- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Нема решение за автомобилите со бугарски регистерски таблички
Сузана Тасева Коментари (0)
22.01.2009 21:22 По една година откако им беа привремено одземени, автомобилите со бугарски регистарски таблички се уште не им се вратени на сопствениците.
Тие се паркирани во кругот на полициската станица во Ново Село, а сопствениците се гневни и револтирани затоа што надлежните се уште не им одговориле на барањата дали и кога ќе бидат вратени одземените автомобили.
„На нашето обраќање до Министерството за внатрешни работи не упатија до Комисијата за овие прекршоци до Царинската управа, кои на нашите писмени и телефонски контактирања нема дадено никаков одговор“, вели Васе Пандев, еден од сопствениците на одземените автомобили.
Од Царината велат дека одземените возила се под царински надзор се додека не заврши постапката, дури тогаш ќе се знаело дали и кога ќе бидат вратени.
Во јануари лани беа одземени околу 200 возила управувани со полномошно издадено во Бугарија, што било спротивно на царинските прописи во Македонија.
Во меѓувреме, во струмичко се зголемува бројот на луѓето кои поднесуваат барања за бугарска лична карта и пасош, бидејќи со нив можат без проблеми да управуваат евтини половни автомобили увезени од Бугарија.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=103402
Искрено неможам да разберам „КОЈ СЕ ШТИТИ„ со несоодветните закони за увоз на стари возила...
Од авион се гледа колку државата губи со регистрација на возилата во Бугарија...
Одзимање на овие возила е голема грешка, потребно е менување и прилагодување на законите со актуелната финансиска моќ ма Македонските граѓани...