22-ро традиционално искачување на КОРАБ

Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
По повод Денот на осамостојувањето на Република Македонија, 8-ми Септември, Планинарскиот клуб Кораб и оваа година, како организатор, со задоволство Ве поканува да учествувате во, 22-тo по ред, традиционална меѓународна планинарска акција ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ. Акцијата ќе се реализира на 08 септември 2013 год. (недела).
Како и предходните години, и оваа година ПК Кораб, за сите учесници, обезбедува автобуски превоз Скопје-Кораб- Скопје. Aвтобусите ќе поаѓаат од Железничка станица Скопје. Поаѓањето на автобусите е на 08.09.2009 во 05:00h наутро.
Цената за превоз во двата правци, вкупно, изнесува 550 ден (9 EUR). Билетите можат да се набават во холот на дом на АРМ од понеделник 02. до петок 06. 09, 2013 од 18:00 до 21:00 часот.

ПРОГРАМА:

08.09 (недела)
- 05:00h поаѓање на автобусите, од посочените локации во Скопје кон Кораб
- 08:30h време предвидено да пристигнеме на Кораб
- 09:00h означување на старт на искачувањето од пред караула Попеда (поранешна Штировица)
- 15:00h – “затворање” на врвот за искачување и враќање на учеснициите кон караула Победа, доделување на Признанија и Благодарници и враќање кон автобусите. Испраќање на учесниците
- 19:00h поаѓање на последниот автобус

Патеката на искачувањето до Голем Кораб (2754 мнв) е со должина 18.160 m во двете насоки. Истата е маркирана и обезбедувана од водачите на ПК Кораб, а на самата патека ќе има 3 пункта за помош и превенција. Стартната позиција е на височина од 1280 метри надморска височина.

Напомени:
- Бидејќи враќањето на автобусите ќе биде по редослед на полнење, во автобусот со кој ќе доаѓате да не се оставаат никакви предмети, храна, облека и слично...
- Потребна е опрема за есенски услови и високогорско планинарње
- Движењето е во строга погранична зона, се молат сите учесници да не се одвојуваат од колоната (маркираната патека)
- Се молат сите учесници да не оставаат отпадоци во природата, односно отпадоците да ги вратат до првите контејнери. Да го оставиме Кораб чист, природен, девствен,онаков каков што не примил, величенствен и прекрасен!
- Секој учесник сам одговара за своите психофизички можности, здравствена состојба и безбедност.

ПК Кораб се оградува од одговорност за недисциплини учесници и нема да одговара за можните последици.

За учесниците кои ќе сакаат да останат повеќе денови во Скопје или некое друго место во Македонија, ПК Кораб ќе се потруди да им обезбеди сместување за тие денови.

Телефони за контакт: Љубо 070/330-679, Ване 076/427-062, Симон 075/410-182,

e-mail: contact@korab.org.mk

ПК КОРАБ

Претседател
Љубомир Котевски


https://www.facebook.com/events/624014630964735/



Од ланското искачување импресии, искуства, совети ...http://forum.kajgana.com/threads/21-во-традиционално-искачување-“Голем-Кораб-2012“.63217/

Мене трета година ќе ми биде како ќе се искачувам, доколку имате слободно време, малце кондиција и желба не се мислете, преубаво место, ќе уживате.
Еден совет од мене, доколку имате можност обавезно да одите со сопствен превоз, бидејќи со автобусите е огромно мрцварење, последните 15км пред се земјен пат, дупки и прашина, не може да се диши. Затоа со сопствен превоз тргнете малце порано од автобусите, да не заглавите во колона со нив.
 
П

Паган-др

Гостин
Бев лани, одлично искуство.

Годинава не знам, ако се поклопат некои работи, зошто да не. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom