Од каде тоа дека има масло во тестенините? Мислиш на можни трагови од масло или навистина како ставка во подговотката има масло? Ако мислиш на трагови од растително или животинско масло тогаш таа веројатност ја имаш кај безмалку 100% полупроизводи (вклучувајќи ги и супите).
Ако веќе форсираш без масло тогаш строго само зеленчук и овошје на милион начини - печени, варени, печени, варени, печени, варени Х милион
Едит: кечап не се спрема со масло, така да стои како опција за „прихрана“
Скоро сите тестенини кои се продаваат кај нас содржат масло, без масло има само дома ако си ги правиш. Баш пред некој ден не знам во кој супер маркет утепав 2 саати во делот за тестенини.
Не можам да го проверувам сега кечапот за да напишам состојки, оти ако отворам фрижидер ќе се заборавам.
Кај нас скоро во се` има масло, не зборувам за остатоци.
Драга Леандра, ако некој на овој свет не можел да замисли оброк без сирење, кашкавал, кисело млеко, јогурт тоа бев јас, ама откако почнав да постам намалив ептен. Претпоставувам дека ова ти се први целосни пости па затоа ти е потешко. За мојот прв пост, јас 5 недели јадев исто! За доручек јадев печурки пржени, за ручек пеурки пржени со патлиџан, за вечера печурки пржени со патлиџан и краставица,(краставицата и патлиџанот ми беа како превкусен додаток
) а за оние 2 недели кога се пости без масло јадев мармалад. Сега веќе сум навикната и ми е многу лесно. Сфаќам низ што минуваш кога е време за јадење, ама ќе се навикнеш.
Јас вчера за ручек имав ориз со спанаќ и да чудно ми е без кисело млеко или јогурт, ама не мислам на тоа. Не мисли што имаш ставено на маса, мисли да се најадеш и да станеш побрзо.
Не јади цело време исто, менувај. Ако за ручек си јадека компир за вечера јади ориз.
Можеш да си направиш домашен мармалад, ем тазе ќе ти биде, ем повкусно е. Земи сливи, извади им ги семките, стави шеќер испечи го и фрли се на јадење.
Или слатко од мешано овошје, кило портокал, кило јаболка, кило банани, малку лимон, вода и шеќер. Ова го вариш додека да се згусне. После можеш како десерт да го јадеш, ем различни вкусови има, ем повеќе денови можеш да го јадеш.Мислам дека имам рецепт за посна торта без масло, ама не сум сигурна.
Цвекло имаш за јадење, а цвеклото е многу убаво со варен ориз. Значи ова може да ти биде еден оброк.
Посни домашни лепчиња со мармалад внатре или празни.
Од сето ова што го напишав сфатив дека мене овој пост мармаладот ми е главно јадење. :nesvest:
--- надополнето ---
Боже... уште ова го немав видено!!! Ова е совршено објаснување.