

А денес е идеален ден да пробаш
 
T

Tetro

Гостин
денес не пушам цел ден, па ќе видиме за утре. :vozbud:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Спонтано да не запалам цел ден цигара, без да осетам океј ми се случува мноооогу често.
Али вака планирано самата помисла ме убива, кафето како ке го пијам :) Кога ке излезам шо ке правам :)
Болни сме у умооооот. Знаеме за последици и пак се труеме, али ете тое.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
10 проценти пушачи се помлади од 15 години

Инаку, дел од граѓаните велат дека законот им пречи и влијаел да намалат со пушењето. Свесни се дека станува збор за лоша навика, но тешко се откажуваат. Светската здравствена организација акцентот на годинешниот ден за борба против пушењето го става на смртоносните ефекти кои произлегуваат од злоупотребата на тутунот, особено кај жените и младите девојки. Оваа лоша навика предизвикува повеќе кардиоваскуларни болести од кои страдаат и пасивните пушачи. Пулмологот Деска Димитровска објаснува дека речиси сите пациенти, кои се жалат на тегоби на респираторните системи доцна доаѓаат на прегледи. Во такви случаи, според нејзе, лекарите можат да сторат малку за да им помогнат. Инаку, според податоците, околу 10% од пушачите се помлади од 15 години.

Повеќе...

Жените повеќе пушат од мажите
Рекламирањето на цигарите најчесто се поврзани со женската убавина, луксус, зголемување на моќта.

Со ваквите реклами се зголемува бројот на пушачи жени од помладите генерации.

Од Светската здравствена организација апелираат владите да издадат целосна забрана за рекламирање на тутунот.

„Цигарите статистички покажале дека најмногу влијаат на појавата на рак“, вели др.Моме Спасовски.

По повод светскиот ден против пушење направени се истражувања спроведени кај студенти по медицински науки се утврдило дека жените се постраствени пушачи од мажите.

Најчесто производството на тенки цигари за жени со називи дека се послаби од другите цигари е причина да бидат поголеми пушачи од мажите, објаснуваат од седиштето на светската здравствена организација во Скопје.
Извор
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Спонтано да не запалам цел ден цигара, без да осетам океј ми се случува мноооогу често.
Али вака планирано самата помисла ме убива, кафето како ке го пијам :) Кога ке излезам шо ке правам :)
Болни сме у умооооот. Знаеме за последици и пак се труеме, али ете тое.
Одлично кажано :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Светски ден за борба против пушењето.... интересно звучи, само ова предизвикува друга последица. Пушете шо е можно повеќе, за да се уништат цигарите.
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Море тоа пушењето не е добро и мене многу ме нервира не затоа што тие пушат што сака кој сака нека си прави ама мене ме нервира тоа чадот од цигарата ужасно ме иритира и кивам а највеќе мрзам кога некој пуши во мала и тесна просториа од оклолу 6 метри квадратни како на пример купатило после тоа кога ке влезам да завршам работа се угушувам од таа миризба .
Џиш абе од каде господ ти даде на ттебе толку памет да се испушат толку цигари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom